Драга ги гледам викендов комшиите се дотерале се спремале, насмевки до уши си ги спемале и децата им облекле маички и капче, им боцнале по едно знаменце у рака дете ко дете се насмеало очиња му светнале, сирото незнае ни што се дешава знае дека ке иде "папа", а тие невработени (а пресно високо школувани со две деца и две шајки повеке на ѕид) и двајцата од камионот на татко му живеат, кренале глава гордо и ти кажуваат дека на митинг ќе одат, а тоа го кажуваат така мелозвучно како мед да им тече од уста. И не само они драга сите се така автобуси и автобуси отидоа, се вееа знамиња се пееа песни, драга сите беа среќни со сивило у очите сите се надаат за подобро утре, бабите и дедовците за внуците, мајките и татковците за чедата, а чедата за сами себе.... сите за нас драга сите за нас!!!
Светлата иднина на Македонија!
Ги гледам драга мои врсници, уште не испилени ко шо вика дедо ми, седат по штабови со дигнати глави и се маваат у груди ја бранат нивната партија, не се свесни дека од мавањето само модрици остануваат. Драга им ги бацуваат рацете, се ракуваат со нив си ја подаваат чистата рака да им биде опрљана, си ја продаваат душата на ѓаволот за подобро утре. Драга ама они ете баш тие се криви, овци за стрижење, сите чекаат државно вработување, драга тие со главите во облаци они не се потценуваат, они не си го потценуваат интелектот, они неможат да работат било што, оти драга работа за секој има, али полесно е да седиш у штаб и да бистриш политика отколку да го запотиш гзот и да створиш нешто. Мора да се сите началници и началнички...
И шо праат драга на тој митинг? Си чула некад шо зборат? Ја знаеш изрекава...Нullum est iam dictum quod non sit dictum prius...
Е тоа е драга ако си чула еднаш, доволно е.
Драга политиката не се основа на морал, баш напротив превише морал може да штети на успешна политика, на кој му е за морал нека иде у манастир ова драга нова мода е. И да драга водени од големиот Макијавели и верувањето дека во политината нема стварни пријатели, туку само стварни интереси, дека целта ги оправдува средствата, секој си го гледа својот гз...ами како, секој најсрекен е на туѓата несреќа толку ли не научи и ти драга кога све и свашта си видела и прочитала.
Не дека ти бистрам нешо знам дека ја отупев туку да си кажам шо ми лежи.
Јас драга сум одбирал, одбирам и секогаш ќе одбирам да бидам добар, оптимално среќен увек, можда ја сум таков или можда ѕвездата ми е таква како и да е I don't give a shit about politics...Luv YA, peace OUT....