Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кеј,

Имало луѓе што глеале јурошит.Ја последен пат глеав коа руслана излагаше без гаќи и ми ствараше ерекција.Башка овој што тепал геј бил и луѓево дамла ги удрило.А оној марија шерифовиќ што го пишуваше женско дека е , што праиме со тој ? Свашта кеј.
 
Драга,
јас пак и бисерите на моите другари, кога се во прашње женските.
Денеска бевме на именден кај еден другар, и еден куп луѓе, едно девојче си седеше покрај аквариумот и ги гледаше рипките. Еден мој другар ја посматра, и културно ја прашува: Девојче, до колку си вечерва пуштена да излезеш? На што девојчево збунето и неочекувано, прашува а зошто? А другаров мој одговара- Да те однесам во зоолошка, гледам голем фан на животните си :pos::pos::pos:
Автоматски под маса се фрлив од смеење.

Него драга, тежок и напнат период пред мене. Нека завршува сезонава во ПЛ еднаш веќе, ги истрошив сите емоции, немам што повеќе да понудам сезонава, а и никако, ни под разно не смееше да се поклопи последното коло да биде ден пред да полагам колоквиум. А така се погоди, така да, утре после 16ч нема учење....а и ќе нема учење барем уште 4-5 дена, дури не ги смирам емоциите.
 
Ногава ми е потечена,голема колку главава,исто ги содржи сите бои што може да постојат,боли корне:place:.А за досадава што ме убива ич муабет да не праем,си идем да ги гледам другачињата како играат баскет,а ми се игра ми се корне.Само прашање е дали после толку повреди на истава нога е паметно и вредно да играм.
 
Последно уредено:
Драга,
Незнам дали Марфи се заебава со мене или што... Денес пак излегов со кучето и пак заврна во тој момент :pos: Ама овој пат имав јакна и не отидов толку далеку :P НА! Мисли со мене ќе си игра :icon_lol:
Ја пропуштив свадбата на сестрата на мојата најдобра другарка :place: И сигурно ни бебчето нема да и го видам, ќе се породи откако ќе си отидам јас... Тапа Кајгано. И 5 години матура пропуштам... Уште нешто? Не, не е предизвик, не се замислувај многу! :D
Гледам некои типс како да се шминкаш... И си викам, леле што убаво да знаеш како да се шминкаш... После некое време си викам кого лажам, ич не ми треба да знам :P Кој ќе ја вади после... Премногу работа.
 
Драга...

... знам дека @Forrest Gump стави крај на кафанските мудрости, меѓутоа ќе ставам една почесна, колку да ме има ко featuring у неговиот едишн.

- Пиењето е позајмување на среќа од наредниот ден.
 
Маратонците сега поминаа кај мене под зграда.:icon_mrgr: Делуваше како да има позитивна атмосфера, многу насмеани луѓе, фино. Можеби и навистина ќе се пријавам наредна година.:)

Иначе полека се е подготвено... флај, флај, флај, скај, скај, скааај!:icon_mrgr: Ми се исполни желбата сама да патувам, сега да видиме колку ќе бидам успешна во снаоѓањето.:ROFLMAO:

Се читаме за 4 дена! :cool:
 
Само што се прибрав од маратонов, трчав на 5км. Втора година трчам и се мислам оваа понапорна ми беше, ама и јас ептен се заебавам, трчам од маратон на мартон, вака измеѓу ниеден тренинг да напраам. Истрчав за време 29 минути негде, прошла имав 23 :) Следна година идеме појако !!

П.С. Добра мотивација беа и типките што трчаа со фини газиња :cool:

А да, и испив 3 шишиња од 0.5 литри на екс, и уште ми се пие. И се враќав пешки од Триумфална до Карпош, нозеве во бонус (y)
 
Последно уредено:
Драга Кајгана,
Прочитав еден пост погоре каде ме имаат спомнато мене.............. знаеш ли дека сите мислат дека јас се натпреварувам со некого, а всушност реалноста е обратна......... они се натпреваруваат со мене :)
 
Абе маратонот е за трчање, а не за одење и правење на селфи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom