.Sky.
Заменик министер без титула
- Член од
- 15 февруари 2013
- Мислења
- 6.857
- Поени од реакции
- 7.241
- Локација
- На Венера
- Веб-сајт
- www.facebook.com
Драга К,
Никој за никого нема време: родителите за децата, децата за училиштето, даскалите за децата, државата за граѓаните, граѓаните за шалтерите (годишен одмор треба да земеш за да извадиш некаква тапија оти сите институции со шалтери работат во твоето работно време), роднините за роднините, пријателите за пријателите. Каде отиде, бре, луѓе, толкаво време?
Ако никој нема време, тогаш излегува дека живееме без време. Односно, ние сме мртви, затоа што само мртвите немаат време: во еден канонски текст стои прекрасна формулација за смртта: „Кога ниту ти ќе бидеш во времето, ниту тоа во тебе“. Значи, мртви сме. Немаме време да помирисаме како мириса косата на љубената, немаме време да го пофалиме фустанчето на ќерката, немаме време да појдеме на гости кај роднина, немаме време да ја прочитаме писмената на синот со која добил пофалба. Тие мигови никогаш повеќе нема да се вратат. Ќе плачеме по нив еден ден, ќе ги бараме, ама ќе ги немa...
-Венко Андоновски.

Последно уредено: