Иако буквално ништо ново не ми се случува во животов, некако сум препозитивен периодов, ваљда дека празници се ближат, ќе се кркаат сарми и баклави на свети Никола и ќе се твоеме до бескрај во текот на јануари

Откако ќе поминат празниците ќе почнеме со другариве да го поздравуваме сонцето и тоа 108 пати

Една песна е причина за ова што ми се случува! Цело време ја слушам и пеам на цел глас.
Спиен по 2-3 саати, станувам во 6 и 30 и пеам, се враќам уморен дома и пак пеам. Мајка ми се крсти и вика дај боже да си ваков цел живот


Влагам дома и она ми вика "Сине, дојде?".
Не, знаеш кој дојде?
Кој?
ЗИМАТА ДОЈДЕ снегот снежи, постела ладна не се лежииииииииииии, дојди ми Лено, кој ќе ме згрее без тебе ноќва пуста ќе ееееееееееееееееееееее


Цело време ми е на рипит, а кога ќе дојде рефренот се дерам на цел глас

Цело маало ќе ме слушнело, само се жали мајка ми. Па што?

Си имам супер односи со сите, плус старата комшика само ме фали дека ме слушала дека убаво сум пеел

Се гледа дека е наглува, пошто никој друг во животот не ме пофалил за начинот на кој пеам
Деновиве ќе китам елка прв пат после 100 години

Во недела ќе се патува малце, дестинација ВелеЗ

п.с. додадов уште едно име во листата кандидати за промена на името ЅЕВАДИН

Другарката Ева ја прекрстивме во Јевадина или Yevadina, ако Yevadina го пишеш на кирилица добиваш Ѕевадина, а во машки род Ѕевадив
