Драга...
... ко што можеш да закључиш од мојот јузернејм, на форумов се пријавив главно за фудбалски дискусии. Долго време и си се држев до истите, после полека-полека си ги проширував хоризонтите. Главно од хумор, поточно темата "Пост на кој сте се изнасмеале" најчесто ме носеше до други теми и нивните подфоруми. Полека почнав и јас да се вклучувам во тој хумор и дружење со членовите, отварав нови подфоруми и евентуално почнав сегде да постирам и станев редовен член (#Влијателен кајганџија според истоимената категорија горе

). Али пази го најинтересниот дел. Општо вака се верува дека најмногу тупаџии има на Фудбал и Религија. На Религија не сум бил никад, али ми имаат кажувано и ваму-таму имам прочутано какви муабети се прават. У Фудбал, од друга страна, ич не е така. Да, има некои препалени што горат да се замараат и патат за истото, али повеќето се кул членови со кои е интересно да се подбиваш, ретко кој го сфаќа тоа лично. Али многу малку луѓе сфаќаат каде се вистинските ГОМНА.
Имено, подфорумот музика треба да e место за "joy" каде сите треба да се весели, да потпевнуваат, да се смеат и слично. Да... само што... не. Во подфорумот музика доколку си дел од гоа мнозинство што верува дека вистинската музика која секој треба да ја слуша се крие во општо-дефинираниот поим за музика, тогаш подфорумот ќе биде супер место за тебе и ќе си добиваш еден тон лајкчиња од истомислениците. За тебе, музиката претставува склоп на одредени елементи кои "музичките образовани" членови полесно ќе ти ги објаснат, јас сум во малцинството и, изведено од тоа, сум музички неук, па жал ми е но не можам да ти објаснам. Како и да е, имаш претстава за нив што претставува музика. Меѓутоа што се случува доколку не го делиш тоа мислење? Еве Драга, јас не го делам. Јас не верувам во строго поставени дефиниции за многу работи, туку верувам дека секој си поставува сопствени дефиниции. Постојат луѓе кои во музиката најважен им е гласот на пејачот, на некои пак им е мелодијата, други ритамот, а некои пак дури и побитно им е какви се артистите приватно па по тоа одлучуваат дали да ги слушаат, верувајќи дека слушани треба да бидат оние кои пробуваат да остават некакво "наследство" во музичката индустрија, а не им е целта да прават пари. Ја не сум таков. Јас, всушност, сум најпросто ориентираниот човек кога се работи за музика. Не ме интересира жанр, пејач, репутација, мелодии, композиции... не. За мене има една и единствена важна работа. А тоа е песната, во целост, да ми се свиѓа. Да, така просто, да ми се свиѓа, да ми е убаво на душата кога ја слушам, без да судам за ништо друго. Слушам за мене да ми е убаво. Ама ни малку не ме интересираат методите применети во создавањето на песната, ниту пак бекграундот на артистот. Јас-сакам-да-слушам-музика-што-ми-се-свиѓа. Крај.
Тука стигам до тие ГОМНА. Епа тие, Драга, доколку си таков како мене, нема потреба ти да речеш нешто, они одма те напаѓаат. Значи ти си рекол "Ова ми се свиѓа". Никаде не си рекол "Леле ова е стварно вистинска музика, ова треба да се слуша, како може да не слушате". Не, ништо од тоа. Ти си рекол дека ти се допаѓа тоа. За возврат, доаѓа таа багра кои условно ќе ги наречеме ГОМНА. Тие ќе почнат со нивните вообичаени муабети: "Ова е не е музика, ова е немузика; Ова нема никаква вредност; Артистот е за никаде;". Све е тоа океј, таа е границата која ја почитувам. Меѓутоа тие ГОМНА, ќе продолжат со следниве коментари: "Како може некој да го слуша ова? Секој што го слуша ова е малоумен; Само попалени тинејџерки и пијаници може да го слушаат ова; Тој што го слуша ова да си го преиспита вкусот; Не ми се верува дека постојат кретени кои го слушаат ова; Не ми се верува дека овој артист има повеќе следбеници од оној (негов омилен) артист, брука, сите треба да се бомбардираат". Ете така, тие ГОМНА си зацртале дека се "Музички образовани" маестра, кои се бават со проширување на дејноста и просветлување на нас "неуките кретени што не знаат што е музика", замислувајќи дека се Кирил и Методиј испратени во Моравска мисија. Само што тие ГОМНА според мене се толку close-minded и напатени од тоа што нивните верувања не можат да ги прифатат сите, што не сфаќаат дека некој едноставно не му е гајле за таа вистинска вредност за музиката. Некој човек сака да си слуша музика и да биде оставен на раат, да не биде суден по тоа што го слуша. Али, иди објасни им. Ако пробаш да објасниш, неизбежно е да фрлиш некоја навреда пошто ќе бидеш испроцовиран ради тоа што не те сфаќаат сериозно.
Така, јас у целиот мој престој на форумов, ИНДИРЕКТНО бев наречен од страна на таквите членови со сите зборови и навреди кои ги напишав претходно. Трпам, такви се правилата, дозволуваат такви навреди. Океј, не го делам тоа мислење, али чим е така одлучено да нема санкции за истото, ќе го почитувам тоа и нема да бидам тенденциозен и да враќам, едноставно не сум таков. Меѓутоа, јас иако никаде не сум ја бранел музиката која мене ми се допаѓа, слободно се изразувам на најпрост начин, дека нешто ми се допаѓа, најчесто без некакво посебно објаснување, а НИКОГАШ не сум го завземал ставот "ова е права музика, ова треба да го слуша секој" како што ми прават ГОМНАта на мене, никогаш не сум ни нападнал некаква музика. Сум го чувал тоа за себе. Али ете, жал ми е што некои имаат таква потреба да му докажат на некој "музички неедуциран" дека неговиот вкус е срање и (ПАЗИ ЈА ДРСКОСТА !!!) не треба да го слуша тоа што му се свиѓа! Жал ми е за тоа што постојат такви, а гледам дека ги има се повеќе и повеќе.
Јас бев навредуван поради тоа што се случило јас (како нормално човечко битие што студира, има пријатели, сака да разговара со луѓе, да споделува мислења и да стекнува нови искуства, да прави планови за иднина) да бидам таков создаден за едноставно да ми се свиѓа таа музика која повеќето ја сметаат за "немузика", и тоа притоа да бидам свесен дека нема музичка вредност и дека голем дел е срање. Таков сум, што да правам? Ми се свиѓа, и тоа е тоа. Не може некој "Музички едуциран" да ме убеди да слушам нешто што не ми се свиѓа. Се случило, јебига, таков сум створен, тоа да ми се свиѓа. И убаво ми е. Жал ми е што тоа не ви се свиѓа, али нема што да направите.
Затоа во истиот стил како што бев навредуван, така и тука ќе кажам. Тој што сака да ми го промени мислењето, на тоа што јас фино-лепо ќе си речам дека нешто ми се свиѓа, а за тоа ќе бидам направен неук, глупав, неспособен, антихрист, пијаница, шабан, човек кој не заслужува да живее, му препорачувам да се носи у пичку материну и да сфати дека тој човек за мене е ништо повеќе од ГОМНО. Доста ми беше да трпам како ме критикуваат мене (и другите кои ќе се пронајдат во истото) индиректно, после ова тие ги исклучувам од мојот свет. За возврат, ќе ги замолам да ме остават на раат и да сфатат дека не можат тие да бидете тие кои ќе солат памет на другите, а ако не им успее "просветлувањето" да се спуштаат со индиректни навреди кон оние кои не размислуваат како нив. Доколку не ме разбираат, не сакаат да отстапат, и продолжат со таквите навреди, тие за мене се ГОМНА кои вредат помалку од тоа што музиката која мене ми се допаѓа им вреди на нив.
Фала што ми го прифати најдолгиот пост кој ти го имам пишано, али стварно од душа ти го пишав. Мило ми е што те иам во животот за вакви работи
