Е кој ќе игра со мене,никој не сака да си игра со мене,ете тоа да ти го кажам...
и многу, многу страдања овие денови,многу убиства,умирања и многу смрт.
а да и ова, вадам деновиве забите од ова стара глава,па неможам многу да работам со чекан и земав така да прочитам нешто,денес тоа беше книгата „Писмата до Олга“-В.Х.
епа еве нешто(о што се буниш,сакаш да ми кажеш има тема за литература) о не.
-... Мила Олга ----------------------------------------------------------10 0ктомври 1981
дека во секој момент можеме да умреме и дека еднаш мора да умреме,тоа се разбира,сите го знаеме,но сепак колку што може се обидуваме да не мислиме на тоа.Но ако на тој начин успеавме да ја отфрлиме мислата за смрта од центарот на нашата свест,тоа,се разбира,не значи дека сме ја избркале смртта и од нашиот живот.
Мислам дека свеста е многу влијателна компонента на нашиот организам и дека нашата желба за живот воопшто не произлегува од тоа што сме способни да заборавиме на смртта,туку напротив: токму свеста за смртта е вистинскиот аспект на секоја,вистински човечка,т.с. свесна желба за животот...
Смртта во нас не е,се разбира,присутна само како трајна опасност,туку не следи уште од првата секунда на нашиот живот,пред се, како наша судбина...“