Многу викаат дека проблемот на нашето општество е што има луѓе кои мрчат и се прават експерти за сè. Проблемот не е во тие луѓе, туку во тие што коментираат дека постојат такви луѓе. „Мрчење“ ја викаат критиката тие што не им одговара а „експерти“ се тие луѓе што имаат нешто да кажат што не е во склоп на нивното размислување.
Зошто би било мрчење ако некој искаже нешто што не му се допаѓа? Зарем во државава никој не сака да добие критика? Никој ли не сака да слушне лошо за своето дело и со тоа да се поправи во иднина? Зарем секоја критика за нешто направено е желба за да се уништи и пример за малограѓанство? Ако оставиме секој да си прави што сака и да биде забрането да се коментира за тоа, ќе добиеме толку голем неквалитет што ќе не може ништо да се врати како што било порано, бидејќи на тој начин се доведува критичкото мислење пред снемување.
Од кога пак секое мислење за нештата мора да добие епитет на „експертиза“? Зарем некој не се запрашува дека некој човек можеби има познавање за нештото и сака да го искаже? Зарем секое мислење кое не се поклупува со своето е глумење на некој познавач? Ако оставиме овие луѓе да забрануваат „експертите“ да го искажуваат своето мислење, ќе го снема истражувачкото мислење во обичната комуникација.
Да, Лешоски е лош поет, Кире Лазаров не одигра како што треба минатиот натпревар, турбофолк музиката е срање, мислам дека не сме најголемата нација во светот. Тоа е мое мислење. Ако си го сакаш ти своето мислење, напаѓај го туѓото мислење, но не го напаѓај постоењето на тоа мислење.