Си враќав флешови од детството и ми текна на првиот(воедно и последен) ,,графит" кој го нацртавме заедно со братучед ми, уствари тој црташе, јас му ги држев боите.
Мислам дека беше недела, или пак беше мирно како во недела, време ручек. Се прикрадивме во визбата од зградата во која живеев. Лоциравме едно така фино местенце, зад скалите кои водеа на првиот спрат, онака закосена површина, таман за чкрапање. Убо памтам дека напиша Кurt Kobain, е вака. Ми вика овај е пејачот од Nirvana, тие на касети шо ги слушаме. Јас уште толку кефој. И бидна шо бидна та работа, па се качивме горе во станот. По некој ден слушав муабети од комшиите демек некои манги, бељаџии ја разгрдиле зградата, али гајле ми беше.
Секогаш кога ме праќаа во визба било по тегла ајвар, било по кисели крастајци, го гледав нештово, да речам растев со него. Уште в ум ми е хаотичниот начин на кој беше истото исцртано, сини букви со црвено околу нив. И знајш шо ми текна сега? Печатна грешка сме напраеле бе. Дури сега ми текна дека наместо Ц, Cobain, сме чкрапнале К. Уствари тој чкрапна, не јас. Јас не ни знаев тогаш кој е тој. Ако нештото сме го напишале отприлика кога бев забаваче а то е 97-98, од тогаш поминале речиси 16 години. Се поднасмејв во мене за глупоста, но ми недостига човекот за да му кажам дека ја утнал работата........фино беше тогаш, безгрижно, чиниш засекогаш си дете кому домашните ќе одат по газот, а ти ќе го прчиш како ти сака.
Ми иди во блиска иднина да појдам во зградата и да видам али има некој остаток од истото. Ионака од 2003-та немам цапнато во неа.