Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
kej

1488044_608541699267756_366513773883127981_n.png
 
Драга Кајгана,
23 октомври 2009 година, беше денот кога умре мојот папагал.
Се сеќавам дека 2003/2004 година постојано им кажував на моите по дома дека сакам да внесеме нов член во нашиот дом. Дека сакам да купиме папагал. Тоа беше една моја чудна желба за која и јас незнам од каде се појави, но едноставно сакав дома да имаме папагал. Милениче кое постојано ќе ни свири по дома и ќе не весели. Моите постојано ми викаа што ќе ни е папагал дома, обврска е тоа и ми даваа до знаење дека несакаат дома да имаме папагал.

Не се сеќавам доволно добро, дали тоа беше за мојот роденден или нешто подоцна, но дома дојдоа баба ми и дедо ми и ми поклонија кафез, бел, со жолта основа, поилка за вода и канче за храна. Јас се чудев на овој поклон, но потоа сите ми кажаа дека и они сакаат и дека дозволуваат дома да внесеме нов член. Целиот таков израдуван незнаев кај ми е главата. Урлав од среќа, осеќав некоја возбуда во стомакот.

Следниот ден или денови, памтам дека со татко ми отидовме во продавницата за животни и заедно го биравме папагалчето. Можеби во продавницата имаше 50тина папагали, сите разнобојни, незнаев кој да го изберам. Продавачката ми посочи еден папагал кој се разликуваше од сите. Онака сам седнат, мижејќи и ќутејќи. Јас се согласив реков тој го земаме. Го донесовме дома во хартиената кутија, го ставивме во кафезот и папагалот веднаш се качи на лулашката и во следните неколку дена само ќутеше.

Еден сончев ден надвор излегов надвор да играм баскет, но се сопнав и коленото го одрав од жешкиот бетон и тоа доста. Отидов дома да се измијам и што да видам. Папагалчето кое беше ептен младо одејќи по основата лево десно, почна и да свири. Реално се израдував, не се вратив надвор, цел ден со папагалчето го поминав.

Бидејќи беше тигрица, а тигриците само гракаат и испуштаат некои чудни звуци не очекував дека ќе прозбори. Но и тоа се случи. Почна да ги изговара нашите имиња, почна да изговара што правиш, како си, а подоцна и други зборови, но никогаш не гракаше и не испушташе чудни звуци, само збореше и само пееше. Покрај сето тоа незнаеше да лета, т.е. тоа можеби тоа беше така затоа што многу не го пуштавме по дома како мало.

Таа птица почнав да ја сметам за мој најдобар другар, бидејќи беше машко. Секогаш кога ми беше тешко му се исповедував, бидејќи знаев дека само он нема на никого да ме издаде. Секогаш кога бев тажен или кога бевме болни, кога имав падови во школото, во друштвото, кога бевме по дома влезени во некоја кавга, секогаш он беше тука за да не развесели, да не смири, едноставно со неговата песна ни даваше некој мир и хармонија.
Секогаш кога ќе почневме да се караме по дома он се надвикуваше, ни даваше до знаење дека треба да прекинеме. Научи и да прави акробации, што навистина не зачуди, нешто необично кое ниту едно животно, камоли птица го прави. Кога бев или бевме тажни секогаш пееше, секогаш ги правеше тие акробации, со цел да не развесели. Кога плачев, а он беше пуштен од кафезот, веднаш доаѓаше до моето или нашето лице. Се припикуваше до очите, ни даваше до знаење дека треба да се насмееме, да прекинеме со плачење и да продолжиме понатаму.

Многу летни одмори ги изодевме со него. Заедно со нас, во кола, низ сите тие долги патишта патуваше и он. Свиреше, збореше, не веселеше, не смееше. Едноставно неколку часовните патувања со него ни поминуваа како неколку минутни патувања.
Кога си легнувавме му свирнувавме, а он ни враќаше. Кога ќе прекиневме со свиркање, он продожуваше со тивко свиркање, со цел да види дали сме заспале. Доколку му дадеше лист хартија веднаш ќе почнеше да го грицка и да прави картиени топчиња. Додека учевме училишните книги и листови ни ги правеше се со рецки. Едноставно секогаш беше покрај мене и покрај нас.

Но незнам што се случи тој октомвриски ден. Кога станавме утрото надвор беше облачно и ладно, затоа и отидов во дневната за да видам дали му е ладно и што прави. Го видов, но не беше оној мој другар кој го гледав секој ден. Беше некако надуен, мижеше. Сфатив дека е болен.
Неќеше ни да јаде, ни да пие вода, не реагираше на ништо што ние ќе му рековме. Едноставно жмиреше. Одевме на ветеринар, тој му даваше некои витамини, ни даваше лажна надеж дека ќе го излечи. Имав надеж, не викам дека не, силно верувам дека мојот другар ќе оздрави и дека ќе пиде повторно како што беше пред да се разболи.

Осум дена постојано одевме на ветеринар и баравме помош за да го излечиме, но ветеринарот, гадот, незнаеше што повеќе да прави и ни рече дека и баба му имала 80 години, па што сега.
Вечерта се случи нешто чудно. Додека гледавме телевизија папагалчето стана, ги отвори тие убави црни очи, отиде да јаде, се напи вода, се исчисти со клунот пердув по пердув, си поигра со играчката, си го наостри клунот, се качи на неговата најомилена лулашка, се полула. Се израдувавме, си рековме дека оздравел, но всушност он се подготвуваше за крајот, за неговата смрт.

23 октомври 2009 година беше црн ден. Времето надвор беше врнежливо, облачно, тмурно. Станав од спиење радосен да го видам мојот најдобар другар како е оздравен, но го немаше во дневната. Го барав и во другите соби, но го немаше. Ја прашав мајка ми каде е, но она ми рече дека умрел. Тоа беше момент кога сите чувства и спомени поминаа низ мене. Почнав да вриштам, да плачам. Јас сум личност која ретко кога ги изразува своите чувства, личност која е повлечена, но благодарение на папагалчето беше по опуштена. Тоа беше денот кога се слушна мојот најсилен плач, денот кога од моите очи истекоа премногу солзи, денот кога се осетив сам, денот кога мојата душа доби црна точка која не се брише. Се сеќавам дека на татко ми му реков да го закопа некаде, само да не биде фрлен.

23 октомври можеби за некои е ден за прославување, но за мене е еден црн ден, ден кога умре мојот најдобар другар. Времето од тогаш навака на тој ден секогаш е исто, врнежливо, облачно и тмурно. Додека го пишувам ова плачам и само плачам, затоа што повредената душа и лошите чувства секоја година ги има, но мојот другар не.

Јас знам дека знае, дека он секогаш ќе биде во моето срце и душа:place::place::place::place::place:
 
ШОКАНТНО ЕКСПЛУЗИВНО ДР.СЛАЃАНА ВЕЛКОВ НЕМА МЕДИЦИНСКО ОБРАЗОВАНИЕ НИТУ ДОКТОРСКА ДИПЛОМА !
Добро утро :pos:
 
Драга,
Ми се исполнува срце кога гледам дека нешто се прави со љубов и од срце. За талентов имав читано и порано, а еве видов и на кајгана уште еднаш. Мали! Секоја чест, солзи ми дојдоа на очи кога го гледав видеото и ме потсети на најубавите години во мојот живот. Со спорт се бавам целиот мој живот, можеби не професионално ниту пак сум имал услови за така, но го обожавам спортот посебно кошарката, имаше период од животот кога живеев за тоа. Период кога станував во 5 наутро за да шутирам тројки за да сум подобар, период кога играв и преку 5 саати на ден и се карав со моите бидејќи мораше да учам до касно тоа што беше за на училиште. Започнав да тренирам и брзо се откажав пред се бидејќи ми беше далеку од дома, а според моите дома бев мал да одам сам во 19-20 часот на тренинзи и да се враќам пак сам касно навечер. И пак за крај секоја чест, мали ме воодушеви :cuc::cuc::cuc:
Една поговорка ми доаѓа за ова во контекст со ова „Дури имав со што, немав во што. Сега имам во што, но немам со што.“ Тогаш бев мал и неможев да тренирам, сега сум голем и немам време.Ебаниот ебан, тепаниот тепан јбг ;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom