Конечно првиот ден од новата година да биде како што треба.Драга,повторно се чуствувам маж.Проблемите конечно зад мене.Беа тоа гадни 20тина денови.Не му ги посакувам ни на најголемиот душман.Да мислиш дека животот ти се срушува,да мислиш дека цел живот ќе си никој и ништо,помислуваш на оние моменти од минатото кога не си бил среќен и сакаш повторно да се вратат само да го немаш тоа гадно чувство што го имав до неќни иако бев најсречниот човек на светот,но без едно нешто.Тоа беше тоа поради кое мислев дека многу работи ќе се срушат над мене. Се враќам повторно,овој пат решен сум да отфрлам еден порок,бидејќи си го ветив тоа уште кога бев психолошки нестабилен,нон-стоп мислејќи на тоа.Ме поремети дефинитивно,на сам ден Бадник,станувам и плачам.Но,сетоа тоа е зад мене,после 20 пеколни денови,продолжувам со нормален живот.
Незнам сеуште дали верувам во Господ,но секогаш знам дека кога ми било тешко сум го молел него и секогаш на крајот доброто победувало.
Од утре смирено и тргнувам решително,кон нови успеси за мене и моите.