Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кога ке размислам подобро мајка ми за некои работи е во право, само што јас не сакам да признаам сама на себе си дека е тоа така како што таа вели.
Не, мене ми е подобро да терам инает и да се однесувам заштитнички кон некого без да анализирам како е подобро да постапам.
Луда главо, чукни се еднаш и размисли каде грешиш.
 
Драга К,

Да ти се пофалам добив подарок мобилен телефон и ај погоди од кого? Се разбира драга К, од мојата прекрасна половина :rolleyes: П.С преубав период е, мислам дека процветав :ROFLMAO:[DOUBLEPOST=1398024241][/DOUBLEPOST]Драга К,

Да ти се пофалам добив подарок мобилен телефон и ај погоди од кого? Се разбира драга К, од мојата прекрасна половина :rolleyes: П.С преубав период е, мислам дека процветав :ROFLMAO:
 
Види бе, ме игнорира ... ваљда дека е на гости во друг град.
 
Драга,
Го сменив скинов. Сакав да бидам дел од „темната страна“ :нинџ: Ама чудно ми е многу. Мислам дека ќе се вратам на светлата страна :icon_lol:
Конечно си ги исфарбав јајцата. Боље сега него никад нели? :giggle: Уште некои 5 саати е велигден. Таман до тогаш и ќе ги нацртам. Решив да си имам традиција, јајца со фаци секоја година :D
 
Значи нема таков малер... Чуваш нешто 2 месеца и си викаш "ај ќе го фрлам чим до сеа ниту еднаш не ми затребало" и ВЕДНАШ следниот ден ти затребува.
 
Хеј, кога мисли да дојде синов на газдава да ми отвори врата, почнувам да се смрзнувам на керамидиве. Ене го, а мислам и дека носи нешто вкусно. Тоа е звукот на шуштење на најлонска кеса, мора во нив да се наоѓаат оние вкусни крајчиња од печеница, кои тој не ги јаде:vozbud:
Пред да влезам низ ширум отворената врата, малце да се прошетам низ нозете на дечково. Без нервози, нема да те сопнам само сакам да видам што имаш во кесата.
*Се слуша тропање на кутија со храна за мачки
Ама зошто ми даваш од тие чуда, зар нема ништо за мене во кесата :(
Е нема да јадам, да те видам тебе како ќе ти биде ако секој ден ти даваат да јадеш леќа или грашак (затоа што не верувам дека се толку гадни како боранијата) :unsure:
Ќе мјаукам дури не ги извади работите од кесичката. Хммм, тоа биле само оние нешта на кои најчесто се тегнам и се митарам. Сепак, мора да има нешто повкусно од работиве кои чекаат пред мене. Ќе мјаукам дури не го добијам тоа што сакам. Ќе мјаукам што е можно понеподносливо :sneaky: Мјау, мјау, мјаууууу...
Види го, седи и ги разлистува работите кои ги извади од кесата и ме игнорира. Да видиме дали ќе му се допадне ако влезам во кујна и скокнам на шпорет.
Упс, нешто многу вкусно ми мириса во кујната. Нема потреба да скокам на шпорет, вкусната храна се крие внатре во рерната. Но, не можам да ја дофатам. Како се отвара ова чудо. Ќе се кренам на две нозе и ќе мјаукам уште понеподносливо.
Еве го будалиов, стана да ме искара :cool:
Кај може тој со мене, да беше стариов може ќе изедев некоја клоца, вака ќе поминам само со викање :гик:
Види го, ме крена во раце. Кај ме носиш море? Не, не сакам да се галам :unsure:
Подобро да изедев клоца и после да си го добиев парчето салама, отколку да ме гњави овој досадниов.
Добро, добро, станувам од кревет и одам да си ги изедам зрната :unsure:
На крај краева и не биле толку лоши.
Одам да поспијам малце, стариот ќе ме нагости поубаво кога ќе си дојде подоцна.
Чекај само да одберам место каде ќе спијам. Да пробам да седнам на кревет на нештана кои ги извади од кесата.
Не му се допадна баш идејава, ми избега во другиот дел од креветот и ми сврте грб, а и си ги собра тие хартиени листови пред него.
Е нема да ми избегаш, ќе дојдам во другата половина набрзо.
Види го бе,нема живци повеќе и реши да се премести на масата :LOL:
Епа сега цел кревет е мој и са.... мо... моооо....јјј...:sleep:
DSC00144.JPG
...............................................
Кој ме буди сред спиење... Остај ме бе, знаеш дека дури спијам не сакам да ме галат. Ама ќе те изгребам :cautious: Ама... Ејјј убаво било да те чешкаат, само така... :sleep:
.............................................
*Ѕвони ѕвончето од вратата

:вонзем:
Дојде изгледа :eek:
Јес, јес, јес, време е да го уклучам мјау алертот.
Мјауууууу, мјауууууу, мјауууууу... Уф денес е малце понервозен од вообичаеното. Види го како ме збрка. Чекај ќе се кријам позади кревет и ќе ѕиркам кога ќе му помине лутината :eek:
DSC00466.JPG
Аха ете го, suckeeeeeerrrr, веднаш се фати за саламчето. Време е да се кренам на две нозе и да замарам додека не исече уште некое парче.
Давај побрзо газдаааа, син ти мисли дека сум пиле, ништо не ми дава, освен оние зрнана...
Ејјј, абе мене ми даваш салама, а вие ќе си ручате копанчиња :eek:
Е, не јадам салама бе, копани сакам...
Ќе скокнам на маса за да дадам до знаење што сакам. Ооооп :rolleyes:
* трас...
Ијјаааа, овој е ненормален како мава бе... Правец позади кревет :нинџ::нинџ::нинџ:
Си седна да јаде, време е да го омекнам и да си ги изедам саламчињата кои претходно ми ги сервира.
Ни ова не е доволно, сега ќе застанам до него и ќе го гледам како статуа дури тој си јаде од копаните. Не може да остане рамнодушен...
:vozbud::vozbud::vozbud:
Што ви реков, лапај си копани братеуууууууу...
А сега ќе искочам, и ќе влегувам на секои 15 минути, и постојано ќе мјаукам за да ме хранат...
Но, од која врата се излегуваше... Чекај да мјаукам пред онаа врата.
Опааа, да идам... Ејјј абе не била оваа врата, газда отварај, не ме затворај во просторијава. Мјаууууу, мјаууууу o_O
*Се отвора вратата
Добро, добро, не ми викај, одма излегувам... Ама да знаеш, ќе се вратам после 15 минути муахахахахаха

(повторување на дејствието во следните 10-тина часа)
Убаво си го наполнив мешето, сега е време да спијам.
Да пробам горе на телевизорон? They see me rolin they hatin :pos:
DSC00873.JPG DSC00950.JPG DSC00806.JPG
Ејјјј абе немој само Латас човече, кај ми го пушти, вечерта ми ја уништи... Се губам одовде...
Каде ми е помаранџестото ќебенце? Аха ете го, газдата се покрил со него. Сега ќе си го нагмечам за да ми биде посладок сонот, ќе си се свртам и... :sleep:
Само газда, те молам не клоцај, не сакаш и јас да почнам да гризам па да видиме кој е појак :noze:


Конец фиљма...
 
Последно уредено:
По нашиве улици да стават вакво нешто, сите ќе ги земат книгите, ама не со намера да ги прочитаат, туку за да ги сликаат за на инстаграм. :tapp:

tumblr_mgxwy6bgET1rew3zxo1_500.jpg
 
Место накај бит пазар отидов накај пичку матер, добро што месечината беше голема и изгреваше па ми текна дека одам на исток, па свртев накај Велес...........(?)
ми одеше у спротивна да возам за назад
јебо те клучки
 
Кајганче, не си свесна колку сум слаб на плави очи (женски нормално, а и да се зелени не е на одмет). Значи паѓам на газ, одма, на прва.

Секако не да има некоја плави очи а да е свиња дебела, туку да е некоја "Нормална". Незнам дали сум во грешка или не, ама кога ќе видам некоја со плави очи, до негде го сфаќам прашањето мене кога ми го поставуваат: " Абе, ти гледаш плаво од очите ? " :)
 
Ете баш супер,некој дечишта синоќешната вечер ја искористија да дивееат по улиците.Ги искорнале сите дрва што беа поставени помеѓу улиците,и згора на тоа и канти превртеле:facepalm:.Абе да ги фатиш и вратчињата да им ги корнеш исто ко они што ги корнеле дрвата,им ебам деца со мочка праени,не е алкохол за секого.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom