Eве ги предавниците, се јавија!

Член од
27 ноември 2005
Мислења
648
Поени од реакции
7

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Тоа е вистината, ако тебе те боли тоа значи дека не си словен, ако не си словен тогаш си дојденец турко-монголец или слично.
А бе уште поодамна знам дека не си арен,ама сега си со тапија.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Што латас бе пати си запнал, латас ова латас она, ти смета оти си кажува чоеко како што е????
Ако ти смета гледај други програми како на пример ПИНК, НОВА вие комуњарите се палите на срби
Nacional, не ти замерувам на тоа што го кажа...Толку ти е дадено од бога, не си ти крив.:uvo:
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Тоа е вистината, ако тебе те боли тоа значи дека не си словен, ако не си словен тогаш си дојденец турко-монголец или слично.

еве ти читај

http://www.veneti.info/index.php?option=com_content&task=view&id=202&Itemid=253
Премногу го гледаш Миленко...Венетите биле обичен селски народ..без воена организација..за разлика од нив Античките Македонци..биле воена машинерија...
Ама за тоа на друга тема..
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Уште еден “интелектуалец“ на списокот:


Никола Гелевски: За гласот и името, во “Утрински“:

Веќе неколку пати овде сум повторил дека идентитетот не може да се сведе на име. Името, на некој начин, дури ја редуцира комплексноста на идентитетот и внесува елементи на сопственост.

Македонецот (како и било кој друг идентитет) може да се потврдува само низ гласот, низ себепретставувањето, низ дејствувањето. Фиксираните идентитети повеќе влечат кон смрт и археологија отколку идентитетите што се прилагодуваат и менуваат.
Целата статија: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=73948504CAC73F4AA98305E627D11F2C
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Груевски: Сите партии да престанат со ниските игри
Премиерот Никола Груевски ги повика сите политички партии и да престанат со ниските игри до самитот на НАТО.
Сите ние сакаме земјата да влезе во НАТО и ќе се трудиме до последен момент, а сигурен сум дека ќе направиме се што е во наша моќ да дојдеме до посакуваната цел. Меѓутоа, се има своја цена. Затоа во оваа прилика ги повикувам сите партии и политичари да престанат со ниските игри, да престанат да се занимаваат со работи коишто не се од државен интерес за Македонија. Да се концентрираат најмалку до 3 април на она што е највисок државен интерес. Сега е моментот кога треба да бидеме обединети бидејќи имаме спроти нас исклучително посилен противник во однос на неговото членство во НАТО и во ЕУ, неговата финансиска моќ, неговите партнерства во меѓународните релации“ порача премиерот на вчерашната партиска трибина во Струмица, јави дописникот на Нетпрес.
Постојано сме под уцена која не е примерна за една европска земја и која е против интересите на НАТО, на Америка, на Германија, на Англија, против основните вредности на Алијансата - слободата и правдата, уцена којашто сака да го сруши нашето достоинство и нашиот идентитет“ дополни лидерот на владеачката ВМРО ДПМНЕ.
Во двочасовната трибина Груевски се пофали дека динамиката на остварувањето на зацртаната Програма на Владата се одвива според планот, аргументирај’и Штоо повеке показатели од обалста на образован ието, реформите во здравството, сузбивањето на корупцијата, какои И инвестирањето во аграрот И индустријата. Пред сопартијците Груевски повтори дека приоритетите на Македонија се внатрешно единство и безбедност, жестока борба со криминалот и корупцијата, привлекување на странски инвестиции, изградба на патната инфраструктура во земјава и воопшто забрзан развој на економијата, зголемување на вработеноста и на животниот стандард на граѓаните и прогрес во сите области од секојдневното живеење. Премиерот ги избегна незгодните новинарски прашања на синокешните трибини во Радовиш И Струмица.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
На прашањето дали ќе прифатиме промена на името, димоплатски одговори дека нема да ја преминеме црвената линија...
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
А каде е таа повлечена??
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Ќе мора да го прашаш лично јас незнам..На едно слично прашање одговри дека името е личен избор на секој..
 

Svetovid

Триглав
Член од
26 февруари 2006
Мислења
868
Поени од реакции
44
БЦ ги дисциплинира своите гласноговорници?

Денес на вестите на А1 пренесоа изјава на БЦ од Словенија во која тој експлицитно ги одбива трите предлози на Нимиц како неприфатливи и кои задираат во нашиот идентитет!!! Хммм... Значи онаа наказа геровски се излаја на канал 5 пред време. Ај тоа накарадно створење толку му дозволува неговата мизерна извитопереност, ама шо му требаше бе и на шачуле да се избербати така?
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
nepravda, pa toa e nepravda, ime jas, ime ti....
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Македонија и Грција нема да го решат спорот за името до самитот во Букурешт
Скопје /18/03/ 14:38
Скептичен сум дека Македонија и Грција ќе изнајдат компромисно решение за спорот со името до самитот на НАТО во Букурешт.

Ова, во интервјуто за Дојче Веле, го изјави Хајнц Јирген Акст, професор по општествени науки на Универзитетот Дуизбург-Есен и раководител на институтот за политички науки.

„Јас сум скептичен. Од една страна, грчката Влада речиси се определи и сега најави дека за Македонија нема да има покана во Букурешт за прием во НАТО, ако не се најде решение за името. Од друга страна, имам сигнали дека Франција и други држави не се подготвени да извршат притисок врз Грција...“, смета Акст.

Тој додава дека не очекува црни сценарија доколку Македонија не добие покана за влез во НАТО.

„Се работи само за одложување на терминот додека да се изнајдат можности Атина да се разубеди“, констатира Акст.

Според него, ниту Македонија нема да направи отстапки и да прифати име со географска одредница, како што бара Грција.

„Мислам дека во Македонија преовладува чувството дека државата е призната од меѓународната заедница откако Американците и другите европски држави ја признаа под уставното име, така што мислам дека ниту кај Владата, ниту кај народот не постои подготвеност за некакво придвижување кон компромис“, вели Акст.

Експертот, во интервјуто за Дојче Веле, оценува дека Македонија сега нема по секоја цена да бара решение за името само за да го отвори патот кон ЕУ и НАТО, туку дека ќе дојде до одлагање на терминот за преговори за членство.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Грција може во недоглед да предлага придавки и додавки како “Горна, Северна и Вардарска“, но привремената референца може да се смени само со разумна формулација за заеднички прифатливо решение.
Ова е дел од изјавата на Б.Ц.
Сепак одбил да ги коментира "новите" предлози на Нимиц..
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
наместо да го тапиме, еве во конечно некој да ја каже вистината, онаа која се заговараше и договараше, онаа које на маса, онаа која е реалност, она што ќе се случи, она што не сака никој да и го каже од "начите патриотски настроени политичари", а го кажува странец, туѓоземец, американец, кој барем досега, воопшто не погрешил во анализита, Брус Џексон.
Исто така, имајте на ум дека интервјуто го прави Слободанка Јовановкса, новинар кој барем досега, исто така, се покажал дека пишува за нештата во своја вистинска форма и облик.

Брус Џексон
Грчката дипломатија е кукавичка

Интервју со претседател на Проектот за преодни демократии и поборник за прием на Македонија во НАТО
Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска

Брисел - Господине Џексон, македонскиот државен врв смета дека Грција го злоупотребува правото на вето во НАТО како право да стави вето на името на државата. Како гледате вие на тоа?

- Спорот за името е билатерален, меѓу Македонија и Грција. Никој во Вашингтон не гледа ниту една причина двете страни да не можат да постигнат договор. Никој во Америка исто така не верува дека земјите треба да го користат правото на вето за членство во НАТО како стап за да преговараат билатерален спор. Само што сведочев пред Сенатот дека Македонија, Албанија и Хрватска се целосно квалификувани да бидат поканети во Букурешт. Не постои објективна причина да бидат одбиени. Субверзијата на НАТО преку иницијативите поврзани со алијансата не е оправдана. Но, и двете страни носат одредена одговорност за лошото менаџирање на европските прашања.

Сите други земји во Европа ги разрешија проблемите, Чесите и Германците, Унгарците и Романците, Словаците и Унгарците... Македонија и Грција работат добро на билатералните односи, македонскиот БДП е 4 отсто од грчкиот и Македонија не претставува никаква закана за Грција. За жалење е што ентузијастичката одлука на Македонија да го преименува аеродромот, која не беше грешна, но е без чувство и неевропска, не беше од корист.

Сега има уште две надежи за преговорите: има две недели до самитот и двете страни работат многу интензивно да договорат билатерално име и работно име за меѓународните организации кое нема да бара промена на уставот на Македонија. Тоа е предлогот на маса. Двете страни треба да одберат што им одговара и да го затворат спорот. Другата надеж е дека ќе слушнеме од земјите членки дека овој вид на вето, за кој специфично беше кажано во Времената спогодба дека не треба да се користи за приемот под името БЈРМ, да не биде актуализирано во Букурешт. Мислам дека сите сфаќаат дека двете влади, во Атина и во Скопје, се многу фрагилни, со многу мало мнозинство и генерално политичарите немаат простор во вакви околности. Освен тоа, мислам дека не е во ред врз земја, која постои само 16 години, да се врши ваков притисок. Дотолку повеќе што Македонија правеше се' за да се подготви добро за НАТО и за ЕУ, беше одговорна во меѓународната политика и создаде успешно меѓуентичко општество.

Кога и како Македонија направи грешка околу преговорите за името? Имаме 120 признавања на уставното име и сега сите велат дека треба да го смениме и да направиме компромис…

Не знам што мислите со тоа „сите“. Вашето име во меѓународните организации е БЈРМ. Оригинално беше замислено како привремено меѓународно име. Има извесен број на имиња за употреба во меѓународни организации што владата на Македонија веќе ги прифати - Демократска Република Македонија, Независна Република Македонија и Суверена Република Македонија, кои исто така се на маса. Грција се' одби да прифати. Сепак, според мене, ова не е прашање за името толку колку што е прашање за ранливоста на владите. Мојата организација реагираше во вторникот што оваа моќна членка на НАТО притиска до тој степен млада држава која само што беше создадена од југословенската катастрофа и која се обидува да застане на нозе. Ова е кукавичка дипломатија, а јас ја нарекувам геополитичка „злоупотреба на деца“. Тоа не е прифатливо и ултимативно претставува закана за САД, ЕУ и за политичката кохезија на НАТО. Мислам дека сите се согласни дека заради општо задоволство во НАТО и за да се поканат трите земји, треба да се постигне компромис за име што ќе се користи за овие меѓународни организации и за билатералните односи. САД ја признаа Македонија како Република Македонија и тоа нема да се смени.

Но, предлогот беше меѓународно име за сите употреби.

Тоа не е на маса. САД ги користат имињата Америка, United States of America, United States, US… Во сите организации ние го менуваме името во зависност од тоа до кого сакаме да седиме. Ако сакаме да седиме до Блер, го користиме У.С. Земјите ги менуваат имињата постојано. Дури и Грција е Хеленска Република, име што го користи многу ретко. Речиси сите земји имаат две имиња. Македонија има право да и' се почитува националниот идентитет и нејзиниот устав, но има исто така обврска во европската политика да биде чувствителна на историските, етнички и политички агли на нејзините соседи. Сите други го прават тоа, ова не е совршен свет. Навистина е жално што се зборува за спорот со името како за големо политичко прашање.

Колку се големи шансите Македонија да не добие покана од НАТО?

Ние во САД веруваме дека ќе има три покани и дека двете страни ќе го решат спорот. Веројатно ќе го сторат тоа во 12 часот навечер, во последен момент и до тогаш ќе ги преплашат и вознемират сите. Верувам дека ќе потрошиме многу валиум дотогаш, бидејќи во исто време мораме да работиме на проблемите во Авганистан, на енергетската сигурност, на Русија и многу важни прашања. Ова е само прашање кое ни го одвлекува вниманието, со кое лошо се справуваа сите инволвирани и кое ни одзема време од другата агенда на НАТО и на ЕУ. Секој момент што го трошиме на овој проблем не успеваме да дискутираме за климатските проблеми, за Дарфур и други важни прашања, па луѓето стануваат гневни. Така што, и двете страни ќе бидат под огромен притисок.

Впечаток е дека европските земји, сепак, со своите одлуки како да ги принудуваат државите од Балканот да им сврти грб. Тоа се случува во Србија, а делумно и во Македонија со притисокот околу името…

Никој не ви вели изберете го името или НАТО. Единствена што го вели тоа е владата на Грција. Позицијата на НАТО е дека земјите се квалификуваат за прием врз основа на проценката за исполнување на критериумите. Според тоа што знам, вие нив ги исполнувате. Она со се случува во Србија е криза на идентитетот која трае барем 10 години: Дали е националистичка, дали е југословенска, европска, каква ли е? Битката меѓу Коштуница и Николиќ од една страна и Тадиќ од друга страна е битка за душата на српската политика. Во Европа денес нема место за етнички национализам. Повеќето граѓани на Србија би ја избрале европската перспектива, така како што се случи порано во Словачка која решаваше меѓу мечијаризмот и Европа. Сите земји се решија за Европа, а тоа го направи и Македонија во Охрид. Затоа, последните ноќи пред самитите се решаваа спорните прашања на Романците, репарациите на Евреите во Полска и други жешки емоционални прашања кои беа главно врзани со историјата. Тие секогаш се надувуваа во последната минута и затоа вредно е да зборуваме за нив наредните две недели и да ги затвориме. И, да не се спомнуваат повторно. Освен тоа, сите во светот знаат дека името на Македонија е Македонија.

А новите генерации?

Нив не им е гајле. Дури и да го смените името, можете да си го вратите и никој не може да стори ништо, бидејќи нема начин да ве присилат. Вашето име е во вашиот Устав и ние го признаваме, бидејќи е важно.



П.С. Ви гарантирам дека вака ќе биде и дека ова ќе се случи, а вие како сакате и милувате мислете си.
 
Член од
15 март 2008
Мислења
10
Поени од реакции
0
Не знам дали пишам во точната тема али Мамицата да им ја Е*** на тие грц*.
Ама знајте шо е најтрагично ... то што на македончето не му ида умот. Ни го пикаат во газот а за 8-ми Март на границата за Грц*** преплавено од македонски автобуси кои оделе на “одмор“.
Море како не бев јас на царина, сите шо ке пробаа да одат Грц*** одма на лице место пасошите кинење (да не почвам со колење).
Дебилна работа. Абе кога ке се свестите бре ееееееееееееееееј.
Прво и основно, ТРЕБА ДА СЕ ЗАБРАНИ ВЛЕГУВАЊЕ ВО ГРЧКИ ГИРМИ. Ево ви примери каде:
-ВЕРО, АБЕ НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ПОЈДИ ТАМУ, па да видиме што ке прават тие смрџи кога никој нема да им купува.
-СТОПАНСКА БАНКА, абе никоооој да не пошол.

Само вака треба да се постапи со тие лајна. А само ако го видам некој на граница кај шо оди за Грц*** ...

Извинете вака што се изнавикав и изнапишував али не можев да издрќам.
Фала :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom