Одамна не сум ти пишал пост посветен на турските серии, ај редно е.
-----
Како што со
„Боите на есента“ „Лисјата паѓаат“ во
„Тивкиот сокак“ така и мојата
„Имитација на животот“ полека се префрла во топлата дневна соба, бидејќи во мојата камен ладна соба ниту
„Карадај“ не би имал
„Сила“ да го доврши
„Дневникот на Фериде“.
Со зимската преселба, приморан сум (колку тоа секојдневно звучи за во Македонија) да фрлам поглед и на турските велелепни серии кои доминираат на нашите телевизи. Правејќи го тоа, дојдов до неколку фацинантни откритија, или како што би рекол Зоки Видевски:
Почнуваме со можеби најинтересниот, а тоа е дека Турците си имаат своја верзија на Линда Блок!
Секако, никој како газдарицата на Харчестер Јунајтед, ама немој да речеш дека не
ти личи на фамозната Линда.
Интересно е како е премногу white washed претставена жената во Турција во серииве, па ме чудеше зашто не се популарни кај феминистките. И испаѓа дека чудењето било залудно затоа што дознав од една другарка дека на твојата ривалка Фемина, на големо се дискутирало за турскиве серии!
*кога сме кај Фемина, нека направат и они ко тебе фејсбук фан страна, па да имаат мањаците од овде шо да гледаат!
Да се навратам сеа на главното, за разлика од Линда, турската верзија е претставена како чесна жена, на која во животот и се случуваат најлошите работи, многу често и по нејзина вина, ама нели тоа не е битно...
Тука ќе се надоврзам на уште една многу перверзна актерка, која игра лик кој претставува „невина“ девојка, како и погоре споменатата.
Како побогу може на вакви девојки да им дадеш да глумат улоги во кои ќе глумат традиционални жени кои не водат љубов освен со сопругот, освен ако не се силувани, притоа затскривајќи го нивниот голем „потенцијал“.
Но што зборам, кога всушност идат на телевизија на која иде Лила за која луѓево сега мислат дека е чесна мома.
Секако, освен нив, доминираат и многу други женски (за жал не толку перверзни) актерки/ликови, за кои нема character development според комшикиве. Значи ако оваа била добра на почетокот, добра е и до крајот! Нема врска што прави постапки заради кои самата си пати, неморално им штети на другите со тоа, ако на почетокот била претставена како good girl, тоа и ќе остане! Па и нема шанси да им докажеш дека грешат.
Тука доаѓаме до третата серија, која започнала токму денеска, во која за среќа имаше барем повеќе убави девојки, али мајка ми’ ми го скрши филмот откако рече:
Мех, не ми се допаѓа оваа серија, нема да ја глеам.

Okay.
Од таа серија токму изникна и ова инзворедно сценарио, кое сега ќе пробам да ти го опишам:
Седи девојкава на MSN (факинг MSN бе!

), се допишува со SeksiBoj19:
Девојката:
Леле за малку мајка ми ќе ме фатеше!
Морам да одам!
Те бакнувам!
Дечкото:
Ќе ме бакнеш кога ќе се видиме.
Девојката:
Безобразен еден, треба уште многу да чекаш за бакнеж!
What the actual fuck?
----
Иначе Турција е прекрасна земја, ни далеку од тоа што е претставена во серииве, да си ја посетиш!
