Драга,
Абе глупо ми е мене, кога некој од средно, школски на пример да кажеме, ќе почне на фб или во живо да ми зборува со некои примеси од скопскиов дијалект. Значи мене ми е глупо, си викам што му е на човеков, отишол. Ако сум од Прилеп, Кичево, Охрид, зборувај ми литературно, ок, али кога си знаеме како си зборуваме, па кој курац ми зборуваш мене литературно? Али пази, не е ни литературно - сВе, ќе се видиме У 5 саат - тоа секако не е. Бога да чува.

Ај пак тие што треба да зборуваат литературно, мислам за по институцииве, тие пак си цепат на дијалект. Алооооооо, зар дотолку да не си писмен да му се сневиди. Требало да се негуваат дијалектите. Треба богами, ама по дома, не на работа.
И сега ме потсети ова на една случка од прва на факултет.
Амфитеатар за 200 едвај, а 500 души идат на предавање, напикани сите еден до друг, за грев. И до мене седнува една, уште од првата реченица што ја зборна, сфатив дека мора да е од Кичево/Брод. И почнуваме муабет нешто, ова она, таа си цепи на дијалект, јас ја разбирам се, али за и она мене да може да ме разбере, си зборувам јас литературно. Едно време и викам - Ти мака си немаш, се на дијалект, а?
И оваа - Амммииии јаааа, не можжаааа никако да се навииикнаааа да зборааааа поинаку.
И така. Оваа истава иначе, уште се нема навикнато, ако ништо друго, барем тоа глаголите да ги врти малце. Али јок, ништо од тоа, нема да дочекаме.

А и веќе ми се смачи искрено, на факултет да слушам презентации на литературно со охридски акцент, па литературен со делчевски акцент, па колешки со кога ќе ги завлечат тоа зборовите на скопскиов, мрак ми е пред очи озбилно.
Згрешив јас факултет. Ќе помисли некој на Филолошки сум, а нема врска.