Дупер

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Изгледа само мене не ми е симпатично девојчево... :/
Истиот феномен како со жените и паѓњето во несвест кон познати личности, во случајов кон Силиан Марфи од Пики Блајндерс. На пазарот во Ѓорче знам најмалце тројца исти такви.
 
Истиот феномен како со жените и паѓњето во несвест кон познати личности, во случајов кон Силиан Марфи од Пики Блајндерс. На пазарот во Ѓорче знам најмалце тројца исти такви.
Они повеќе паднале по Томи Шелби технички. :D
 
Истиот феномен како со жените и паѓњето во несвест кон познати личности, во случајов кон Силиан Марфи од Пики Блајндерс. На пазарот во Ѓорче знам најмалце тројца исти такви.

Немој, не го споредувај Килиан со такви фаци. Не ми е гледана серијата сеуште, нема ни да ја гледам во скоро време веројатно, познат ми е од други филмови и човекот има некаков секси X фактор, без разлика на улогата во Пики. Очите пред се, малце психо вибрација маваат.

А девојчево си е просек, слатко девојче. Нема некоја лепота, али е таква слатка и мила фаца.
 
Какво само допирање на дното имаше наочаркото на настапот на Бубамара со гласчето. Што звук ќе беше она? o_O Како некоја комбинација од глас на пискава жена и животно кое повикува на парење. Па и уште на делон Не јас не сум, не сум твој тип... зема сила и им вика - Ајде сега цела сала, и нормално штама од публика, еден не се обиде да пее со нив. Кој си бе ти дечко со три песни у живот да очекуваш цела сала да пее со тебе па да ја повикуваш публиката? :facepalm:. Му останува само да прави будала од себе со движењана во спотовите.
 
добро бе па и вие, прв пат искачаат пред голема публика логично е да се има трема, не е тоа кафанче некое хипстерско со 20 души внатре и угасени светла.
 
Секој си има свој вкус. Не е којзнае што и еден куп има такви, ама оваа има шарм, манири и поглед.
 
добро бе па и вие, прв пат искачаат пред голема публика логично е да се има трема, не е тоа кафанче некое хипстерско со 20 души внатре и угасени светла.

Тикви зелени е муабетот, само кај нас значи може да пројде онака “мамински“ поглед низ прсти на бендови “ајде млади се,ами трема ги фати инаку супер си пеат в гаража“, за мамичка се најдобри нормално. Абре или чиниш или не чиниш и ќе трпиш ремет негативни коментари и ако тоа не ги натера да бидат како што треба поарно нека не прават музика. Заеби тоа мамино галење само кај нас го има “по дома многу убаво пее, сега на телевизија нешто тремичка ја фати“.
Такви “по дома што пеат“ а на тв незнаат да бекнат беше полно на пинкове ѕвезде,грандове ѕвезде и други идоли.
 
А девојчево си е просек, слатко девојче. Нема некоја лепота, али е таква слатка и мила фаца.

Баш така. Се е до вкусот. Мене лично повеќе ми се свиѓаат вакви девојки кои немаат некоја нападна и очигледна убавина и се баш онака што се вели cute.
 
Не би оценувал бенд според еден настап. Може да се има лоша вечер.
 
Абе добро...
Лезбејка била и лошо отсвиреле и отпеале...

Да даеме шанса на нешто да пркне....мислам, не сум фан, ама да има нешто многу избор за пребирање, па да се глуми некоја префинетост....ние имаме долги години, естрада (да ја наречам) шо е за греота, буквално.
Луѓево не го измислиле овој тип музика и не се оригинални - рециклирање е, ама не е тоа лошо или трагично. Еве ќе споредам вака - свиреше после нив Влатко, стар волк, со поосмислен настап, два хора, чоек што кариерата му е базирана на жив настап. Звукот на манифестацијата беше лошо сетиран и инструментите беа потивки од вокалот што посебно дојде до израз кај Дупер, а и кај Џафер. И Џафер пее високо, што за маж е помалку својствено (мене како вокал и појава ми е коректен, ама реално нема некој голем музички учинок за награди онакви - ама тоа е друга тема за идиотската манифестација).
Е сега, околу високиот глас...јас израснав у Тафталиџе, која е стара фанкерска населба. Тука имаше цел култ, би го нарекол, 80-ти години многу ликови што собираа плочи, такви журки се правеа (јас нешто малку памтам од тоа, поише од муабети). Карактеристични беа од тоа време Earth, wind and fire, Quincy Jones, па и Curtis Mayfield, мада он е поише у соул фазон, ама е дел од таа "црнечка култура"...они пееја со специфичен висок машки алт (мислам алт дека е) и беа поприлично популарни сите овие. Quincy е продуцент на најуспешните албуми на Michael Jackson на пример. Тоа е еден елемент кој го приметувам у песнове на Дупер. Во студио убаво го избалансирале вокалот да иде потивко, ама немаат искуство за вакви настапи и некој мамлаз од музичко-сценски техничар ги зезна, па вие ги ругате сега.
Друго, приметливо е влијание на оној тип на гитарски рифчиња на Nile Rodgers, што пак ќе кажам - не ми смета, не е ужасно лошо. Кога може Влатко да тера цел живот со преработки на Александар Сариевски и народни песни, зошто да не може ова....со тоа што Влатко е од друго време, вежба и работи ко луд....сеа, несоодветна е споредбава, ама не знам дали сте му ги слушале последниве албуми - не е од Дупер многу далеку - креативно мислам, не технички.
Зборот ми е, дајте им шанса, не коментирајте малициозно. Ги вртеле радијава, хајп нереален....карлеуша и брега со тој ритамот сељачки уште ли да ми ги масираат жлездиве?....нека тера нешто наше.
 
Какво само допирање на дното имаше наочаркото на настапот на Бубамара со гласчето. Што звук ќе беше она? o_O Како некоја комбинација од глас на пискава жена и животно кое повикува на парење. Па и уште на делон Не јас не сум, не сум твој тип... зема сила и им вика - Ајде сега цела сала, и нормално штама од публика, еден не се обиде да пее со нив. Кој си бе ти дечко со три песни у живот да очекуваш цела сала да пее со тебе па да ја повикуваш публиката? :facepalm:. Му останува само да прави будала од себе со движењана во спотовите.

а ти шо имаш во животот постигнато?
освен што имаш интернет конекција дома и простор на форум кај што можи да плукаш.
 
Почитувани,

Поради тоа што едниот од машките членови на групата Дупер и даде отказ на Мартина, со поддршка на другиот машки член, од според мене најпатетична можна причина, Авалон Продукција го раскина договорот со младите момци.
Од мене толку.

Бобан Милошески
 
Изгледа сепак не била нивни тип.

bf9.gif
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom