Денеска е само еден убав сончев ден во кој испив две кафиња, притоа гледајќи Six Feet Under (драма со тестиси) и уживајќи во секој нејзин дел.
А да и видов нешто други драми на форумов настрана, али не ми го задржаа вниманието, бидејќи плачењето е или за некој ептен близок починат или за некоја неистрплива физичка болка или за некоја преголема очекувана/неочекувана радост која те стрефила.
Многу контрадикторност каде наивноста се преклопува со злобата, во танц со ,,отворениот ум" под закрилата на инаетот и нарцисозимот кој се стреми кон просечноста, што од друга страна е фиктивна.
Инаку некни го полагав последниот колоквиум во животов. Тро зезнато чувство, пошто наеднаш летнаа тие 4 години. 5-та че биди 7 испити ито усно. Оваа година салам сум ги шинал предметите, 9.88 просек. Го имам и планот за летово. Ja наjдов на српски 570 страни ,,Критика на чистиот ум", па со неа ќе се занимавам, притоа пишувајќи го тоа дипломското глупо, башка Хладно Пиво пивофест, одмор, серии, музики, ова она
