Кајгич
пресреќен сум денес значи без некоја главна причина, ко мало детенце коа бев коа си скокавме од таа напуштената куќа еееееееееееее па кога сакаше да ме бутне мартин а ико ми го спаси животот еј, должник сум му до дене денес
абе чекај ми забега муабетот
се караа моиве нешо дома и јас пошо сум реален им кажав кој е у право и се смирија

после собирав смокви од доле и се прашувам колку калории потрошив
пошо малце тешкичко е знаеш, клекнат цело време, па буташ гранки па ти доаѓа да пцуеш а не можеш зашо комшиите си седат на тераса а те знаат за примерен дечко нели, ама нема везе така коа сум нервозен а не пцујам си се осеќам ко победник
а да и ми текна дека треба да си напишам едно ливче што ќе си го залепам на ѕид
"анонче, ова најверојатно го читаш затоа што си нервозен или пак случајно си го фрлил погледот навака, е вака сеа анонче, ова го имаш пишувано откако си се смирил и вака стојат работите.
мораш да ја издржиш нервозата и да пробаш да не мислиш на тоа, едноставно ќе си го фокусираш умот на други работи и ќе ти помине. да глупо е вака коа всушност знаеш што треба да правиш и ти доаѓа така вештачко ама ќе ти помине верувај"
треба да го средам нешо у овој стил ќе биде
а да, една другарка е пресреќна и ја сум среќен за нејзе
шо ми останува сеа... дааааааааа кучето да си го наранамммммммммм
што и да се случува во денот кога ќе си го видам кучето и ќе ми ја размафта опашката и ќе почне да скока ко лудо на сите страни... се ми поминува а ако ми било топ како денес уште боље

отидов
леле петок вечер е
нолајфер сум омг