Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Еи драга, шубо беше со колегиве и колешкиве вкафана, дента очи ќе си извадевме поради жестока расправија за кое фото-студио да го одбериме за сликање, летаа пцовки, навреди и клевети, битно вечерта сите орото го фатија. :facepalm:
 
Драга К,

Знаеш што прекрасен ден а јас спиев :pos: (малер)

Драга К, читај!

Времето лета понекогаш како птица,понекогаш лази како црв,но на човека му е особено добро тогаш кога дури и не забележува дали поминува тоа брзо или пополека. (y)
 
Драга вечерва нешто многу спомени ми навираат...ама убави, носталгични за едно минато време.
Се сетив на летните распусти минати во село. Убаво беше тогаш, по неколку недели останував во текот на летото. Имаше уште по некое дете, се собиравме и игравме. Не, не ни беше досадно ниту миг. Го потполнувавме времето беревме цвеќиња, игравме криенка, собиравме јајца, беревме овошки од градините, полневме вода од чешмата на сред село, правевме бељи и така. И сега го чуствувам мирисот на што туку испечениот леб во фурната, на сирењето и на густото кисело млеко, кое можеше како парче торта да се пресече и послужи.
Се сетив на баба ми, на нејзините испукани, огрубени од работа дланки. На нејзината свеана фигура, но сеуште жилава и непопустлива. Се сетив на мирисот на булките, на помастените раце, на кинењето ливчиња и играта ме сака, не ме сака. Знаеш кајгано убаво е да си дете, најголемата грижа да ти е дали убаво ќе се изиграш во текот на денот за ноќта слатко да спиеш.
 
Драга,
Понеделник е денот. Конечно. Не дека ќе биде се` готово, ама бар мрдна работава. Али сепак Април е надвор од конкуренција веќе. Ту лејт. И сеа Јуни е најдобрата опција. Ваљда :cautious: Иако ќе платам поише. Ама то е (ми фали тоа емотиконот за тое)
Идам назад на кречење. Денес плафон :mad: Нема да можам да ги кренам рацете утре, ама мора да се заврши.
 
Драга Кајгана
Добра вечер. Не бев во план да ти пишам ама ево пред легвење некако се премислив. Дан си речиш да неречиш види бе ме имат запостаено:D
Не е проблем бе кажете шо нечинит и така имам одпоќе пари па ќе истампонирам место и ќе посадам најскапа хибридна трева само за вас љифици едни да ви угодам(как да не), абе све ви е бадијала бе, залудно фрлени пари најскапи патики најкој, адидаси, пуми, гепарди, леопарди бадијала фризури роналдовски и бејловски, џабе карате по лопкана оту не чинела, не ви чинит игралиштето вие сте си бе манекени и мамини синчиња ко ќе незнајш да играш НЕЗНАЈШ призај си барем. Драга излегвиш поџомти нешто некоја си шема кафиња, мафиња ок и ај шо ојш туку цело време ми го потекоа тулево оти ко ќе се одјавеле му излегвал Пендароски Стевица или слично еми шо сакате бе БабаРога да излегвит :pos:, абе криво ми е шо појдов и така бев уморен ќе си легнев саглам. Мозоков ми е блокиран од читање и пишење анти државни списи и писма:pos: за некој ден имам си некој нов дел за штракање на ова пемперево демек потежок бил и шо ако ко бил, немојт тој да бидит толку тежок колку шо можам јас да бидам досаден е па ај ќе видиме кој ќе пукнит прв.
Драга Кајгана морам да си одвам мозоков не ми работит поќе, на три свеќици сум до тогај остани ми со здравје. Се надевам дека утре ќе ти посветам поќе внимание.
Те Сакам.

Едит бе: Секоја најава ми излегвит овај ниелсен анкета или шо занм ти јас таму како е, абе 7 пати ја имам решено дај жити мене мафни ја неможам да ја пуљам.
 
Драга, знајш дека јас и @turvior во принцип сме хардкор батиња кои ни во најмала рака не се замараат со прашања од типот „со кое фото-студио ќе се сликаме?“ Но се замараме кога некој ни пика .!. во очи и ни тврди дека се капки и ќе ни помогнат. ДРИМКАСТ БРЕ!
 
значи не сум бил единствен кој сабота навечер ја преседел дома, само јас не ја поминувам со музика, туку со филмови и заостанати епизоди од серии.
 
Многу ми се смешни оние дипломирани информатичари со просек над девет што мислат дека со работа во Телекабел или слични мизерии го достигнале врвот на нивната кариера. :D
 
Ти ебам левата нога, толку дефектна а само за потпирање да ти служи.
 
Драга, не знаев кај да се обратам па еве ме кај тебе


и така :(
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom