Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Во 2001 година дипломираше во областа на Информатиката и информатичкото инженерство на Државниот Универзитет Охајо Стејт во градот Колумбус, Охајо (САД). Своето образование го продолжи на Франклин Универзитетот, каде се здоби со магистерска диплома во областа на информатика во 2003 година.
Својата кариера м-р Ивановски ја започна во 1997 година како специјалист за техничка поддршка на компјутерска опрема. Подоцна беше унапреден за ИТ менаџер на секторот за развој и одржување на компјутерската технологија. Неговите одговорности како ИТ менаџер беа да ги пронаоѓа најдобрите бизнис вредности на инвестирањето во информатичката технологија, да раководи со буџетот за информатичка технологија, да ги усогласува инвестициите со бизнис стратегијата на компанијата, да обезбеди високо ниво на услуги и да ги подобри целокупните оперативни способности на компанијата.
Пред да биде именуван за Министер за информатичко општество, тој беше менаџер на ИТ секторот во компанијата „Plaskolite Incorporated“, еден од најголемите приватни производители на плексиглас во светот.
На 21 декември 2006 година, м-р Иво Ивановски беше именуван од Премиерот на Република Македонија и избран од Собранието на Република Македонија како министер без ресор задолжен за развој на информатичкото општество.
На 01 август 2008, по втор пат беше избран за Министер за информатичко општество.
Други функции
Како претседател и како член се јавува на повеќе комисии и тоа:
Претседател на Второстепена комисија за премер и катастар (Јан. 2007 - Јуни 2010),
Член на Комисијата за Човечки ресурси (Јан. 2007 - денес)
Член на Комисиајта за политички системи (Јан. 2007 - денес)
Член на Комисиајта за политички прашања (Август 2008-денес)
Претседател на Национален совет за информатичко општество (Март 2009- денес)
Претседател на Управен одбор за Националното интегрирано гранично управување ( Април 2009 - денес)
Член на Управниот одбор на директори на Глобалната Алијанса за Развој на ИТ од Обединетите Нации (Април 2009 – денес)
Член на советодавното тело на ICANN Corp.( Интернетската Корпорација за Доделени Имиња и Броеви) (Септември 2009 – денес)
Комесар во Комисијата за Широкопојасен интернет, дигитален развој на Интернационална Телекомуникациска Унија (Јуни 2010 – денес)