Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Кајги, ко че видам какви се љубовни проблеми имаат форумџиите, мило ми е што немам ни еден (сличен).
Што би рекол еден мој многу попознат имењак: Боб Марли - Немој жено, не плачи (превод од мк весник).

А да, прилепски графит.
BtPbGbICQAEg8zo.jpg
 
Драга,
Дај ми топ да га исчисту форум, посебно у Бугарски пасош тему, хе хе поз
 
Passed down to you...
Го слушам Шопен во доцниве часови, потпомогнати со неколку меланхолични голтки на суровост и сладок мирис на вистина. Ме здоболува фактот дека последниве 2-3 години се чувствувам повеќе спуштено од розевите облаци на безгрижноста, иако отсекогаш сум се обидувал да ги согледувам реално работите. Се будам со призвукот на неколкуте збора од Time на Пинк Флојд, со вкус на горчина дека можев да се „разбудам и порано“. Во овие дадени моменти понекогаш посакувам да го притиснам копчето „Reset" и да се пробам. повторно. Дали би го трасирал истиот пат или би пронашол сосема нов?
Сакам понекогаш кога ваквиве (не)креативни мисли ми го запоседнуваат овој итака малечок ум. Мразам што не сум го искористил својот максимум на креативност кога можев. Сега ми треба време. Многу време. Онакви нишки да исплетам сосем нов сон. Сосема доволно да ја покријам голотијата што овде ја имам оставено.
Сакам да ја оставам за навек голотијата. Крајот. Секогаш крајот го барам. Во овие 2-3 години само крајот да му се најде. А никако да го смислам. Немам мисли толку силни за да ми го осветлат патот и цинично да ми се насмевнат и речат: „Каде ли си се забрзал толку, ќе паднеш“. А јас, седнат помеѓу разумот и чувствата, уште поподбивно да им вратам: „Брзам. Не ме држи повеќе место тука“.

Како Џим Кери во Трумановото шоу: Good morning, and in case I don't see ya, good afternoon, good evening and good night".

So says Saladin...
 
Драга Кајгана,
Еве денеска целосно го направив Македонското знаме и мислам дека одлично излезе. Следниот пат ќе го направам грбот на Македонија. Еве слика :)

2.jpg
 
Ако би ме прашале дали сакаш да ти платиме некој 10 дневен одмор,или да идеш на една утакмица на Олд Трафорд,би бил луд ко би одбрал одмор.На одмор можам кога сакам да идам,а ваму тешко.Е сега пошто никој нема да ми понуди вакво нешто:(,ја ќе си собирам пари,па може некад и ќе отидам во Манчестер.И не би биле толку проблем парите,да не се енглезиве толкави лигуши околу давањето визи.Мада реално и они си имаат свој причини,кој на сите ни се добро познати.
 
51 година од кога проклетиот земјотрес го сруши градов до темел и го смени животот на илјадници луѓе. Издржувал овој град идиоштини и глупости, но се кревал ко феникс повторно. Ќе ги издржи и овие...

BtdZHRxCMAE4fMK.jpg:large


Слава им на оние кои загинаа. Благодарност до сите оние кои помогнаа. (1963 - 2014) #СкопјеСеСеќава
 
Последно уредено:
Драга

Моментот кога ќе сфатиш дека твоите сестра ти ја прашуваат за децата, како се, дали пораснале...а тебе за пиперките и патлиџаните на тераса што ти растат

Гајле ми е, ја си ги сакам :) ImageUploadedByTapatalk1406369891.590320.jpgImageUploadedByTapatalk1406369902.590212.jpg
 
Dear K,

ни „Црна Хроника“ не е тоа што беше. Опнале наслов (што не сакам да го цитирам зошто има луѓе со слаб желудник) за мајка како лелека по синот што и го убиле, она ја изцитирале изворно за да предизвикаат кај читателот длабока емпатија и чувство на гадење, да му ја доловат атмосферата од погребот. Ако мислиш дека тоа е најлошото во целава повраќаница од вест, грешка си: настанот воопшто не се ни случил во Македонија па ете некако да тангира некои луѓе кои го познаваат убиениот, или нас како држава и како општество. Не, настанот се случил во Србија, а понекогаш ваквите вести од типот „Татко со секира...“ се случуваат и во некоја вукојебина во С.А.Д. која по ништо и немаше да ја знаеме ако не биднеше зулумот.

Мене ми се гади веќе од овој ебен аматеризам во нашето т.з. новинарство, во кое дотичниот „новинар“ нема три грама мозок да направи разлика помеѓу сензационалистичка вест и повраќаница, додека ги врши своите секојдневни copy/paste/translate обврски. Зарем постои толкава потреба да се известува за убиства, што ако не се случи денес во МК мора да се копираат вести од странски портали? До кога ќе не храните со негативна енергија, малку ли бомби и авиони паѓаат секојдневно па уште да ги читаме и вашите издркотини? И како се чувствувате на крајот на денот кога за дневница од 500 денари морате да прочитате и да преведете еден куп гнасотии, за да ни ги сервирате со утринското кафе? Нова работа, можеби? Оти вака ако продолжите еден ден вие ќе бидете веста. „Новинар си го одземал животот оти паднал во депресија, мајка му на погребот...“

Од што ме изнервиравте ми иде да продолжам. Да ве прашам што кој Тасе бара Парис Хилтон во наши портали и зошто воопшто ние треба да знаеме било што за чупето? Или да ве прашам зошто кога препишувате текстови со научна содржина брутално ги кратите во моментот кога ќе ви се појават покомплицирани зборчиња. Знам дека не е лесно (како на пример кога препишувате постови од форум и ги објавувате како ваши) ама дај потрудете се да преведете барем 50% од оригиналниот текст. А не имало црна дупка таму и таму, ама не била црна како што мислеле порано сива била. Ебате мороните.

Сериозно K, немав ја намера да се нервирам за секакви будали. Убаво ми тргна денов, сонце, плажа, кафе, интернет...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom