Драга,
Си ги запознав најмалите внучиња што уште ги немав видено! Ок, едниот братучед се ожени, али покрај тоа и ова.
Тоа поголемото, мирно е и паметно, али има чудна навика, пред да влезе низ врата, сам си го вика името, ко да се најавува, а некогаш и само така си го вика. Во деминутив, секако.

Другото, тоа е најмало, е тоа кога не рика, се пали на турбофолк песни.

Си истерав гости, си ставив секако кило плус, оти каде и да одиш само ти бутаат јадење, а ти им викаш дека си најадена, али ако, пак земи си, што има врска што желудникот ќе ти пукне. Единствено вежбање ми беше трчањето по малите, оти тие ми беа многу, многу поинтересни од возрасните и нивните досадни муабети.
А свадбата беше ок, јуначки издржав на штиклите цела вечер.
