Хеј, кога мисли да дојде синов на газдава да ми отвори врата, почнувам да се смрзнувам на керамидиве. Ене го, а мислам и дека носи нешто вкусно. Тоа е звукот на шуштење на најлонска кеса, мора во нив да се наоѓаат оние вкусни крајчиња од печеница, кои тој не ги јаде

Пред да влезам низ ширум отворената врата, малце да се прошетам низ нозете на дечково. Без нервози, нема да те сопнам само сакам да видам што имаш во кесата.
*Се слуша тропање на кутија со храна за мачки
Ама зошто ми даваш од тие чуда, зар нема ништо за мене во кесата

Е нема да јадам, да те видам тебе како ќе ти биде ако секој ден ти даваат да јадеш леќа или грашак (затоа што не верувам дека се толку гадни како боранијата)

Ќе мјаукам дури не ги извади работите од кесичката. Хммм, тоа биле само оние нешта на кои најчесто се тегнам и се митарам. Сепак, мора да има нешто повкусно од работиве кои чекаат пред мене. Ќе мјаукам дури не го добијам тоа што сакам. Ќе мјаукам што е можно понеподносливо

Мјау, мјау, мјаууууу...
Види го, седи и ги разлистува работите кои ги извади од кесата и ме игнорира. Да видиме дали ќе му се допадне ако влезам во кујна и скокнам на шпорет.
Упс, нешто многу вкусно ми мириса во кујната. Нема потреба да скокам на шпорет, вкусната храна се крие внатре во рерната. Но, не можам да ја дофатам. Како се отвара ова чудо. Ќе се кренам на две нозе и ќе мјаукам уште понеподносливо.
Еве го будалиов, стана да ме искара

Кај може тој со мене, да беше стариов може ќе изедев некоја клоца, вака ќе поминам само со викање

Види го, ме крена во раце. Кај ме носиш море? Не, не сакам да се галам

Подобро да изедев клоца и после да си го добиев парчето салама, отколку да ме гњави овој досадниов.
Добро, добро, станувам од кревет и одам да си ги изедам зрната

На крај краева и не биле толку лоши.
Одам да поспијам малце, стариот ќе ме нагости поубаво кога ќе си дојде подоцна.
Чекај само да одберам место каде ќе спијам. Да пробам да седнам на кревет на нештана кои ги извади од кесата.
Не му се допадна баш идејава, ми избега во другиот дел од креветот и ми сврте грб, а и си ги собра тие хартиени листови пред него.
Е нема да ми избегаш, ќе дојдам во другата половина набрзо.
Види го бе,нема живци повеќе и реши да се премести на масата

Епа сега цел кревет е мој и са.... мо... моооо....јјј...
...............................................
Кој ме буди сред спиење... Остај ме бе, знаеш дека дури спијам не сакам да ме галат. Ама ќе те изгребам

Ама... Ејјј убаво било да те чешкаат, само така...

.............................................
*Ѕвони ѕвончето од вратата

Дојде изгледа

Јес, јес, јес, време е да го уклучам мјау алертот.
Мјауууууу, мјауууууу, мјауууууу... Уф денес е малце понервозен од вообичаеното. Види го како ме збрка. Чекај ќе се кријам позади кревет и ќе ѕиркам кога ќе му помине лутината
Аха ете го, suckeeeeeerrrr, веднаш се фати за саламчето. Време е да се кренам на две нозе и да замарам додека не исече уште некое парче.
Давај побрзо газдаааа, син ти мисли дека сум пиле, ништо не ми дава, освен оние зрнана...
Ејјј, абе мене ми даваш салама, а вие ќе си ручате копанчиња

Е, не јадам салама бе, копани сакам...
Ќе скокнам на маса за да дадам до знаење што сакам. Ооооп

* трас...
Ијјаааа, овој е ненормален како мава бе... Правец позади кревет



Си седна да јаде, време е да го омекнам и да си ги изедам саламчињата кои претходно ми ги сервира.
Ни ова не е доволно, сега ќе застанам до него и ќе го гледам како статуа дури тој си јаде од копаните. Не може да остане рамнодушен...



Што ви реков, лапај си копани братеуууууууу...
А сега ќе искочам, и ќе влегувам на секои 15 минути, и постојано ќе мјаукам за да ме хранат...
Но, од која врата се излегуваше... Чекај да мјаукам пред онаа врата.
Опааа, да идам... Ејјј абе не била оваа врата, газда отварај, не ме затворај во просторијава. Мјаууууу, мјаууууу

*Се отвора вратата
Добро, добро, не ми викај, одма излегувам... Ама да знаеш, ќе се вратам после 15 минути муахахахахаха
(повторување на дејствието во следните 10-тина часа)
Убаво си го наполнив мешето, сега е време да спијам.
Да пробам горе на телевизорон? They see me rolin they hatin
Ејјјј абе немој само Латас човече, кај ми го пушти, вечерта ми ја уништи... Се губам одовде...
Каде ми е помаранџестото ќебенце? Аха ете го, газдата се покрил со него. Сега ќе си го нагмечам за да ми биде посладок сонот, ќе си се свртам и...

Само газда, те молам не клоцај, не сакаш и јас да почнам да гризам па да видиме кој е појак
Конец фиљма...