SuicideMessiah
Советник
- Член од
- 7 јули 2008
- Мислења
- 5.575
- Поени од реакции
- 295
„ДОСТИНСТВО“ БАРА СОБРАНИЕТО ДА СЕ ИЗЈАСНИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА БРАНИТЕЛИТЕ
Здружението на припадниците на безбедносните сили „Достоинство“ денеска објави прекин на преговорите со Владата заради негативниот став кон Предлог-законот за посебни права на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства и можноста на претстојните претседстелски и локални избори истиот да се злоупотреби за постигнување партиски цели. „Достоинство“ бара од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски итно да ја продолжи прекинатата 23. седница на која пратениците ќе се изјаснат по Предлог-законот.
- Основни причини поради кои Владата не го прифаќа нашиот Предлог-закон, е наводното големо временско растојание од завршувањето на оружените дејствија во 2001 година, наводната финансиска неодржливост и евентуалните проблеми со ДУИ, појасни на денешната прес - конференција претседателот на Здружението „Достоинство“ Стојанче Ангелов.
Од „Достоинство“ бараат пратениците да гласаат за Предлог - законот со кревање рака, за, како што рече, „да се види кој пратеник е за, а кој против семејствата на загинатите, воените инвалиди или против 31 илјада граѓани кои ја поддржале граѓанската иницијатива“.
Ангелов тврди дека на средбатра со вицепремиерот Ставревски, министрите за финансии и за внатрешни работи Трајко Славевски и Гордана Јанкуловска им била понудена владина верзија на Предлог-закон. Владиниот Предлог-закон велат од Здружението, е речиси идентичен со постоечкиот Закон и во него не е инкорпорирано ниту едно од нивните барања. Во него, посочи претседателот на „Достоинство“, додадено е само правото за ослободување од плаќање такси, а сите други остануваат исти.
- Иритира тоа што Владата не го прифаќа ниту нашето решение за надомест на нематеријална штета, што значи дека воените инвалиди и семејствата на загинатите припадници на безбенодсните сили и натаму со законска затезна камата ќе ги враќаат парите кои ги добиле како нематеријален надомест за изгубеното здравје, изгубен син, сопруг, татко, брат, рече денеска на прес - конференција претседателот на „Достоинство“.