Кајги, еве што подразбирам ја под среќен ден:
1. После само 2 саати спиење се будам посвежа од било кога, а на маса ме чека појадок и кафе (love you mum

)
2. Искачам на кафе со дечко ми и добивам неочекуван мал сладок подарок

3. Ми се јавуваат да ми кажат дека утрешниот испит (за кој неам книга чепнато) е одложен за десетина дена.
4. Гребам грепка и ми се паѓаат 100 денари.
5. Ми се јавуваат да ми кажат дека е дозволен поправен испит за предметот кој го паднав во последна сесија

6. Сретнувам драга личност која не сум ја видела долго време.
7. После доооолго време пак фаќам спортска

8. Примена сум у студентски.
9. Си облакам пижами пред полноќ и размислувам колку е прекрасен животот
Само едно нешто ме копка... Го знаеш ли Кајги она грдо чувство кога некој ќе ти рече дека има нешто да ти каже и дека тоа мора да го направи лично??? Е ја денес го запознав тоа чувство и морам да признаам дека кога ќе ми текне ми се повраќа
П.С: Искрено се надевам дека пак ќе им се вкрстат патиштата на
Tonchie и неговото чоколатце Карен. Некако се внесов во нивната љубовна приказна
