Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
@коцка за истата слика ти зборувам ало и јас кога ќе се уклучам на моб истото ми излегува.
 
Абе дождот е убав, ама да седиш дома, да слушаш музика, да читаш нешто, да го прчиш додека надвор тура, ама ај оди без чадор дури се иссили истиот.

И така ги сушам сега патиките со фен.
 
А мене нешто ми се протестира, само неам зшто
А да, сфи ми што мислимо дека Ли Харви Осфалд е невин, да се соберемо пред америчку амбасаду
Уаааа циа, уаааа амери, дечко не е атентатор, само руски дипломатор, шпиун, намештаљка невидена.
Цела ситуација е замрсена, за да биде повише мистик убисфа га дечка после два три дна апс.Теорија на заговор, Мајкл Џексон е египетски масон, фараон,Бркла има селску веѓу,Гвујо е шпиун.

Уаааааааааа
 
Убаво ми дојде дождецов драга, еве го сега пак се прави да врне. А јас драга? Јас си седам дома, на компјутер и си ја читам големата папка со цитати од познати личности. Мене ми е добро, за вас незнам :cool:
 
драга, не смеело муабет да се прави тука, строги правила:cenzura:
 
@коцка сега е во ред зато шо ја прехостираја и зато сега ја гледаш истата слика шо ја гледаш преку десктоп,иначе претходно беше окото на Саурон!


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
У државава и за да земеш мобилен на договор што ти следува мораш да имаш пријатели.Може 10 пати бев месецов,и све ти викаат нема нема,и на крај си реков овде смрди нешто,и ајде замолив еден што работи таму,а ич не сакам да молам за вакви глупи работи.Идам денеска и нормално ми вика нема,му викам тој и тој ме прати,аа вика да ок.Што бе ок мамицата ваша да ви ја ебам,сега има а,не ми е дојдено до еден мочан мобилен си имам ја еден доста ми е.Ама некој да ме ебе у здрав памет,е тоа не дозволувам.
 
Кајг...еден ден врнеше два дена...и шо е најтрагично уште врнит.

#summertimesadness
 
10552432_901057119910921_2080421317658000312_n.jpg
 
Draga Kaygana,

Strumica, Sofija, Strumica, Petric.. loose an hour, gain an hour.. This is your life, and it's ending one minute at a time hehe.
I nisto ne si kupiv.. samo jadevme u kfc. Ronaldo deal nekoj si, duri i basak imase poso mnogu vrsti na pilesko stanuva redundant really.
A ona ni toa ne go izede. Ama imam sega novi sekjavanja. Suveniri vo vid na momenti.
Toa si kupiv.
<3
 
Драга Кајгана,

Ова е чудесен свет.
Пред некаде две и пол години се шетав со кучето по паркот, летна приквечерина со време кое што беше невообичаено ладно за годината слично како денеска, слушалките во уши и ја правам дневната рутина.
Дури и се сеќавам на песната која што одеше во моментот кога ја забележав ситуацијата за прв пат.
Дечко и девојка во рани дваеесети, седат на клупа и нешто разговараат. Девојката гледа во земја и ги трија малите рачиња, младичот одвреме ја загледува како реагира во неа и подголтнува додека разговара и се смее вештачки.
Слатко за старо магаре како мене и малку интересно (не дека не се стопувам на прв дејт и јас), ама ова се гледа дека се фини, млади и неискусни дечиња и се напнати.
Заминав со кучето и поминав малку намерно покрај нив колку да ја направам ситуацијата малку поприродна и намерно му кажувам дека кучето е мирно и дека сака да си игра.
Пошто имам пресватко кученце кое го купив специјално за жени чарење на парк почнаа да го галат и малку се опуштија и двајцата.
Да не им пречам ги оставив и им посакав пријатна вечер со коментар дека е ладна вечерта.
По некое време врвам во близина и малку разочарувачки гледам дека девојката седи на едниот крај на клупата, додека дечково на другиот и едвај зборуваат.
Се приближив пак суптилно и сега го пуштив кучето од ремче кое веднаш отрча кај нив и почна да си игра.
Со извинување појдов и почнав да го врзувам кучето и му ја раскажав најчудната приказна која што ми текна во моментот.
Му кажав дека од постари сум чул дека во паркот живее голем лилјак со големина колку штрк кој што знае да прелетува и понекогаш да напаѓа луѓе.
Последен пат е забележан пред неколку години уште кога паркот не беше реновиран и најверојатно е умрен, ама како легенда се раскажува помеѓу чуварите на паркот.
Потоа го прашав културно момчето дали можам да седнам само за момент и да си врзам чевлите од патиките и гледав да го турнам сосем блиску до девојката која што беше малку заплашена од приказната за лилјакот.
Станав од клупата им се заблагодарив и пак напоменав дека е премногу ладно вечерва и најверојатно уште еден круг и ќе одам да се гушнам со кучето во кревет дома и гледаме филм.
Дечкиве почнаа да се смеат и ме поздравија уште еднаш најверојатно помислувајќи дека сум некој чудак и со коментари за мене.

Третиот пат поминав долу по патеката и видов дека дечково ја гушнал девојката и веќе се топат првите бакнежи.
Си заминав задоволен дома.

Вчера одам на парк одново да го шетнам кучето и ги гледам истиов пар со мало дете и количка со близначиња.
Ми се наполни срцево како да ми се блиски, требало да ме викнат за кум.
Се надевам дека ќе ги гледам на МТВ во емисијата "Време е за Бебе" каде што има фамилии наши и ќе ме спомнат како витален фактор за нивното запознавање.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom