Кајганче!
Ја обожавам болкава после тренинг. Рацеве едвај ги мрдам, за нозете муабет не праам ^_^ .
Нешто особено нема, продолжувам да стојам во едно место и правам напори да мрднам, било тоа да е напред или пак назад. Не поднесувам монотонија, истите муабети all over again, истите фаци... Ризикувам да изгубам некои пријателства заради тоа постојано одбивање, или не? Мислам дека не се ни обидуваат да разберат дека човек понекогаш сака да биде сам со себе, да си се посвети на себе макар тоа било и целодневно лежење во кревет стискајќи по копчињата на далинското.
Ај батали тие што не се обидуваат да разберат, што е со тие што постојано анализираат, си донесуваат свои заклучоци или се чудат на туѓите навики?Да, пијам пиво, следам спорт па последователно иам повеќе машки другари, не се интересирам што е во мода и проклето ме мрзи тоа постојано пресоблакање во гардероберот. Не сфаќам што е чудното Кајганче. Не значи дека ако не сакам да оговарам и да ги анализирам туѓите животи, не сакам да се дружам. Мојот одамна е на тапет, свесна сум, но сигурно нема да се замарам со одмазда или да почнам нагло "дружба", со другарите/ките на моите пријатели/ки. Очај.
Успат, посакувам да не бидам секогаш таа со поголеми invisible муда.
И не го сакам Октомври.
Хеј, од ништо испадна нешто хах. Патем, тато ќе ме утепа ако разбере дека имало тема за Пинк Флојд а јас не сум пишала

.