Драги
What a night last night ...
Од воена криза со брат ми во врска со тоа кој ќе ја троши преостанатата вода за туширање (и по кој редослед), до криза во врска со клучевите дали ќе ги најдам на време или ќе трчам по автобус, до фаќање такси после каде таксистов поим нема каде се наоѓаат некои од најпрометните и препознатливи поими за места во строг центар на градов, па шетање одоколу ради таксистов (бидејќи многу го бива) ко да правиме географска обиколка на Westeros или Middle Earth со другаркава ... Абе што да ти кажам ...
Фала богу некако се најдовме со остатокот од друштвово и седнавме на едно интересно место каде немаат од повеќето работи кои ги пишува на мени, ама битно тоа што го имаа беше супер. Воедно ќебапите. Беа факинг амејзинг. Можеби ќе се посети пак, ако пак сум со добро друштво. Нека е за арно, се наздрави и за боље денови. Лето ко лето, сите го чекаме да ни се насмевне со позитивни настани и дешавки, али јебеш га, некогаш и глупости ќе ти се случат. Среќа може што на сите ни се собраа такви работи за релативно кратко време па се пронаоѓаме повеќе или помалку во приказната на другиот/ата, полесно се разбирате и, нормално, bonding experience a la e terris de astra.
Имам подзаборавено како се конзумира поголемо количество алкохол (и разновидно, кога сме кај тоа) без притоа да почнам или да се блесавам, да губам осет за ориентација (кој и така и така не е на високо ниво), борби со гравитација, или да земе да ми се спие. Последново е ужас за друштво кое излегло со намера да остане до колку може покасно и да има релативно одличен провод. Релативно, во случајов, е лепенка за барем последната четвртина од вечерта може да се заокружи. Не би мењавал ништо и покрај тоа. Јапанцине беа супер. Уствари, повеќе од супер, беа god damn феномен. Фала на тие што не поканија и тие што предложија сепак да отидеме да дадеме некој recognition на момцине. Чекав малку да ми се избистри главава, некоја ретроспектива на вечерта да си направам, на трезно, пред да пишам било што. Вчера мислам дека буквите и бројките од тастатурата ми шетаа по биро. Сериозен сум. Факинг џин тоник. Треба почесто да го пијам. Ем орасположува, ем те праи ко да немаш една ебана грижа во светот и шо знам, освежува? (дека лето де).
Also, I think I got hit heavily last night. Heavily might be an understatement too. Имено, стварно згоден фраер, friend of a friend ситуација, тро пијан, тро желен за внимание (кој го нејќе тоа бе?), и во друштво со пијан мајмун ко мене. Тути-фрути комбинација. Останува енигма дали типот исклучиво беше по жени и ова беше пијан момент, или може нешто друго испливало на површина, баш ради тој пијан момент, али, што знам. I was "manhandled" a little (?). Не дека не се случило нешто слично и претходно, ама ова беше на некое ново ниво. Плус во друштво на три згодни девојки некако на мене да се закачи ми беше твајлајт момент. Обично јас сум тој што се пушта, не обратно. Да беше друга ситуација, да не сум во друштво, да не сум на отворено, може ќе оставев да се движи по нагорна линија ко што се билдаше моментот. Јебига, глупава ситуација. Може и нема везе, може е пијана личност која станала too cuddly for safe bet, и ја претерувам. Ги обвинувам алкохолот и полната месечина. Најтрагично драги, е дека тоа што се случи со типов беше повеќе физичка акција што сум ја добил од машко од се друго последнава година ипол. Уште малце две ќе стане. Тоа што цел параграф за таа глупост е посветен овде, исто така е еден вид зачин за трагедијава да е помрсна. I seriously need to get fucking laid. Fuck my love life.
tl;dr:
Друштвото е се, чувај го. Пиј, ако тоа те орасположува. Згодни, навидум стрејт фраери постају сумњиви кад се тиче велика уноса алкохола. Fuck my love life.