Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Na karnevalu crnje dzuska se samba otrovnica ljuta kurava crna mambaaa

Poleka poleka se sprema ludiloto za utre~~
 
Драга денес ми е годишнина со тебе.
Затоа денот толку убаво ми почнал. Имало повод. :D

Штом сонце почне да грее јас сум најпозитивната личност на светот.
Сонце, пижами, музика, нескафе, тераса со поглед кон зелена трева и дрвја кои почнале да цветаат. Мирисот на воздухот никогаш посвеж!
Скратена коса- скратени маки. Нови наочари- се` е по розево.
Петок никогаш не бил волку добар. А богами и јас. :D

Вечер ќе ја славам нашата годишнина Кајги. :icon_lol:
Во чест на петокот....еве ти ја песната што ми е на repeat од утрово.
Поздрав, love you. :love:
 
Eи Џ... Кааааајгано : )

Иронија е да си алергичан на полен,а омилена песМа да ти е кад замиришу јорговани, нали?

Македонија била на петто место у сфет по насмефки на работно место?:eek: Сироти ми неможемо да постигнемо сс работу од што се смеемо.Кој гу е правија анкету не е бија на одмор у Охрид ваљда,
тамо келнерке се газиф од смеање и финоќу : D
 
Ај џаст кам ту сеј : Да им ги титнам поените на Тимобајл шо ги даваат на каса у Тинекс. Така ги ебаваат само корисниците :pos: Секоја баба поени на телефончето и ставаат ( кое веќе не се произведува т.е модел од времето на Мојсие) . Прво треба да ја чекам со картичка да плати сметка од 83 денара , па 2-3 пати пинот да го згреши , па на крај "поенчињата" на телефонот. :pos::tapp::tapp::tapp:
 
Кајги,
абе јас не сум јас,ако не земам да глеам цртани кога ми е досадничко.
Ај на арно да ми е.:X3:

 
Денес е Светскиот ден на поезијата. Ве оставам со мојата омилена македонска песна:

Ќе ги отпретам сите горештини од твојата глава,
ко суво дрво на сува рида реките ќе ги заковам.
Ќе те претплатам на вечна љубов и вечни времиња
ќе те љубам и губам и во пости и пред гости
само да ме сакаш.

Ќе ги поткупам сите човечки сетила и патила.
Сите светлосни преѓи пресијазол ќе ги врзам,
сите денови и ноќи на својот почеток ќе ги вратам,
ќе ти дадам се што е солено и молено
само да ме сакаш.

Ќе спијам во движење, сенката своја ќе ја прескокам
ќе ги затнам сите извори, се што гори ќе отворам.
Ќе направам да не се знае кај е лево и десно,
ќе ти наберам ѕвезди, ќе ти влепам шлаканица
само да ме сакаш.

Ќе ги шпионирам сите крадци на твоите часови.
Ќе ги исфрлам од употреба страните на светот
и светот, по црна ноќ, одмижанка ќе го истрчам
и ќе те фалам и кудам под сите небеса
само да ме сакаш.

Кај ќе стасам ќе разделам топло од студено,
на шеќерот ќе му забранам да се споредува со тебе,
не ќе оставам растојание што ќе биде меѓу нас,
со ова што го велам и слепо и глуво ќе исцелам
само да ме сакаш.
 
Драга мн убав ден:vozbud: кафе, кока-колче со лимон и сонцево значи неможам да ти опишам колку ми е убаво. И дај бе кажи ми зашо луѓево само кењаат по нешто, се нешто им фали, дај бе нека уживаат малце..People get your shit together!!!
 
Каков викенд ме очекува, посебно на спортски план, а понеделник полагам (n). Барем социологија е, не е нешто тупачко.
 
Кај си бе Кајганче мое драго.
Месецов за никаде а? И тебе ли не ти се погоди?

Читам денес бил светски ден на поезијата. Нека се живи и здрави сите поети, едно време и јас бев една од нив, ама после дојде друго време. Нека е жив и здрав алкохолот, пола од поезиите се ради него. А најмногу нека е жива и здрава љубовта и сите жени со пола срце кои се посеруват врз срцето на тие со јајца меѓу нозе, оти нели, ако ги нема нив, ќе нема ни кукања по истите. А ќе нема ни поеми. Ни поети.

Деновиве доживеав прв пат. Нели, од кога не сте имале, не сте направиле, не сте доживеале нешто за прв пат..
Епа јас вчера доживеав прв пат.
Прв пат во мојот живот мене некој ми кажа дека не сака да ми се врати.
Прв пат во мојот живот ги слушнав тие зборови. Прв пат слушнав некој мене да ми кажува дека не ме сака назад, дека не сака веќе ништо со мене и од мене, дека не се двоуми воопшто околу тоа.
Прв пат.

Знаеш какво е чувството? За никаде. Лајно. Гомно. Дното. Си го гушнал дното и пуштање нема. Барем не у скоро време.
Тоа, некој да ти каже дека не те сака назад, абе тоа и не е толку голема работа. Ако си го сакал ти, ќе си го врател. Ама ако доаѓа од некој што и ти сакаш да ти се врати, што си се окозил од обиди праење и пустење и гомна и лајна, е тука настанува проблемот.

Другиот проблем е во тоа не те сакам НАЗАД. Не ти се враќам ПОВЕЌЕ. Има разлика меѓу не те сакам и не те сакам назад. Луѓето може од икс причини да не ве сакаат. Арогантни сте им, не можат да ве поднесат, ви смрди здивот, не се бањате, глуп муабет има во вас, не сте друштвени, досадни сте, тапа сте, себични сте, само цимолите, не им се свиѓате... Мал милион причини.

Друго е некој да не ве сака НАЗАД. Оти НАЗАД значи МИНАТО. И тој другиот има МИНАТО со вас. И него тоа минато не му се бендисува повеќе. Кога се сеќава на тоа минато, му се ежи косата. Му доаѓа нагон на повраќање и е бесен на себеси зошто толку време потрошил. Кога некој не ве сака назад, ништо ваше не сака. Нема ништо што вие би кажале или направиле за да го вратите. Бидејќи тој не ве сака назад. Нема НАЗАД.

И сеа, нели јас преговарач ќе станувам во животот, ми текна на првото правило во дипломатијата: во животот не го добиваме она што го сакаме, него она за што ќе успееме да испреговараме.
И така е. И точно е. Убеди го човек, земи му ги парите.

Оди со душата преговарај да те видам. Со душата на човек не се преговара. Таа знае кај и било убаво, кај не.
И таму кај што не и било не се враќа. Ако сака и Тачерица нека дојде.


Немој Кајги. Никогаш немој да си дозволиш да чекори некој по оваа дуња кое ништо твое не сака повеќе. Мирот е добар за душата. Знам, и јас имам луѓе од кои ништо повеќе не сакам, но простено им е од мене.

Убав прв пат. Шамар и пол.

Чао Кајги, до следен прв пат.
 
Партиите за време на кампања:
 
Драга Кајгана,
Прееска седејќи се сетив на нешто од детството што сме го правеле и си реков ај сега тоа ќе го направам. Се сетив на играта ЖАПЧЕ...

2.jpg

Земав лист хартија, го направив жапчето, го сликав и еве го споделив со тебе.
Се сеќавам кога во мало или во школо правевме вакви жапчиња од хартија и се смеевме, а понекогаш и лутевме на зборовите кои ќе ни се паднеа.

Ах леле Кајгано колку сакам да се врати детството... :)
 
ДК
стомаков можам на маса да го оставам од шо сум се здебелил -.-
more midnight salad less midnight burek
поради времево сум забаталил фејсбук и форумов, али шо знам некако ко да не ми фали па :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom