Драга знаеш дека живееш во вукојебина од држава кога идеш во државна болница на прегледи и те држат цели три дена. Не е проблемот во лежењето колку што е проблемот што не се знае процедурава и што ќе те испитуваат. Само ти доаѓа у соба, ајде идеме да правиме ова, да правиме она, ни ти велат дали да јадеш ни дали да не. И така вчера наместо да го известат татко ми дека ќе прави ехо и да не јаде, тие ништо не му рекоа и сеа цел викенд мора да седи лежи таму за во понеделник да му прават ехо. Глупости.
Заебано е чувството да го гледаш татко ти, таква бестрашна, строга фигура да се плаши за својот живот. Иако упорно го тоа негира, го чувствуваш, да не зборам пак за драмата што ти ја приредуиваат дома.