Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Кајгич, следува најдосадниот период од средно. Многу го тупат со матура, бе. :icon_mrgr: За на бал се спремаат мислиш уште од сега. :tapp:А женскиве па да не зборам. :icon_mrgr: Боже сачувај се. :icon_mrgr: Не за друго, туку кој ќе слуша муабети во следниов период, кој/што ќе носи? Booring. :sleep:

Јас само се надевам дека нема да капитулирам на математика матура, за друго баш ми е гајле. :D Иначе оваа другаркава ми се жали како трипати сум и' се сопнала на чизмата. Виии ја ти неа, евиденција ми водела. :ROFLMAO:

Патем деновиве некој слушнав како пее некоја песна: Ти моје злато, ти моје златоооо. Ти моје златоо, ти моје златоооо. И сега нејќе да се одлепи од глава. А поима неам која песна е, а камо ли кој ја пее. :mad: Не сакам ни да ја прогуглам, така уште повеќе ќе ми се залепи во глава. :cautious: Само тие три збора ги знам, ама ете, доволни биле за да ме прогонува веќе три дена. (n)
 
Прирачник како се проверува мобилноста на немобилизирани лица

1. Направи ја мобилната лекарска комисија немобилна, додека неподвижните лица мобилни со тоа што ќе ја лоцираш комисијата само во два града во државата.

2.Кога неподвижното лице ќе се појави пред комисијата со амбулатна кола која чини од 2500 доп 6000 ден. во зависност каде ќе се пренесува неподвижното лице делувај строго професионално.

3.Кога ќе се провери од комисијата неподвижното лице, прашај го како може да е неподвижно кога успеало да се движи 100тина и кусуро км.


Никола Тодоров

Правник, министер за образование, министер за здравство, полимат, стоик, соработник на Макс Бункер, емпатист, генијалец...

nikola-todorov.jpg
 
Да се надоврзам на муабетот на @blue ladybug , јас често станувам порано пред алармот. Туку не можам и ме мрзи веќе да "арчам" тастатура, бидејќи не можам да Ви го доловам моментот, но сликава би требало, на некој начин. :D

watching-your-alarm-clock-meme.jpg
 
Последно уредено од модератор:
Моментот кога премногу ти се пие чај и онака со мерак си го стоплил, а од лакомост што побрзо да се напиеш си брцаш со лажичката у око. :facepalm:

Не знам кој пенис ми е, али последниве три дена не можам да се изнаспијам. Абе не можам да се расонам еј, топ мислам дека нема да ме разбуди, а у глобала ич не сум спанко и доволни ми се 5-6 саати спиење и ко нов сум.
 
Драга ...

кога во автобус ќе слушнам шљап шљап шљап шљап ... ауууу ми иде да им ја земам мастиката и да им ја начукам у око.
 
Си дојдов дома (конечно), се избањав (конечно), влегов во соба да се облекувам, отварам фиоката, си вадам термо чорапи, мајца... Њхат?!? Мајка ми пак ги измешала алиштата... Сега ќе се шетам по дома со бела (розова:cautious:) мајца...:гомце::гомце:
 
Денски работел на црно, а ноќе на бело, авиони, камиони, Версаче одело :facepalm:...
:pos::pos:
 
Драга,

Ја читам Шумеча за матурата и си викам еј види, децава уште од сега се спремаат за матура (полагањето). Па продолжувам да читам и стигам до делот за тоа женските што ќе носеле. Тогаш идам до тој wtf момент, т.е. си мислам што е битно на полагање што ќе носат. :confused:
И се чудам некоја секунда пред уствари да ми светне дека она мисли за матурата бе, тоа кога сите одат во некој мотел, хотел или што и да е, па после дупка се праат во некој кафич, додека домашните твои чекаат гости ко за на свадба.
Оваа година ќе биде 5 години од мојата матура, ваљда тогаш се прави тој официјалниот, прв собир. Колку што сум во тек со настаните со тие од клас, две-три ќе дојдат со дете, некои со уште незавршен факултет, некои ќе бидат задоволни со живеењето од денес за утре, битно, добро ќе се помине тој дел, освен ако не сме се промениле ептен. Јас стварно врска немам што ќе правам за 6-7 месеци, иако другарка ми ми посочи дека многу ми се променил животот за една година. Ме замисли, оти јас некако лагано си живеев. Обично ги согледувам сама промените и страв ми е од нив, но некако иако со највеќе промени, многу мирно ми помина оваа година. Добро, има уште месец дена. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom