Драга Кајгана,
Делов од песната Ќеш на Андријана Ацевска е жива вистина.... Ќеш, ќеш, доларчиња или евра, сакам само ќеш, ќеш. Врти сучи сепак ќе речам.... се се врти околу парите.
Добро не баш се, али поголемиот дел од работите.
Прееска правев мини пицички, останаат уште две, па ако сакаш намини..., патем и да ти се пожалам нешто.
Ти Кајгано незнаеш колку боли ако те навреди некој кој ти значи, некој кој го сакаш. Тоа е чудна болка, болка која за миг ќе ти мине како магла низ органите. Чудно и грдо чувство.
Знаеш ли дека знам уште колку дена Каролина ќе имала концерт, секој ден гледам одбројување

Форумов јас мислам дека и стана место за реклама на Каролина..... која тема и да ја отворам читам споредби на дискусијата во темата со Каролина.
Јас за Каролина имам одлично мислење, дека има одличен глас и песни, ама од олку реклами на форум ќе ми се одмили.
Исто последниве денови почнав да ја слушам музиката што се слушала во времето на Југославија......., а за песнава можам да кажам дека е одлично нешто
Колку биле убави тие времиња.... народот бил како едно, постоело љубезност и другарство, имало прекрасна музика, интересни работи на телевизија, полесно и поубаво се живеело....., а сега сме далеку далеку од тоа што некогаш било.
Но тоа е тоа Кајги, сепак треба да се трудиме да живееме убав живот, а не да се одкажуваме
