Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Отсекогаш малите непланирани нешта долевале повеќе оптимизам. Така вчерашната и денешната дружба ме отрезни повеќе отколку целото вино испиено за нова година.
Ми недостасуваат некои луѓе, сум станал ептен moody во овие неколку периоди.
 
Хороскопот ми кажува дека вечер ќе се напрвам статива,и види за некое чудо за ова никад не ме излажал:icon_lol:
 
Коледари - Разочарување на денот(n)

Кога бев помал паметам каков расур правевме низ маалото наше, по 3 најлони сме полнеле, и баш тогаш си мислев што да им давам на коледарите кога ќе пораснам.

Се одлучив за пари, пошо тие на времето беа "главни":icon_mrgr:
Денеска све спремно а коледарчиња никаде, абе само едно дете само помина, ништо друго, а во маалото има деца како никогаш, полно е, ама незнам зошто никаде ги немаше. :unsure:

Сакав да излезам јас да ги анимирам малце, да не го пропуштат овај преубав ден.
 
Ниту еден коледар оваа година, можеби и дошол некој, ама веројатно не бил доволно гласен па не сум го слушнал. Штета, порано стварно си ја почитувавме традицијата, така беа научени и децата и возрасните, сега фали уште преку фејсбук да се коледува, до таму стигнавме.
 
Еј Драга не сакам да читам како сите си се дома и се заедно со фамилијата.:place: :place: Го имам заборавено тоа чувство, празници, ручек од мама, сите дома.... сега секој со својата работа.
 
Можеби гејците не не признаваат под уставно име, ама затоа африканците признаваат дека:
156319_175238445834117_6977068_n.jpg
 
Прифатен е предлогот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Државниот универзитет во Тетово, кој се однесува на промена на просекот за упис на високообразовните установи за образование на наставници од областа на спортот, од 4.00 на 3.00;

Алал да му е какви се предлози и што се се прифатило само за подобрување на обрзованието е предлогов. Нека ни се множат уште понеписмени високообразовани сограѓани.
 
Честит Бадник на сите. Само благосостојба да ве следи. :hug:
Најубави празници се овие, каква Нова Година какви глупости, Бадник и Божиќ си ги празнувам јас. :D
 
Легендата вели дека деновиве на фејсбук не постои девојче што го споделило видеоно со "Kids were asked to slap a girl"

И што покажувате со видеото ако го споделите ? Демек ве тепаат сите па као "ЕВЕ ТИ РЕКОВ НЕ Е ПРАВИЛНО ДА МЕ МАВАШ И ВИДЕОВО ГО ПОКАЖУВА ТОА !"

Демек леле што измислило видеото, нешто неверојатно што сите не го знаевме..као еве ние сите од дома сме воспитувани да тепаме девојчиња ама ете видеово треба да ни покаже дека лошо сме биле воспитани ?

Ако вака лесно се добива виралност да направам и ја некое видео "THESE KIDS WERE ASKED TO RAPE A HORSE...THEY DENIED !"
 
Јас како охриџанка се осеќам запоставено на фб зш ние паричката ја бараме на Василица и оган палиме тогаш, дур објавам дека ми паднала паричката поминала модата. :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom