Предизборни муабети
Тргни го Александар, стави му на коњот наочари, и ете ти споменик на Фрче
Избори се. Да почнеме одоздола. Од она што се збори меѓу народот.
Најголеми губитници на овие избори се Нано Ружин и Љубе Бошковски. Нано затоа што немаше среќа да биде кандидиран од својата матична партија, од СДСМ, и да биде навистина сериозен противкандидат на Ѓорѓи Иванов... а Љубе затоа што ја загуби легендата што, и онака, без основ ја градеше околу себе. По втор пат да се кандидираш против Груевски, двата пати да загубиш, а патем да му се додворуваш дека се залагаш за партијата... тоа го може само Љубе.
Како што забележа и Нано Ружин на ТВ дуелот на кандидатите, победник на изборите ќе биде професорот Иванов. Но, тоа и не е најважно. Најважно е што победуваат луѓе кои личат на нас, кои зборат како нас, кои со сопствен труд и тони загубени живци направиле кариера и фамилија... ако се како нас, а подобри од нас, тогаш и знаат кои сме, и што ни треба. Ако победуваат, тогаш ние победуваме. Ако можат тие што се како нас, еден ден ќе победуваме и ние. Или нашите деца. Сеедно. Битно е да се создаде критериум.
Ерата на оние што не се како нас: трик мајстори, шемаџии, кафански академици, сплеткари, пушачи по амбасади, муватори, партиски ланци од медиокритети, бубуљичави полтрони и општествена тиња... полека завршува.
Последен во таа низа е
Шугата, кандидатот на СДСМ, Љубомир Фрчкоски. Човекот за кој никој друг во неговиот живот, дури ни родената мајка, не рекла дека верува во него. Никој јавно не рекол дека верува во него, освен Бранко Црвенковски. А верува во него затоа што го фаќа уплав од промените. Од тоа дека победуваат нови луѓе. Што личат на нас, а не на нив. Што паѓа системот во кој Фрчкоски и Бранко беа чалами и газди, а сите ние други стечајна маса, пациенти, гласачка машина, ФИРОМ-ци без право на национална гордост...
И сега, после се, оние што го продадоа името Македонија за ФИРОМ се нудат да го решат спорот со Грција околу името. Оној Фрче, што Глигоров во своите мемоари го обвини дека за пари тргувал со Грците околу ФИРОМ, сега имал решение за името. Пари веќе нема, и затоа решение - има.
Фрче и Бранко сеат страв. Само страв, и ништо друго. За друго треба памет и работа. Страв дека сме изолирани од Европа. Во време кога имаме своја војска во НАТО мисии... во време кога сме и официјални кандидати за прием во ЕУ... во време кога Европа завршува постапка за укинување визи со Македонија!
Фрчкоски му е последна шанса на Бранко да се задржат старите системи на вредности, и старите критериуми во кои тие функционираат. Затоа и двајцата не разбраа: не е Фрчко тука за да се заебава со народот, како порано. Сега Бранко и Фрчко се предмет на заебанција. Како сега, така и во иднина. Дури никој не ги ни мрази... само се заебаваат, и потсмеваат на нивна сметка.
Фрчкоски и Бранко излегоа со две тези кои паднаа уште на почеток. Македонија не е античка, и Груевски не кара со Грција со подигањето споменик на Александар Македонски.
Па и да подигне Груевски таков споменик, Бранко утре ќе може да го пренамени во споменик на Фрчкоски. Тргни го Александар, и стави му на коњот наочари - и ете ти споменик на Љубомир Фрчкоски.
А што се слуша меѓу народот за фазонот кој Фрчкоски, секако и тоа без основ, го фура за себе дека е нашетан интелектуалец со добро врски низ светот?
Му се жалел Фрче на Бранко дека бил во Кенија на Сафари, и дека му се десило некој орангутан да го фати, и да му го натегне отпозади.
"Шо има везе - му вика Бранко - можело и овде у Скопје да ти се деси".
"Да бе, лесно ти е тебе - одговора Фрче. Ама еве секој ден, по цел ден, ми праќа пораки на мобилен, и ми пишува писма, Дерман немам од орангутанот".
Од перспектива на Фрчето, важно е - има комуникација со Светот.
Инаку, Фрче кај Бранко стана министер за надворешни, а не знаеше англиски. Паралелно министеруваше и одеше на курс. Ете, толку е шетан и американзиран. Има дури и легенди за тоа.
Фрче, на 11 септември, бил по некој бизнис во Трејд центарот во Њујорк кога удрија авионите во кулите и ги срушија. Слегнува прашината од зградите, излегува Фрче од под рушевините и вика: "ебате техниката америчка, у живот немам видено ваков аеродром".
Онаа приказна кога Груевски решил да го спашава Бранко од изборна депресија, и го изнел малце у град,
па му нашол и курва што заедно ја плескале... па му рекол на Бранко дека може и да се сменат... нема сега да го зборам. Безобразен е

Ете, тоа се предизборните муабети.
Пишува: Драган П. ЛАТАС
Хахаха...човеков е луд...неам зборови додека го читав се кинев од смеење поготово за тоа со коњот-Фрч...
И сеа нека рипаат колку сакаат комуњарите со одговори од типот "браво смеј се на кретени"...или "и ти си пореметен ко него"...ама џабе ви е кога вие немате ваков човек...вие имате само
ПЛАТФОРМЕРС(што го провоцираат народот во национален контекст):pos2::pos2::pos2::pos2::pos2: