Па... од каде да почнам... не можам да кажам „филмов не е за секого“ ќе ме тепаат
Во секој случај, Триер прави комплексни филмови чие дејство се одвива бавно и обично кулминираат во завршницата. Со други зборови, ќе сакате да го исклучите после 20-30 минути, но за тоа нема потреба да пишувам тука пошто претпоставувам дека тие што се на темава, го истуркале до крај. Освен Бене, него очигледно не му значи ништо што има спојлери
Како и да е: филмов не ја поседува длабочината на Dogville (стрпете се, ќе дојде на ред) и има многу контраст во него. Од сосема неважни работи и карактери до перфектни сцени во кои Триер повторно се фокусира на човечката природа. Очигледно, на некој мистериозен начин, меланхоличната Џастин е единствената која точно знае што ќе се случи и успева да согледа колку се неважни, непотребни и бесмислени повеќето работи кои ги правиме. Се обидува да истурка низ свадбата која очигледно не е нејзина идеја но ја прави за да му удоволи на сопругот на сестра и, кој колку што извлеков заклучок има некој интерес од сите тие богати луѓе кои се поканети и за кои плаќа. Очигледно, Џастин не е посебно среќна ни со нејзиниот иден сопруг, но и понатаму поминува низ глупавите ритуали, таа е само декор, уште еден гостин на настанот. По некое време, таа ги согледува работите и решава да биде она што е и кажано по наши - да престане да прави „лице“. Сознанието дека е крајот е блиску и помага да го отфрли товарот и да се ослободи. Не знам како Џастин знае дека има 678 зрна во бокалот или дека немало живот никаде - важно е дека знае и дека тоа и помага да разбере дека сме мали, неважни, и дека постоиме во еден безначаен дел од времето.
Затоа и не ја фаќа хистерија од можниот крај, како што е тоа случај со сестра и, напротив, како се ближи филмот кон крај таа ја победува депресијата и рационално и смирено го чека крајот. Светот низ очите на Џастин е лошо место и го заслужува крај. Сцената во која Џастин лежи покрај реката гледајќи во Меланхолија е перфектна кинематографија, слика која ќе ми остане во сеќавањето.
Целиот втор дел од филмот во кој Триер се фокусира на Клер ја отсликува беспомошноста. Шарлот Гајнсбург се вика актерката која перфектно ни ги долови емоциите на една мајка која е соочена со сопствената смрт и со таа на нејзиното дете, и безизлезот во кој се наоѓа.
Филмот е бавно соочување со стравот и суровата реалност. Кулминацијата е во последната сцена која е едноставна и застрашувачка. Причината зошто сакам филмови како Меланхолија и Црниот Лебед е затоа што завршуваат во моментот кога филмот достигнува максимум, во моментот кога се соживувате со главните ликови и нивната приказна.
Саундтракот е морничав до перфекција, фотографијата е прекрасна. Кирстен Данст и Шарлот Гајнсбург одработија за 10-ка.
Пак ќе речам, не е така длабок филм. Визуелно е мастерпис, содржински не (обратно од Dogville). Не знам што оцена би му дал на ваков филм, но според мене, секој филм кој те остава да размислуваш за него, и секој филм кој има сцени кои се блиску до перфекција, треба да добие преодна оцена.