Металурзи
Смешно изгледа Лепа Рада кога збори за металургија и бизнис. Прашај ја за нов модел и цена на ташна Луј Витон. За тоа, таа, е навистина експерт
Кон крајот на 19. век Британија е се уште глобална империја. Законите и даноците во државата се кројат според потребите на богатите индустријалци, милионери кои имотот го стекнале со ограбување на колониите кои, патем, ги освојувале војници со државна, а не од нивна плата. Милионери, збогатени со корупција, и со злоупотреба на деца и жени за безмалку бесплатна работа...
Повремено, некои политички лидери се бунат против тоа.
Сер Томас Вилсон, еден од таквите олигарси, милионери, пред Парламентарниот одбор во Лондон, во врска со тие забелешки, ќе даде изјава: Владата има обврска да финансира војни од буџетски пари, а и нема право да се меша во односите помеѓу вработените и работодавците.
Но, притисоците од осиромашениот народ продолжуваат. Тие не сакаат да одат во војни од кои заработуваат неколкумина милионери. Не сакаат работа без соодветна плата и осигурување. На повидок е пад на власта, и демонстрации.
Во Горниот дом на британскиот Парламент Грофот од Шафтбери ќе повика: Зарем никој нема да застане во одбрана на богатите?!
Кај нас деновиве се актуелни закани со штрајкови од неколку металуршки компании. Приватни компании. Од ФЕНИ, до не знам си кој. Им паднала цената на металот на берза, Светот влегол во финансиска и економска криза, и сега тие немале заработка од бизнисот. Ќе отпуштале работници ако Владата под итно не интервенирала. Под интеревенција тие подразбираат да им се даде кеш, или евтина струја која сите ние ќе ја плаќаме од наш џеб, а тие евтино ќе ја користат. Нормално, ќарот ќе биде нивни, а не наш.
Ако не, се закануваат дека ќе протестирале нивните работници.
Да, во светот има глобална, стварно голема финансиска криза и илјадници фирми се затвораат, буквално, секој ден. За месец дена економската загуба, само на најголемите држави, е поголема од вкупната заработка за последниве десет години. Фирмите не добиваат пари од државата. Напротив, државата дава пари само за банки но, не за помош или подарок. Ги откупува Банките кои, потоа, преоѓаат во државна сопственост.
Кај нас, досега, имавме добра заштита од овој прв и најтежок бран. Ако се биде во ред наредните шест-седум месеци, кога се и најтешките удари, она што можеби би уследило би било полесната варијанта на заканата.
Кога во цела Европа има војна, барутот мириса насекаде.
Пазарот во Светот е во криза. Инвеститорите секаде низ Светот ги запираат инвестициите чекајќи да видат што ќе се случува понатаму.
Тешко им е на сите. Ама се закануваат само металурзите. Речиси до еден олигарси на Црвенковски. Сите збогатени од пропаѓањето на Железара, сосе пар рудници, и Технометал. Кога тие пропаѓаа по налог и план на СДСМ, се грабаше се што можеше да се ограби. А потоа да се легализира, како своја инвестиција. Како шефот на сегашниот ФЕНИ, Михајло Ватростална. Он е филмска приказна. Се збогатил, замисли, до тежок милионер како сервисер на противпожарни апарати. Ау, јеботе. Нема друг таков пример во Светот.
Зарем сеуште има сомневање зошто во времето на СДСМ немаше саглам Закон за јавни набавки, како ни за потекло на имотот?!
Сега бранковите цицалчиња бараат наши пари за спас на нивниот бизнис. Лани, тој ФЕНИ, кој е купен за само 5 милиони евра, заработи преку 60 милиони евра. Речиси колку големиот Телеком! Каде им се тие пари за сега, кога има малку работа, да им служат за одржување на бизнисот. Не пријатељу. Парите си ги земаа, а сега, кога не оди, бараат од нас. Па зарем ние пиеме нафта.
Никој не ги брани овие олигарси. Никој освен СДСМ. Како и секаде во Светот, и кај нас Социјалдемократите се залагаат за одбрана на крупниот капитал

Пропаѓале металурзите, а Владата ништо не преземала. Изјавува Лепа Рада. Придружувана од Паметниот Бучко.
Дали Лепа Рада знае дека во време на нивната власт, преку ноќ, се затворени Скопска Железара со 12.000 вработени, Металски Завод Тито со 5.000 вработени, Коце Металец со 1.200 вработени, ФАС 11 Октомври со над 2.000 вработени, Алумина... Ова е само во Скопје. Над 20.000 души, само во Скопје, останаа без работа под команда на Црвенковски, за потоа имотот да се распродаде за беспари на нему блиски разни сервисери на противпожарна опрема, шпедитери, референти на Технометал низ претставништвата...
Тие со години се и финансисери на СДСМ. Затоа Партијата сега е загрижена. Затоа Лепа Раде плаче. А жената за металургија и слободен пазар нема благе везе. Да ја прашаш за цена на нов модел на ташна Луј Витон... тоа да. Ама за металургија, и губење работа од фабрики, ни појма има, ни образ да збори после се што нејзината партија направи токму кај металурзите.
Во Горниот дом на британскиот Парламент Грофот од Шафтбери ќе повика: Зарем никој нема да застане во одбрана на богатите?!
Во Лондон, за соодветни пари, во одбрана на богатите се пријави Херберт Спенсер. Кај нас, без надомест

, онака, из љубави, богатите ги бранат Социјалдемократите предводени од Лепа Рада и Умни Бучко. Отров!
Пишува: Драган П. ЛАТАС
-----
Колку и да е новинарска курва и про-вмровски ориентиран колумнава му е 100 % на место.