Утнав тема. УТНАВ ТЕМА!

Ок. Кога си го имам на копи-пејст, за секој случај да се одлучам да го постирам. Еве бе, на.
п.с. се засрамив.
Пишувам, за да се изненадам од своите материјализирани мисли, и за да веднаш потоа избришам.
Како што притискам бекспејс, на мојот ментален екран се испишува - ‘‘што ти е бе?‘‘.
Е ајде де, што ми е?!
Тој ми е!
Знам, и да се изгубам во некоја голема метропола, и да поминат 20 години, пак ќе налетам на него. Неговата рака совршено ќе одговара на моето тело, мојот поглед секогаш ќе го топи, а усните ќе го маѓепсуваат - секојпат одновно и одново, како што ми вели. Како залиени. Како два спротивни полнежи, два различни света - искриме, се привлекуваме, неизбежно. Магично.
Колку и да сакам да избегам, секогаш се враќам.
Ладна сум, ме стоплува.
Јас и тој, и нашиот кружен тек. Пошто сега се нели, модерни, и економични.
Кајгана! Девојката се заљубила. Ситуација е сериозна, за некој кој не верувал во вакви работи, во бајки и љубов, во душевна болка...се‘ додека не примив тап удар во гради. Од никаде, од никого.
Добро бе, што не ми го пукнаа носот?
Карма, п**ка ти материна!