Некое време веќе барам објективни информации за состојбата во Газа. И после сите слики од натрупани мртовци, осакатени кафеави луѓе, разрушени колиби и куќарки, пожари, плач, чад и фб статуси, наидов на ова:
И во право е. Мислам, нема зошто да лаже. Изгледа како доста искрена, чесна и воспитана девојка. Ако таа за својот народ вели дека тоа се топли, питоми и гостопримливи луѓе, искрено не наоѓам НИЕДНА причина да не и верувам. Политичарите се производ на народот, а штом народот е топол и гостпоримлив, таквите политичари по автоматизам се неспособни да нанесат едно вакво холокаустично зло. Нели? Нели. Следствено, оние гнасни цигани очигледно биле и провокатори и извршители на најголемиот дел од зулумите, а Израел само нерадо се брани. И од денес навивам успешно да се одбрани од овие зли наци лудаци кои сакаат да и ја окупираат земјата и да и го уништат животот, меѓу другите, и на оваа умна, скромна, невина и веројатно исплашена мома.