Државата да гради фабрики

имав една ваква слична тема отворено во општи муабети. поентата беше дали може да се рестартираат БАРЕМ некои фабрики во македонија кои на времето биле гиганти и врвни во својот успех и квалитет.. тоа што им се десило и како нема да го коментрам затоа што сите знаат добро (ваљда).


ај да прашам сеа нешто.. охис, железара, ФАС 11 октомври, алумина, порцеланка и тн и тн и тн... дали може некако државата да помогне со парични средства да се рестартираат фабриките БАРЕМ НЕКОИ.. немора сите. и да бидат под државна капа?

охис е распродадаен на милион фирмички, исто како и железара.
фас 11 октомври (каросерија) е комплетно приватизаирана колку што знам и тоа на едно лице, едене сопственик, истиот оној што произведува автобуси а власта нејке да купи од него, бидејки кинеските биле поевтини...
порцеланка (она што остана од неа) има толку многу застарена технологија што веке никој не ги рестартира, едноставно продуктот би бил со многу понизок квалитет а висока цена. другиот дел од порцеланка е купен и функционра во рамнките на керамика нова.
алумина... ова е нај јако... од алумина остана само плац... нема ни зидови веке, и тие се срушени, а камо ли машини... тука можеби да останеа машините ке се направеше брза адаптација и производство на пвц столарија, ама штета... должничко доверителите си го наплатија својот долг, собирајки машини и материјали... сега колку што знам нема ни ф од фабрика таму... обична дупка е...
 
POCETOKOT na Alumina , krajot e poznat...
20maj.jpg
 
железара знам дека е исприватизирана на повеќе фирмички поединечно. ама за охис незнам немам таква информација. знам само дека работи еден погон. со останатите не сум инфромиран.. а ова шо викаш за алумина ме зачуди.. толку е на нула сведена ??? а инаку има и други работи.. македонка штип газела ... не ми текнуваат другите моментално
 
Алумина имаше фабрика за стакло во Англија,градеше згради,алумниум-стакло по арапските земји и им требаше години и години на апашиве скроз да ја уништат.До пред 6-7 години се уште беше поим нивниот алуминиум и само они можеа да ти направат што сакаш од алуминиум.Сега кога практично веќе и не постои алумина овие што шиткаат алуминиум можат само некој прав излог ако сакаш да ти стават и толку од нив.
 
Понекогаш е логично,дел од буџетот да се одели за градење на државни фабрики,каде ке се вработат доста луѓе и тие фабрики да останат во државна сопственост без оглед на политичката партија на власт...Да се избере одредена комисија од работници кои ке работат во фабриката за да вршат надзор на високото раководство(моменталната власт) за да не се богатат од фабриките, а целиот профит да иде во државниот буџет...Мислам дека би било остварливо доколку има барем еден поштен од тие што ке бидат на власт!!!
 
Многу тешко, тоест само теоретски ова ќе се случи во иднина.
Доколку државата добро раководеше со своите претпријатија немаше да има ни приватизација ни ништо.

Државата треба да биде посредник и регулатор, а бизнисот сепак треба да остане доминантно приватна работа.
Се работи за генератор на пари, нешто што државата сама по себе тешко може да го извршува ефикасно поради преголемите внатрешни интереси кои често доаѓаат во судир.

Не би навлегувал во политички дискусии, но има причина зошто се прават напори за странски директни инвестиции.
 
POCETOKOT na Alumina , krajot e poznat...

како земјотрес да имало таму...


paaaa..1953 , toa zgradata pozadi bi trebalo da e na mestoto kade sega e ona zgrada vo koja bese Germanskata ambasada, prodavaat kineski dzipovi dole vo dukjanite, Alumina, togas 20Maj bila karsija kade sega e onaa kulata so zatvorenata apteka i MNT barakata ... :)
Многу тешко, тоест само теоретски ова ќе се случи во иднина.
Доколку државата добро раководеше со своите претпријатија немаше да има ни приватизација ни ништо.

Државата треба да биде посредник и регулатор, а бизнисот сепак треба да остане доминантно приватна работа.
Се работи за генератор на пари, нешто што државата сама по себе тешко може да го извршува ефикасно поради преголемите внатрешни интереси кои често доаѓаат во судир.

Не би навлегувал во политички дискусии, но има причина зошто се прават напори за странски директни инвестиции.

....verojatno zatoa sto se pretpostavuva deka nas narod e mnogu glup i nema pojma od pretpriemastvo???..ili zaradi nesto drugo????? do sega barem ..site stranski investitori dobile benificii, olesnuvanja i SUVA para ...vo iznosi so koi sekoj amater pretpriemac vo MKD bi naprail poise pari za sebe, vrabotenite i Makedonija.....:) imas li nekoja idea ZOSTO...:)
 
POCETOKOT na Alumina , krajot e poznat...

...verojatno zatoa sto se pretpostavuva deka nas narod e mnogu glup i nema pojma od pretpriemastvo???..ili zaradi nesto drugo????? do sega barem ..site stranski investitori dobile benificii, olesnuvanja i SUVA para ...vo iznosi so koi sekoj amater pretpriemac vo MKD bi naprail poise pari za sebe, vrabotenite i Makedonija.....:) imas li nekoja idea ZOSTO...:)

Не постои глуп народ, постои само влада која не знае да дава насоки и да го менаџира она што го ветила. Поради тоа што нашата влада мислеше дека само со даночни реформи ќе може да привлече странски инвеститори, а реалноста е сосема поинаква. Ние патиме од детски болести а сакаме инвестиции, тоа е само почеток да не ја спомнувам политичката состојба на Македонија која е можеби и најбитна околу одлуките на инвеститорите да инвестираат. И сега во такви услови кога гледаш дека ништо не си направил почнуваш да ја окривуваш економската криза а гледаш дека насекаде околу тебе на Балканот има странски инвестиции, и веќе кога свати владата дека работава не иде реши да ангажира консултанти за да им изготват стратегија за привлекување инвеститори :zid: . Ако за нешто треба да се критикува оваа влада тогаш тоа е баш овој проблем. Огромните суми на пари кои се фрлија за проектот Скопје 2014 можеа да бидат искористени за заживување на малото и средно стопанство како и подигнување на нивото и стандардите на претприемништвото во Македонија. Не викам дека проектот Скопје 2014 е лош, напротив потребен беше тој проект од повеќе причини (театрите се руинирани, министерствата немаа свои државни згради поради што плаќаа високи кирии кои достигнуваа до 2 - 3 милиони евра државни пари годишно, и нормално тука е естетскиот момент кој е сепак субјективна работа). Но еве и кога решивме да инвестираме пари можевме тоа да го направиме многу подобро, без местење фирми на тендери, ко во последниот случај со осветлувањето на театарот. Осветлувањето и изведбата на осветлувањето ќе коштаат некаде 220 000 евра. При што потребно било да се најде фирма изведувач преку тендери. За таквата работа била направена и посебна комисија која ќе ги избира фирмите. На тендерот се јавиле и две фирми кои не би сакал да ги именувам. При што едната фирма е трговска фирма која што се бави со увоз на електро материјали и осветлување и вработените им се претежно правници и економисти и немаат никакво искуство за изведба на вакви проекти, додека втората фирма е инжињерска и имаат дебело искуство со такви работи. Прво е избрана специјализираната фирма за да по некое време почне да се ургира дека не смеело таа фирма да се избере туку другата пошто им ги спонзорирала патувањата на МОБ во странство. Инаку една од балерините на МОБ е жена на еден висок функционер во власта. Исто како што и инвестиционата вредност на театарот на почеток беше 5 - 6 милиони евра што е реална сума за таков обијект, за да после на мистериозен начин да се качи на 12 милиони евра со објаснување дека многу коштале телекомуникацииските кабли околу обијектот. Иако како што кажав не го осудувам овој проект, овие работи дефинитивно не се добри и што е најтрагично нема асална алтернатива. Затоа што тие кои денес се декларираат како алтернатива се всушност гробарите на македонската економија и на сите овие фирми кои што ги дискутирате погоре. Со криминалната приватизација им се овозможи на некои комунистички директори да прават што сакаат со овие фирми, а резултат се стечајните работници и армијата невработени денес како и лицето Б.Ц. сегашен поборник за стечајците и бивши благословувач на таа приватизација а меѓу другото и дискретен милионер или милијардер со дебели сметки во швајцарски банки (кој неофицијално пред новинари има изјавено дека го боли к.. за македонскиот народ).
 
да се вмешам малце во муабетот.
како прво државата е како кислород не гори но го поддржува горењето, не гради но го поддржува градењето!
и за сите оние што викаат дека државата треба да гради фабрики оти во комунизмот граделе.ако чинеше комунизмот уште ке траеше, ама не чинел.додуша сите имаја работа и стабилност ама тоа неможеше да трае вечно од многу проста причина затоа што немаше конкурентност на отворениот пазар а тоа е најголема мана на комунизмот.пример... ако за еден прозивод во нормален капитализам треба да има двајца работници во комунизмот имаше 20 и автоматски стануваше прескап и неконкурентен или со други зборови нема на кој да му го продадеш и да ги платиш тие 20 работници.па автоматски немаш пари да вложиш во нови технологии па стануваш уште понеконкурентен.па згора на тоа на шефот или работникот или инжинерот и не му е гајле пошто му е загарантирано работното место и што има тој да се труди, секако пак ке земат плата, и уште повеке заостанваш во однос на другите и се така до бескрај. а сето тоа треба да го плати државата ама и тука и а разлика.едно е кога ке плаќаш од свој џеп а друго е со државни пари тоест туѓи, а пошто државата нема се задолжува и тоне во долгови. и друг пример кој уште повеке ја носи вистинската слика
ссср како водечка комунистичка сила и пример кај беше најконкурентна??
па сигурно не во колите и во телевизорите туку во воената индустрија и во трката за вселената. а зошто ??
затоа што мораше оти на врат и дишеше една америка. значи за просперитет битна е отовореноста на пазарот и конкуренцијата затоа што таа носи напредок а напредокот носи бенефиции и благосостојба.
за ситуацијата кај нас имаме еден класичен пример народски кажано од шупливо во празно.пошто нема од каде а треба да обезбеди некој социјален мир државата едностанво воведва се поригорозни казни и закони а се со цел тие пари кои ги зела од народот да му ги варти на народот како благосостојба или како што реков од шупливо во празно.
и ке прашате што е решението.
како прво и основно судството пошто од таму почнува се .ако некој те оштетил имаш каде да си ја бараш правдата и да се обештетиш. токму и затоа немаме странски инвестивции затоа што кој сака да вложи во нешто ако притоа никој не му ја гарантира сигурноста на парите и инвестицијата( а не заради нато и еу ).и кога сме кај странските инвестиции кој видел аир досега освем неколку вработени кои се на повисоки функции.сигурно обичните смртници не пример окта телеком и ред други.тие не се тука да ни удоволат туку да направат профит.кратко и јасно
и во ред државата нека чека странски инвестиции нека ги кани и нека им удоволува ама сепак нека створи услови за развој на нано микро мили и ептен мали и средни бизниси за кои и не треба некој голем капитал туку идеја.да им обезбеди услови за да почнат да работат како ептен минимални скоро занемарувачки давачки и даноци но да обезбеди нивно 100% наплаќање. ако се раководиме од тоа наместо теретот да се распореди на 100 фирми кои ке плаќаат даноци од пример 1 милион евра истиот тој износ ке се распреди на 10000 фирми.или попросто наместо еден човек да плаќа 1000 денари , 1000 луѓе ке плаќаат 1 денар а добивката би била иста. друго исто не помалце важно да обезбеди услови за работа како на пример кредити со минимални камати, евтини возила и гориво со не толку набиена акциза и давачки ,парцели бенефиции увоз на машини и алати и се она што е потребно една фирма да се сконцентрира на производство на квалитетен прозивод и услуга.владата не само оваа туку генерално секоја влада си имаат претпоставено дека ние сме високо развиена западна индусрија а ние во реланоста сме далеку од тоа а и како што стојат работите уште долго време и ке останеме.
и еве уште една забелешка
никој нема намера да развива своја технологија туку сите сакаме да купиме туѓа, ама таа кошта а и со самото тоа што ја купуваме технологијата од друга држава уште повеке вложуваме во развојот на таа држава и ја правиме вискоко развиена технолошка држава а ние остануваме заостаната зависна од напредна технологија аграрна држава без стручни кадри кои и рака на срце и сме ги немале.
ако било така и ако сме имале технологија и стручни кадри многу фабрики ке работеа рентабилно и немаше да банкротираат или да пропаднат со исклучок на некои кои намерно беа пропаднати ама тоа е веке друго и пак не враќа на судството.
инаку еве еден прост пример за развоја на технологија.читам сега дека државата одделила толку и толку пари за изградба на централи на ветер па платила фирма за да направат фисибилити студија каде тоа ке се постават и дали е рентабилно па што ли уште не.и ете ке ги купиме ке ги наместиме и кога ке се расипат пак ке трчаме кај нив ке плаќаме скапи делови и инжинери да ги поправаат и да не учат па после ке ги обновиме со нови кои пак ке ги платиме и се така. а не беше попаметно да ги му обезбедат средства на одредени факултети кои таа проблематика и ја предааваат( електротехничкиот на пример) и да ги задолжат да ја решат таа проблематика.со самото тоа ке се створи кадар (студенти и професори) кои покрај тоа што ке добијат практично познавање од тоа што ке го работат туку и ке створат технологија која е наша изворна створена со наши инжинери кои и ке немаат потреба да заминат надвор затоа што тука ке имаат обезбедена работа, со наши делови или делиумно наши делови( кои секако ке ја стимулираат индустријата да ги произведе)и на крај ке имаме технологија која е погодна за извоз, ке имаме стручен кадар кој ке го посее семето на друг стручен кадар за таа област и најважно ке имаме конкурентен производ од хај тек како што некој на почетокот на дискусијата го нарече а со самото тоа и извоз. и некој ке рече тоа можеби ке не кошта повеке од колку да купиме готови. да можеби е и така но парите вложени во него ке се вратат многу кратно а и ке ни остани стручен кадар и технологија која потаму ке можеме да ја продаваме а со самото тоа и да ја унапредуваме отколку да ја увезуваме. ако му дадеш на човек риба ке го нахраниш еден ден , ако го научиш да лови ке го нахраниш за цел живот.дали само јас ја гледам тука поентата на поговорката или ???
 
За да Груевски не се вади дека уште светот бил у рецесија и ради тоа неќеле да инвестираат во Македонија еве да ги видиме инвестициите во фабрики во Бугарија http://clubs.dir.bg/showflat.php?Bo...450845&page=0&view=collapsed&sb=5&part=1&vc=1

Моментално невработеноста им е 9% а едно време беше дури 6% и имаа најниска стапка на невработеност во Европа. Да им го разгледаме трговскиот биланс

За втори п'т в последните 11 години износ'т на Б'лгарија надвишава вноса и през јануари 2011 г. отчитаме положително салдо по т'рговскија баланс от 218 млн. лв., показват данни на НСИ.

Като се изклјучи август 2010 г. с положителен баланс от 39 млн. лв., за последно сме имали положително салдо през далечнија март 2000 г., когато то е било 64 млн. лв., а след това в над 120 месеца отчитаме превес на вноса над износа.

Износ'т на Б'лгарија през јануари 2011 г. нараства с рекордните 72% на годишна база до рекордните 3,11 млрд. лв. в абсолјутна стојност.

Предишнијат рекорден месечен износ бе 2,98 млрд. лв. през јули 2010 г., а нај-големијат предишен јануарски износ е 2,18 млрд. лв. през 2008 г.

Внос'т през јануари 2011 г. с'што се увеличава силно, като повишението е с 35,6% на годишна база до 2,89 млрд. лв., като размер'т му е 14% по-нис'к от предкризисната 2008 г.

http://www.investor.bg/news/article/113852/332.html

За разлика од нив, кај нас дефицитот достигна 2,15 милијарди долари. Али тоа не е битно, важно е тоа што ние развиваме барокна уметност на плоштад.
 
За да Груевски не се вади дека уште светот бил у рецесија и ради тоа неќеле да инвестираат во Македонија еве да ги видиме инвестициите во фабрики во Бугарија http://clubs.dir.bg/showflat.php?Bo...450845&page=0&view=collapsed&sb=5&part=1&vc=1

Моментално невработеноста им е 9% а едно време беше дури 6% и имаа најниска стапка на невработеност во Европа. Да им го разгледаме трговскиот биланс

За втори п'т в последните 11 години износ'т на Б'лгарија надвишава вноса и през јануари 2011 г. отчитаме положително салдо по т'рговскија баланс от 218 млн. лв., показват данни на НСИ.

Като се изклјучи август 2010 г. с положителен баланс от 39 млн. лв., за последно сме имали положително салдо през далечнија март 2000 г., когато то е било 64 млн. лв., а след това в над 120 месеца отчитаме превес на вноса над износа.

Износ'т на Б'лгарија през јануари 2011 г. нараства с рекордните 72% на годишна база до рекордните 3,11 млрд. лв. в абсолјутна стојност.

Предишнијат рекорден месечен износ бе 2,98 млрд. лв. през јули 2010 г., а нај-големијат предишен јануарски износ е 2,18 млрд. лв. през 2008 г.

Внос'т през јануари 2011 г. с'што се увеличава силно, като повишението е с 35,6% на годишна база до 2,89 млрд. лв., като размер'т му е 14% по-нис'к от предкризисната 2008 г.

http://www.investor.bg/news/article/113852/332.html

За разлика од нив, кај нас дефицитот достигна 2,15 милијарди долари. Али тоа не е битно, важно е тоа што ние развиваме барокна уметност на плоштад.

И ти ли стана комуњар?
 
Па да речеме дека сум неутрален. Времево поминува и поминува, а од инвестициите кои ни беа ветувани нема ни и. За разлика од другите балкански земји каде што се градат фабрики, кај нас се градат театри и музеи, не дека е тоа лошо, само не е вистинскиот момент тоа сега да ни биде главна преокупација. Уште кога дојде оваа влада на власт, се надевав дека подобрување на целокупната економска состојба на земјата ќе и биде примарна цел. Денес ко што гледам се помалку се зборува за економија и инвестиции во земјава а се повеќе за архитектура и проектот Скопје 2014. Немој да заборавиш дека Груевски дојде на власт благодарејќи на неговата економска програма и ветувањата за многу странски инвестиции, не поради проекти кои се популистички.
 
Не е Груевски сезнајко му требаат нови луѓе дефинитивно.
Да ме ставеше мене за министер или некаков советник ( и покрај моите оскудни познавања на теоретска економија) и збор до збор ги следеше моите упатства верувам дека оваа земја за период од само 5 години ќе го дуплираше стандардот.
 
Не е Груевски сезнајко му требаат нови луѓе дефинитивно.
Да ме ставеше мене за министер или некаков советник ( и покрај моите оскудни познавања на теоретска економија) и збор до збор ги следеше моите упатства верувам дека оваа земја за период од само 5 години ќе го дуплираше стандардот.
Не му требат хора,а му треба смена на чипа во главата и промена на политиката.
Само да дополна уште една причина зашто нема инвестиции во РМ. Па споредете си кредитниот реjтинг. Зашто не направат се за да покачат реjтинга и да идат во инвестиционен реjтинг? Знаеш зашто?-за да вдигнат кредитниот реjтинг мора да штедат,а така нема да има пари за популизам.
Еве пример кредитната агенциja Фич што вели:
AAA
AA+
AA -Словениja
AA-
A+
A
A-
BBB+
BBB - Бyгариja
BBB- -Унгариja, Хрватска
----------- граница за инвестиционeн кредитен реjтинг
BB+ - Романиja, Грциja
BB - РМ, Турциja, Чрна гора
BB- - Србиja
B+ -Албаниja, Босна и Херцеговина
B
B-
CCC+
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom