Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кајги,
Некои што ги запознав на нет случајно, кога ќе видеа моја слика не веруваа дека сум јас, се ми викаа дека сум ја зела сликата од некого,јас се чудев аман што им е на овие, но кога си го напишав името и презимето на фб, видов зашто мислеле така:eek: една моја имењачка единствена што ја најдов беше малку грда. Затоа повеќе не ставам мои слики, нека си мислат дека сум другата брзо ќе ме откачат:pos: а и нема да си го губам времето убедувајќи ги која сум.:pipi:
 
К,
Ми недостасуваат некои луѓе. И стари и нови ликови кои се појавиле како споредни улоги во мојот т.н. роман, живот. Тие што ми недостасуваат, вредат. Останатите не се ни сеќавам на нив, само знам дека постојат такви. Знаеш кога имаш во себе вишок љубов, внимание и позитивна енергија, и сакаш да го споделиш со некој, за и неговиот живот да стане поубав на момент? Е така се чувствувам. Ќе одам сега да праќам срциња и бакнежи на скајп и фејс, како за почеток на денот, може и со тоа да се задоволам (задоволат).
Ве сака, Неса :love:
 
Draga ium pisuvam na luge na fb zaso ne spijat so e problemot i mi idat offline. I aj sea? posle illumious losa bila. Sakale vnimanie takvi luge bile ok. Da be, made od buv.
 
Драга,

Мене Џену не ми пишува ништо, ама ја да си кажам зошто не спијам :)

Под мене на спратот комшивките си прават собиранка со друштво со отворен прозор. Супер е се тоа, имаат гитара, имаат дечко што убаво свири и пее (Ја имам само ноќва да бидам јас со неаааааа....), а и очигледно и многу им е забавно. И пријатно е за слушање... се додека не пушти глас една квачка (веројатно една од комшивките). Е тогаш креветот почнува да ми чкрипи, лустерот да се тресе, ѕидовите да напукнуваат... Поголем антиталент за пеење е и од мене, дефинитивно, а такви нема многу :D
Битно си привршувам јас со обврските за викендов, па можно е и во недела да одморам малку.

Бај бај,
ЏинЏер

П.С: Ако има некој вишок 3 минути, ве молам за неколку клика. Ми треба за на факултет :)
 
ДК

Со дечко ми ќе сме праеле домашен леб. Го испековме, кората испадна тврда како камен и сега паѓаат заебанции од типот дека може клисура да биде кајшо го убиле Перета Тошев, или па дека тепсијата се растопила одозгора додека се печел. Ама важна е внатрешната убавина, нели де? :vozbud:
 
Аааах, кавадаречки ноќен живот, почнува од солиден комерцијален рок завршува со најкафански песни во четири сабајле. Ама Дрекслермајерот го еба ноќниот живот во градот, пола народ трета смена работи. Иначе ја уште сум у дилемата, планирам утре да преземам нешто.

П.С.

Рики ако те седнам некогаш у кафана има ја и ти чуда да праиме.
 
Ми текна на една мисла што поп ја кажа на погреб, "Од земја сме створени, во земја ќе се претвориме". Почнав да се сомневам дека човекот од мајмун еволуирал во човек, па подоцна продолжил да се движи во правец на усовршување на човештвото, се плашам дека мислата на попот модерно модификувана ќе гласи, " Од мајмуни сме створени, во мајмуни ќе се претвориме", се плашам дека луѓето водени од своите нагони ќе продолжат се поише и поише да се клецаат ради потреба кај и да стигнат, со кого и да стигнат, без грам морал и принципи, дека "Љуби го ближниот свој" ќе стане "Еби му ја жената на ближниот свој", дека луѓето ќе си ја приспособат и Библијата на своите потреби, само да ги оправдаат своите гревови.
Ќе го оправдаат станувањето мајмун со онаа реченица, само животните и децата се невини, сакаме да идеме во рајот кога ќе умреме, за тоа мора да бидеме невини, а бидејќе неможеме да останеме деца засекогаш, ќе станеме животни, зошто тоа и тоа како добро го можеме. Више и жените не ја гледаат разликата меѓу коњ, куче или маж, снимаат порно со животни, па и зошто да не, ако ништо друго бар на коњот му е поголем, не му треба кондом, неможе сида да ти пренесе, плус неможе ни да те затрудни...........
 
Драга К,

Луѓево се како во некој полу сон, тоа што му го даваш, тој го прима без разлика дали е добро или не...како некое кутре послушно се. Рака на срце за останатите кои размислуваат своеглавно, и не се замараат од типот на моабети рекла - казала.

П.С си пуштив одлична плејлиста од Италијанска музика, уживам во неа, одам да чистам, време е. :D Чистачица станав :pos:
 
Мене, денес си ме насмеала и тоа доста добро
Го видов ова :Вкупно: 393 (членови: 79, гости: 152, роботи: 162):pos:
дај објасни ми што ти заначи ова -роботи

патем да ти кажам -лично ,многу ми се допаѓа избирачкиот систем во Данска. Можат да гласаат само оние кои редовно плаќаат данок, сите останати без разлика кои се и што се доколку не се редовни платиши - се лишени од право нна глас на избори. Затоа никогаш немале во власта ниту популисти, ниту радикали, ниту леви, ниту.....кхм, и секогаш Данска е во првата тројка на најбогати земји во свет.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom