Драга...
... нема да се сложам со муабетиве дека е лицемерие, претеризам и не знам што ако постираш песна од Тоше денеска. Не знам зашто се гледа на тој начин на тоа, како некој демек привлекува внимание ако постира песна. Па тоа си е еден вид искажување почит, како на помен на некоја почината личност да и отидеш на гробишта и некој да ти каже "што не му идеш обичен ден туку баш на поменот?". Глупости. Ден посветен на него е, и секој има право да си посветува и остава песни, ништо не е претерано. А ако постираш песна сега, а не постираш друг пат, не значи дека не го слушаш стварно. Од кога постирањето песни у "Хит на Денот", "Што слушаме во моментот" и на wall на ФБ стана еден вид "доказ" дека ти уствари слушаш некој? Може некој го слуша, а не го постира тоа? Морам да постирам тоа што го слушам, иначе немам "доказ"? Think about it.
Слободно оставајте песни од него луѓе, ова е ден посветен на него, ништо не е премногу.