Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга многу се нервирам кога читам измислени работи бе аууууууу, последно у темата "Блам состанок" :unsure:

некоја си и правела друштво на другарката кога требало да се сретне со некој на кафе, и од досада ја гризнала чашата (јас незнам каде даваат толку тенки чаши да можеш така да ги гризнеш) и сеа ради тоа типот никад не и се јавил на другарка и :vozbud:
еве уште еден смотан муабет од истата :LOL:
прв дечко прв состанок, таа положила и одма да вози (пишала само 2-3 дена као само возела ко претходно да немала часови така и дадоа на нејзе возачка) и додека го носела типот накај дома она удрила у некој.....
"се дур не ми текна да сменам лента, сеуште зјапајќи "најнеприметливо" во типот до мене, нормално колата до мене беше најневажен фактор во моментот. и значи така си зјапам, срценца на сите страни мислам летаат и се слуша БУМ! ја сеуште возам, не контам што се десило...или не сакам зашто во моментот гледам некој лут чичко ми мафта, ко да ме пцуе, се дере, па си викам, ако стиснам гас ќе му киднам, кој и да е овој. аха да, после 5-6 минути дечково ме наговори да ја запрам колата. ми вика диши длабоко ја ќе средам ситуација. излага надвор, муабет со чичкото, ја со рацете залепена на волан, очите гарант нааа отворени, ќе ми излезат од главата од што сум се уплашила. али ме спаси"
ахам да и тој те бркаше и чекаше дечко ти да те убеди да застанеш за да он се објаснува со типот, не застана тој и не повика полиција :facepalm:

"шотие на тебе бе, со автобус ке си идам, ке ми дадеш ли триесет денари за билет, сум го забораела новчаникот на надкасна пошо брзав)"
се прашувам како ли стигнала она до кеј кога го заборавила новчаникот o_O
може претходно пиела ред бул па долетала, чудно чудо :cenzura:
 
Во моментов во Украина, православни свештеници стојат помеѓу демонстрантите и полицијата, молејќи за мир.

1622884_441684425958104_2099426773_n.jpg
 
Ќе си го земам момакот и ќе го запалам јавно, кај јаворот! Дошол во Велес и ми јаде велешка пита со ЈОГУРТ!
После искоментира дека питата била срање, затоа што не одело јајца со прасечко. И му ја земав! Не ја заслужува! :mad:
 
Драга
Овие да ти криеле милион станови, а гласачите од Пустец во еден ги напикааА
 
Хај,
јас супер а се надевам и ти исто. Бин а лонг тајм...
најдов работа, топ цура и мекбук.
Месецов владее, годинава почна ко хеви метал фол фром д скај!
Идемо рекордс
кис4е
 
Автобусот e дефинитивно место каде што ќе сретнеш многу различни карактери и намерно или не ќе наслушнеш многу животни приказни :icon_mrgr:
Ми стана омилено место за расчистување на мисли, за сумирање на случувањата во периодот.
Ќе си се заковаш во местото до моторот на последните три седишта и ќе го пуштиш мозокот на пасење.
Нормално, некогаш туѓите приказни се поинтересни за слушање, па можеш да се впуштиш и во прислушкување на муабети :icon_mrgr:

Така на пример дознав дека една типка што постојано се вози во исти автобуси како мене, се приселила во К.Вода од Чаир. Поубаво и било во Чаир, децата биле подобри, но морала да се пресели затоа што не и било безбедно одењето до дома...
Уште еден типичен пример за просечен Македонец. Знам, сите еден ден ќе го направиме истото како нејзе. Ќе бидеме приморани да се преселиме, но сеуште нема да веруваме која е целта на нашите драги сограѓани.

Двете седишта како по обичај ги пополнуваат некои две другарки. Првиот случај беше фалење од едната другарка дека нејзиниот колега од работното место најверојатно ја свиѓал. Замисли видела дека пред неколку месеци на ФБ ја лајкнал групата "Лесно е да одиш на работа кога имаш "добри" колешки", само не била сигурна дали она тоа време одела на исто работно место како него. Ова жениве ти се уби боже. Во се ќе најдат некаква поврзаност, како што им одговара. Не мора да значи дека се е со причина, има некои работи кои едноставно се случајност...

Вториот случај со приказна од неколку помали девојчиња. Едната бегала од дома за со дечко и да одат на Водно. Другата и вика, "што убаво така да си седите на Водно, само кога ќе размислам досадно е малце, нема што да се прави" :icon_lol:
Најдобра реплика доби, "напротив, само зависи колку од работите сакаш да ги направиш" :icon_mrgr:

Да не испадне дека манијачам девојчиња, најдобрата приказна доаѓа од машка особа. Типичен Македонец кој дошол во Скопје да студира и сигурно едно 10-тина години ги полни касите на државните факултети. Седна на двете столчиња до мене. Половина пат го вадеше мобилниот, па го враќаше, па се туфкаше за конечно да сврти на некој познаник. Му побара да му позајми 1200 евра, а не само што ќе му ги врател, туку и 500 евра за него ќе му дадел за да му покриел некој кредит :icon_lol:
Добиениот негативен одговор, го проследи типично Македонски. Воглавно кога бараш такви суми треба учтиво да замолиш, но не и во Македонија.
"Добро, јас мислев човек си, ама ти си бил нечовек. Ама што очекувам јас од глуп човек како тебе. Глуп си беше, глуп си остана. Затоа цел живот ќе скапуваш, ама што барам и јас па од смотаница како тебе...".

Се симнуваш од автобус, полека забораваш на приказните на другите и се фокусираш на твојата сторија.

Мене во моментов ме мачи тоа што младоста ми помина, а се осеќам како ништо возбудливо во животов да не сум направил. Т.е. сум направил многу будалаштини, ама се тоа било во минатото, па полека ми бледнеат спомените :confused: Имам потреба од некоја адреналинска работа, ама голема пичка сум кога се работи за висина :place:
Се пред некои полагања вакви мисли ми се вртат јеботе...
Ако ништо друго во секое време можам да се искачам на Водно, да трчам како улав и да ја пеам Падежи од Зорица Јуниор на цел глас :unsure: Десетина вакви досетки би ги менувал за еден банџи скок на пример, ама пусти страв :нинџ:

П.с. најголема иронија е кога на утакмици на Вардар оние кои треба да спроведат ред се припадници на најривалската група Шверцери, најголемите Анти Македонисти. Шлог ме фати кога видов колку од нивните видни членови кои се клањаат на сликите од УЧК влегле во АРМ и МВР и тоа на високи позиции...
 
Kaјгано

Иде ми се да им напишу у тему за македонски специјални единици дека ја сам по куманофски специјални двојки
Веруе ли ти се дека не сам имаја мноо кецови
...не сам ни имаја фиќофци:ROFLMAO:
 
И така јас си кодирав до сега :) Одамна не сум отишла на работа со само 3 часа сон...:love:
 
Драга,

Во принцип во овој живот будилник за наутро не навивам, бидејќи најкасно што може да ми се деси е да ги отворам очите во 6-6.30. А денес имам прилично обврски и сакав да полежам ако ништо друго. Го погледнав саатот, станав си сварив кафе и седнав да уживам во почетокот на денот. Надвор наврнало многу снег, како од бајка е. И така недоволна расонета го погледнувам уште еднаш саатот, 5.30! Саат порано. И денес кај 12 саат ќе клапнам, а баш тоа време треба да бидам најсвежа.

Али ова ме насмеа од сабајле:
Someone wrote this to me: fich dich ich werde spas haben!What does it mean?

Одговор:

f*** you ,im going to have fun.
Source:

fluent german speaker
 
3- велешки пити
2- штипски пастрмајлии
1- радовишки сомуни
------------------------------------РАНГ ЛИСТА на Мак. специјалететот од фурна на дрва
кој пробал знае (ајде пишав а сега трк на нова страна)
@parvati - kako se ovoj jelo kazuje po vaski dijalekt
 
Туку што разбрав дека прилеп бил покус за 15 поштари а јас се чудам оти не ми идат порачкиве, пес да и еби матер на оваа држава проклета
 
Хеј Кајгано
Шфаљер ти Анчо ме питуе за некоје бре јело
Па он ти шфрља оригинал врањачки,малце прешефски
Велешка пита на мој дијалект, пита там у Велес,некоја си
Штипска пастрмајлија, пастрмајлија штипска... мрсна
Радовишкси сомуни, солунски диреци, сомун нели е леб бе?

А ти чика Анчо да не мислиш за куманофски специјалитет
Мезал'к? Сфе и сфашта срање од сфињу у едно место

Топ фајф ранг листа секое утро со Анчо : )
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom