ДК
Знаеш ли кое е чувството кога како мал си гледал филм, си бил фасциниран али мал мајмун не сум се заинтересирал да научам тогаш дека оргиналниот наслов на филмот е The Shawshank Redemption, ДА ДА тоа е филмот кој повторно ми го исполни срцето, ме потсети дека од него ја добив инспирацијата за да му пиштам по дома за усна хармоника како мал, филм кој ако треба да го оценам од 1-10 би му дал 15. Едно од најдобрите дела на филмската индустрија, во поново време ретко да сретне човек квалитетен филм, еден од таквите кои сум ги сретнал беше и Chaos (2005) година со Jason Statham и од тогаш сеуште немам начекано нешто слично.
Фимов ми ја врати повторно желбата и вербата во себе. Од денес редно е повторно да се вратам стариот ЈАС, човекот кој не верува никому, кој не зборува ако стварно нема потреба, човекот на кого денот му е испланиран недела дена однапред, човек кој ги почитува оние кои го почитуваат него.....
Почитувам паметни и интелигентни луѓе (ама интелигентни, а не некои кои се насила интелигентни), израснав со такви и стварно е жалосно што ретко кој од нив е разбран од околината и почитуван онака како што му доликува.
Инаку збеснав, правам по 2 тренинзи на ден и пак имам енергија вишок, денес малку потмурно али добро е се враќам полека полека на тоа што бев, со храна лани послабо годинава катастрофа али ајде ќе помине и овај период.