Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Некој ден ќе начекам некој од модераториве и ќе го тепам чисто онака од забава, се надевам со салата и ракија до мене. У природа :)
 
Кеј,

Со насилство ништо не се решава. Ич не е ни забавно да се тепаш. Болни фрустрирани умови само можат да се тепаат од забава. И тинејџери на кои им пукаат хормоните во глава.
Јас сум за love, peace and harmony. :pipi:
И за по една ракија. Со салата. :)
 
Си биле умот и разумот, се фатиле под рака еден со друг и заминале вo најблиската шума. Им се заубаело таму, па така не ни помислувале за враќање назад. Талкале што талкале, зажедниле што зажедниле, па нашле некој ископан бунар со ладна планинска вода и решиле да се напијаат од истата. Прво слегол едниот, по него и другиот за на крај да се заглават и испоудават во бунарот.

Кратка приказна за килавата младина во Македонија, со посебен акцент на оние од тинејџ периодот.

Прекрасен културен настан, со хор од Русија составен од 14 вокали, кој не посвети внимание само на црковната музика која знае да биде волшепство ако се изведе со помош на најразлични вокали, туку и пееја некои песни од првата и втората светска војна од руски композитори, за на крај да завршат со неколку македонски традиционални песни. Плус без пари (ако е до парите да речиме). Плус како на џез фестивалот (кој исто е без пари) само луѓе над 50-ката и чат пат по некоја млада залутана душа. Толку да се немало интерес за ништо......................Битно шундот си гази.....
 
Последно уредено:
Драга,
Имам една пријателка со навика сама да си ги лајкнува сите објави на фб. И кажувавме неколку пати колку е тоа бесмислено и глупо и обично наидувавме на одговор: „Па нормално е да ми се допаѓа штом го објавувам“ :facepalm:
Вечерва постирала една песна и за првпат не си стаила лајк.
И еве сега се мислам, дали конечно реши да престане сама да си става лајкови... или можеби само не е сигурна дека песната и се допаѓа. :cautious:
 
Драга,

имав многу работи шо сакав да ти ги кажам у моментите кога заспивам. Најчесто се такви мисли шо лутаат, у момент кога дури и тоа субјективното критичко гледиште за естетика ми е исклучено, па сите тие хаотични мисли си ги доживувам за ремек дела и уметност. И секогаш си велев као океј ај утре ќе и ги кажам на драгата. Ама до утре беа заборавени. Може за среќа шо е така.

У последно време се повеќе се дешава да размислувам и да се фасцинирам од тоа колку скоро минува времето. За некои такви ситни нешта. Као дека поминале скоро 5 години кога се симнав од такси у февруарска кочан ладно утро за да прашам познаник дали Аватар освоил оскар. И да се смрзнам до школо у наредните 10 минути додека одев пешки. But it was worth it. Оти срањето од филм не го земало оскарот за најбољи филм.
Или дека поминале скоро 10 години откога чичкото шо продаваше банички пред школо се пресели у странство, па од тогаш го барам вкусот на тие банички кои повеќе имаа сол него ли сирење. Ама беа најубави, маме им ебеш, човече. И ваљда никогаш повеќе нема да ги вкусам. Освен ако не се вратам пак у основно.
И дека поминале 15+ години од денот кога се сокрив позади фикусот на првиот школски ден.

Не, не се shots of awe, барем не од нели објективна гледна точка, ама лично јас си ги доживувам баш така. Се фасцинирам од тоа колку скоро минува времето, од тоа колку сум се променил себеси, колку сум успеал да го земам животот во свои раце, и да го обликувам. Некогаш скроз сирово, некогаш со финеси, некогаш ко тесто, некогаш ко глина, ама имам се повеќе и повеќе контрола над сето тоа шо ми се дешава, и се подобро можам да одговорам на предизвиците со кои се соочувам. Шо е одлично. Шо никогаш претходно не ми се десило. Не, не е совршено, ама е се подобро и подобро.

Хух!
 
Колку е добро чуството кога работите се одвиваат според испланираното :)
 
Пред 125 години се собрале револуционерите,вечерва се собраа хулиганите и го растурија дамар.Испровоцирани од педерите што решиле и тие да слават на иста дата.
 
ДК
Некој играл билијард, некој барал друштво за ракија... Ај тука јавно зашто е веројатно една од најгледаните теми. @StormRage @Andrew @kooperativa @blue ladybug и остали изгубени или најдени чеда рокери металци, среднисти или бесни глисти. Утре и задутре има метал свирки, утре чинам се Верка, задутре неколку други бенда, како и да е доста луѓе ја слушаат музикава затоа постирам тука, имам на ум и луѓе како @Smert @King Kai @Krk1 и многу други (turvior знам дека не е од тука и нема да дојде).
Како и да е, ќе биде ладно, ќе биде меланхолично, ако имаме среќа и ќе врне, нека врнат камења, ако треба и ќе шириме насилство, кој е за нека каже.

П.С. Btw, не останав без ракија денеска, btw No.2 камионџијата е еден до најјаките ликови во јутјуб историјата.

П.П.С. @RickyLFC9 , ти имаш специјална покана од мене, ќе пиеме ракија де, ако треба ќе го земам и карираниот чаршаф од спотовите на Тома и ќе кршиме чаши на АЦА!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom