Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
„уште 4-5 дена па домашна (нинџа желки) па бла бла бла“

*поправено

:)
 
Драга Кајгана,
Бегајќи од реалноста одиме на далечни места, места каде сакаме лошото да го исфрлиме од нас, седејќи на клупа и гледајќи кон чистото небо полно со ѕвезди каде свети месечината, почнуваме да сфаќаме дека колку и да бегаме, реалноста ќе не следи. И тогаш човекот сфаќа дека неможе ништо, само знае дека во тој момент му треба само љубов и утеха за да ја земе реалноста во свои реце, па ако може нешто да промени на подобро.

:)
 
Драга брат пеер, поарно и да не знаеш у каков период сум завлезен ('за' одделно да не треба?) .. тешки лајна, коњски.
Ќе испукам како киселата вода од пред три недели. (билбо знае..).
Башка не знам кој кур ми е со заградите во постот.
 
хај ДиКеј,
После долго време ти пишувам. Знам дека ти фалев.
Што е ново? Па освен што после долго време што ти пишувам, и пауза од две недели без работа и безделничење се вратив на старо, пак се вратив да работам, и веќе една недела како работам ама сеа не работам на плата, туку на дневница плус бакшиш.:sneaky: Искрено не сум многу среќен што работам, ама со факултетов сум принуден, парите полека, полека се трошат, и ко ќе видиш си останал на ништо, згора на тоа и твоите неможат да си покријат свои сметки и трошоци, па уште и да им барам било што, не иде. Затоа периодов ми е ептен кнап, напнат и сум растргнат на сите страни. Факултет и спремање испити, работа, другари и guilty pleasure девојка. И засега наоѓам некој баланс, додуша и убаво ми е што сум кнап затоа што поубаво се чувствувам и организирам кога немам слободно време да размислувам за теории на заговор и депресии.
Интересното е што многу ми е подобрена ситуацијата со темпераментот и самоконтрола. Деновиве добивам нови колеги и шеф со кој очигледно ќе биде повуци-потегни работа, ама со сите овие натегања со газди, колеги и муштерии најверојатно сум научил да се контролирам, и денес на дело се докажа тоа, така да, среќен сум, среќен сум што конечно после толку време се научив да имам контрола на мојов темперамент. И не само за тоа, туку и општо сум посмирен и размислувам у такви моменти, досега тоа ми е било најголема маана карактерна и све, многу сум пропатил заради тоа, а еве сасвим случајно, спонтано почнувам да се менувам.
И тако то..
 
Бејби,
Се надевам ова е последен пат што го кажувам ова, ама во Октомври идам дома :D Си направив листа што треба да правам и кој да видам и вака си останав :eek: Незнам како ќе имам време. Многу сакам ама нешто ми вика дека нема се' што сакам да ми се исполни. Најмала шанса е дека ќе летам со падобран :( А баш си се израдував пошо сме имале пријател на кој тоа му е хоби.
Да мислиме на позитивното, бебето ќе го видам дефинитивно :D Му направив и капче и чорапчиња :X3: И си реков морам да престанам за нејзе да плетам, колку и да се неодоливо слатки сите работи :X3:
Сега почнав да си плетам за мене летни панталони :cool: И на кучето му се видел материјалот интересен ваљда, и сите ми ги испоплетка :cautious: Ќе ја убиев. 2 дена ги отплетувам и уште имам да терам... Има среќа што ја сакам :D
Утепана сум иначе. Не си легнувам на време, а станувам рано и плус работам. И вчера кучињава решија дека нема да ми дадат да спијам без престан. Едно лае на нешто надвор, друго копа да си го направи теписонот демек помек :LOL:, трето плаче пошо надвор грми.... Циркузи. И увек бираат ноќи кога треба да се стане УЛТРА рано сабајлето. Едвај чекам да помине месец дена, да одморам 2 цели вечери од сите :D
Имав многу чуден сон пред некој ден. Незнам дали потсвеста ми работи или што :unsure: И уште незнам каков ми е ставот на таа тема. Мислам дека нема јас да превземам никаква иницијатива, иако веројатно баш јас сум таа што треба. Ама и да сакав, везе неам што да кажам. Не е моја кривица, нејзина е. А и било кој од нас да превземе иницијатива, незнам колку тоа нешто ќе смени. Живееме на различни страни на светот и веројатно никогаш нема да се видиме... За по скајп имам еден тон луѓе...
Утре разговор со адвокатот па после ќе бидеме добри соседи :D Ивентфул деј. Се надевам позитивен :pipi:
 
У задњо време секој викенд ова ми се дешава:icon_lol:,само добро е додека не е и преку недела.
tumblr_m08805otk61qg39ewo1_500.gif
 
Не знам што ќе правам со несоницава и дали некогаш ќе си го оправам биоритамов. Сакам да спијам, со години истата приказна. Не гледам чаре... Башка моториве што ми брмчат под тераса, сериозно не помагаат во моето заспивање. Еве веќе е разденето, а јас сум пуштила Family Guy во надеж дека ќе заспијам наскоро.
 
И што да правам со оваа хиперакција во ова време? :D
 
Драга да не те има мавнато топлото во глава?Нешо мн ми забегуваш во последно.Јас искрено се надевам дека е од топлото.
 
Последно уредено од модератор:
Пијани 3 часовни разговори со прекрасна словенка. И ништо друго не ми беше важно. Наскоро крај на авантурата во Брно, бар има убав крај.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom