Драга,
имав многу работи шо сакав да ти ги кажам у моментите кога заспивам. Најчесто се такви мисли шо лутаат, у момент кога дури и тоа субјективното критичко гледиште за естетика ми е исклучено, па сите тие хаотични мисли си ги доживувам за ремек дела и уметност. И секогаш си велев као океј ај утре ќе и ги кажам на драгата. Ама до утре беа заборавени. Може за среќа шо е така.
У последно време се повеќе се дешава да размислувам и да се фасцинирам од тоа колку скоро минува времето. За некои такви ситни нешта. Као дека поминале скоро 5 години кога се симнав од такси у февруарска кочан ладно утро за да прашам познаник дали Аватар освоил оскар. И да се смрзнам до школо у наредните 10 минути додека одев пешки. But it was worth it. Оти срањето од филм не го земало оскарот за најбољи филм.
Или дека поминале скоро 10 години откога чичкото шо продаваше банички пред школо се пресели у странство, па од тогаш го барам вкусот на тие банички кои повеќе имаа сол него ли сирење. Ама беа најубави, маме им ебеш, човече. И ваљда никогаш повеќе нема да ги вкусам. Освен ако не се вратам пак у основно.
И дека поминале 15+ години од денот кога се сокрив позади фикусот на првиот школски ден.
Не, не се shots of awe, барем не од нели објективна гледна точка, ама лично јас си ги доживувам баш така. Се фасцинирам од тоа колку скоро минува времето, од тоа колку сум се променил себеси, колку сум успеал да го земам животот во свои раце, и да го обликувам. Некогаш скроз сирово, некогаш со финеси, некогаш ко тесто, некогаш ко глина, ама имам се повеќе и повеќе контрола над сето тоа шо ми се дешава, и се подобро можам да одговорам на предизвиците со кои се соочувам. Шо е одлично. Шо никогаш претходно не ми се десило. Не, не е совршено, ама е се подобро и подобро.
Хух!