Драга...
... само што го изглеав 300: Rise of an Empire. И да ти кажам право, I can feel my smugness towards it, поради тоа што сум ја учел приказната од историски аспект. У смисла седам критички настроен и викам "тоа не се десило, тоа не било така, Спарта немала толку јака морнарица" и слично. Али како и да е, интересен филм, и се што би било направено да биде поблиску до реалноста, би го направило филмот подосаден. И за хејтерите кои викаат како Персијците се претставени како чудовишта и дека затоа бил филмот срање, that's the fucking point. Целта на филмот е да се прикаже современиот Хеленски поглед на настаните, како они се сметале за најубави и со човечки одлики, а нивните непријатели за грдосии и поробувачи, кога уствари Персија била pretty cool и лабаво место за живеење. Тоа е Хеленскиот контекст и гледањето на работите во контраст, затоа е моќен филмот, пошто претставен е онака како што обичниот, прост Хелен во тоа време си ги замислувал настаните.
Гледаш? Гледаш колку сум арогантен и smuggy? Ќе прекинам ај добро...