Ееееејјј серијава ........... Каква тема имало цццц ..
Една од трите цртани серии со кои бев заразен како мал. Ѕирнав неколку страни наназад и гледам дека ве има доста што се ја изгледале од А до Ш
.. Браво.
What to say, мастерпис е ДБ за сите деца од таа возраст, обседнати се буквално, си знам по мене од тоа време. Ѕверска приказна за опстанокот на Светот и победата на доброто над злото. Приметив дека ги имате анализирано поодделно 3те сезони.
ДБ - Сам по себе е интересен и привлечен, цела сторија е главно насочена кон потрагата на топките од страна на Булма. Токму тоа нејзе ќе ја доведе до малиот Гоку кој има една од фамозните 7 топки и тој нејзе и се приклучува во таа неизвесна и опасна авантура. Единствено акција во првата сезона се среќава на martial arts турнирите, каде што и воедно приказната се шири со карактери. Сепак ништо посебно, ниту зрнце од песок за она што следува во втората сезона.
ДБЗ - Лудница, врв, крај !! Фантастично одработено продолжение на приказната, со ненормално јака доза на борби, заплети, мистерии, развиени стари и нормално додадени нови ликови, секој со свои посебни особни и карактерни црти, што не ретко ги препознаваме и во секојдневието. Турбуленциите почнуваат уште во првата серија со пристигнување на Радиц и осознавањето на Гоку дека тој е од друга планета, понатаму е јасно т.е. си знаете. Презадоволен од оваа сезона, тоа се всушност тие речиси 300 епизоди што му ја носат славата на цртанот и афектот од публиката. Целиот ДБЗ изобилува со многу јаки борби, стварно тешко е да се издвои една како нај нај .. Ама мене мислам дека
омилена ми е Гохан-Сел, поточно моментите кога Гохан буквално го држи Сел во шака, но ја добива таа доза на Веџита
во себе и најмногу поради неискуството и заслепеноста од моќта своја, татко му ќе мора да се жртвува. Оваа борба е somethig special .. Chills.
ДБГТ - Имаше потенцијал, и тоа доста голем потенцијал третата сезона и од неа очекував барем на пола од се што се деси во ДБЗ, но испадна прав bull shit. Пред да почнам да го гледам, почетокот си го замислував со БУМ напад на некој си Х негативец и смрт на Гоку и Веџита. Па потоа битката на остане во раце на Гохан како највозарсен, врсниците Готен и Транкс, па и една Пен во која гледав прво женско како ССЈ. Но џабе, во првата серија кога го претворија Гоку во мал и се пуштија во потрага по топките јасно ми беше дека цртанот ќе го вратат на своите basics - а тоа се топките и Гоку и пак се ќе се врти тука, како во првата сезона. Затоа и сите што го гледаа останаа разочарани од тоа како заврши оваа приказна.
Прочитав од вас дека имало и ДБ КАИ, еден вид специјал од ДБЗ но не сум го гледал. Покрај обврскиве сега тешко да се најде време. Ги изгледав филмовите, не се ништо посебно (далеку се од Покемон филмовите на пример кои повеќе вредат и појако се сработени можеби и од целата серија).
И да, ај и вас да ве прашам околу
ДБ АФ. Имам читано од пооддамна дека направена и целосно скоцкана сезоната, со јако осмислена приказна и многу акција и преку 200 серии, како одговор на лошиот ДБГТ. Но бидејќи е fan made продолжението ги немало соодветните права за серијава и оневозможено било да се пушти во етер. Барав еден период и низ нет, ама ништо од АФ .. Вие знаете нешто повеќе ?
Иии да favourite caracter -
Vegeta of course.
Исто така Пиколо (неверојатно добро е внатрешно и карактерно сработен) и Транкс (упадот против Фриза - epic)