Прво: Да не се залажуваме дека државата треба да отвора фабрики. Се покажало низ историјата дека кај нас државата е најлош можен газда. Нејзиниот погон би бил 99,9% загубар со превработеност благодарение на заслужни партиски војници кои ќе работат по принципот - нишај врата замај плата. Подобро решение е се што може да се приватизира.
Мое видување за излез од ваквата економска состојба:
Прво и основно треба да се најди МАЖ кој навистина има намера да ги промени работите од корен.
Јавна администрација
Воведување мораториум за вработувања во администрацијата. Анализа на структурата на администрацијата и нејзино оптимизирање (преполовување). Наспроти тоа, пред некој ден прочитав или слушнав некаде мислење на министерот за информатичко опшество и од скоро министер за администрација дека администрацијата моментално ја сочинувале околу 120и кусур илјади луѓе и дека во некој сектори имало недоволна вработеност - значи требало да се зголеми :uvo:
Меѓутоа не се сведува се само на намалување на администрацијата. Проблемот е и во висината на примањата. Потребно е намалување на платите на администрацијата и доведување до некој просек од пр. ~12000 денари. И не, не е ова реваншизам на администрацијата туку е долгорочна стратегија за промена на менталитетот на нашиот народ. Се поставува прашањето: Како?
Имено, според некои информации, во западните здрави економии односот на примања споредбено државен-приватен сектор е некаде 1 напрема 2 до 3 во полза на приватниот сектор. Тоа значи дека во приватниот сектор платите се 2 до 3 пати поголеми од тие во државниот. За жал, кај нас тоа е обратно (впрочем како и се друго). Така да кај нас е дојдено до ситуација детето уште од пелени да очекува работа на државно. Критериумите за вработување таму, верувам на сите ни се доволно познати. И така, дојдовме до ситуација народот да ги доживува политичките партии како агенции за вработување (страшна и погубна политика). Е сега, како може да се очекува претприемачки дух од дете кое уште од детството има желба да работи на државно. Секако дека се уништува претприемачкиот дух. Мора да ја промениме таа состојба.
Образование
Мометално е хаос. Едноставно е: КВАЛИТЕТ НАМЕСТО КВАНТИТЕТ.
Да не се повторувам, имав пишувано на други теми за образованието кај нас.
Поддршка за мали бизниси
Стратегија која ќе овозможи ефтини кредити, грантови и сл.
НЕ кредити од 3000 евра со кои можеш да купиш само 2 компјутери посалам туку вистински кредити за отворање на мал бизнис. Ослободувања од некои давачки, даноци, придонси за година - две дури да тргне бизнисот. Ефикасна администрација. Да не се трошат време, енергија и пари на непотребна бирократија.
Правосуден систем, правна сигурност
Јасно ни е на сите. Мито, корупција, не почитување на закони, промена на закон секој месец. (Устав менуваме побрзо од чорапи).
