Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
муабет на рандом ратоборник твитерџија - „не бе не јас не сум определен сеа сакаш веруј сакаш не“

10 minutes later...

Xxxxx likes Стево Пендаровски.
 
ДК... и кај тебе да пратам апел...

... ако чуваш дупликати од 2010та албумот светско, ќе ги сменам со тебе со сликици од новиот, 2014та. На секои 5 што ги немам од стариот, а тебе ти се дупликати, ти купувам пакетче од новите и ти го давам нетворено :)
 
Драга,

why can't we not be sober?

Се сеќавам, а како да не, пред месец и нешто, минував околу 1 по полноќ кај славното ни МТВ.
Ми пријде една девојка, не постара од 22, не повисока од 165 и непотешка од 50. Млада, симпатична, фино облечена.
Личеше сосема нормално, само малце тажна и изгубена. Ми пријде и ме праша „Дечко,орален за 1500 ?“
Ми падна тешко. Ми падна глупо, додуше.
Малку пошо се осетив као расист, секој пат кога циганка ќе го направеше тоа само ќе направев згадена фаца и ќе си продолжев нормално со денот.
Сега само реков „не фала“. Ама не сопре, само се потцени „За 1000, те молам...“.
Ко да ме мавнале во стомак, толку ми беше глупо.

Ги соблеков панталоните, кога стигнав дома, и се облеков во удобни пижами и легнав пред телевизорот.
Можда 2 саата гледав само у некоја програма, без да видам ништо, само размислував како некој луѓе се принудени да прават такви нешта.
Како некој како неа, завршил на такво место, правејќи го тоа. Кого толку нема, кај кој да се обрати. А сосема нормална девојка.

Не исе, си продужив со животот после тоа.

И вчера влагам у деканат кај мене на факултет, и збори за казни со жената на студентски. Е таа, истата.
Пичку матер еј. Незнам дали да би ме видела, би и текнало дека и мене ме прашала.
А ме интересира.

Него, Манчестер со Баерн падна ? Тапа еј...
 
Драга.

Бидна песната.

Веќе ми е гајле, цел свет нека знае. Слободата лежи во нас, ама ние никако да станеме.

Повели тазе, од музичката работилница, моја и на Фиши.


Медеа. Ана. Сеедно.

Да се биде реален е најживо.
 
Кајги ептен сум позитив деновиве, сонцето и убавото време како да ме препородија. Возам точак секој ден, се враќам во форма. Ја офарбав косата во посакуваната нијанса бургунди темно црвена боја. Почнав да правам маска на малечкото за 1ви април, со многу љубов и креативност. На саканиот му ја направив омилената баклава, нешто многу љубов во последно време, изгледа затишје пред бура. Има уште многу за кажување ама доста е, не ми оди преку мобилниот се испраќам недовршени мислења:D
 
Последно уредено:
Драга,
Утре отварам сезоната на пиење на утринското кафе дома на тераса!
Денес зачистив, наместив столчиња, маса...
 
пак јас, еј најако е кога си на гости, седиш на маса и слушаш муабети оправање од типот на САД - Русија, НАТО пактот, каде да сме се свртеле, кој го контролира светов, да сме се приклучеле накај Русија :pos: кој и да пиша на форумов дека овие родени во педесеттите и шеесетите се најаки експерти за све, комунизмов ги има напраено Меркел, Путин и Камерон во едно.

п. с. еве сменија муабет Куба дојде сеа на ред за дискутирање.
 
Што е работа со луѓево? o_O
Нон стоп ми стигаат покани да лајкнам групи од типот ``Шетај Бранко`` ``Зоран Заев и Мендух Тачи <3`` ``Стево Пендаровски`` ``УМС ВМРО-ДПМНЕ`` .... ми праќаат отчети на Иванов, Груевски, кур се тресе. :facepalm:

Кој сум бе јас? Кои сте бе бие? :tapp:
 
Драга,

Тестенините, овај макароните и шпагетите, многу дебелееле и не било пожелно да се јадат повеќе од 3-4 пати во месецот.
Што ми се занесуваат, јас може 20 пати јадев месецов и кило иам симнато. :cautious:
Здрав и жив нека ми е факсов, од пуста нервоза не можам да се здебелам, ами напротив!
 
Вечерва имав одвишок време, па читав одредени теми, читав свои мислења од пред неколку години и како да читав друга особа. Не можам да си поверувам колку се имам променето за некои работи... И тоа променава некако се случила толку нечујно, толку полека, неприметно. Живот. :)
 
Значи многу мразам кога некој ми ја менува позадината. :mad::mad::mad::mad:

Инаку кајги нешто ми се пријаде сладолед, се нешто во ниедно време ми текнува.
Утре право станување од кревет и да си купам сладолед, и таман да си се доразболам... ама гајлемие, ми се јади !:pipi:
 
Ногу сум окезен и со заби и со жлебина и се.

:-D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom