Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга К...

Денеска знаеш ли само колку време се дружевме да имаше тајмер на ова и статистика со табела јас ќе бев меѓу првите секој ден колку само ти правам друштво и самата не си свесна :icon_mrgr: Него погледнија девојкава колку убави очи има :pipi: И една тајна ќе ти откријам што прво гледам кај една девојка? очите,цртите на лицето дефинитивно :love:...
Све друго паѓа во вода ако нема убави очи,трепки,црти на лицето а и да и косата мора да биде долга или пак кратка но со многу јака фризура :pipi:45f.png ...
 
Досадно посабајле па симнувам ќе конвертирам и пресечам :icon_lol:, па да се види шо е епско ѕвонење на телефон пази ваму од 1.16 до 1.46 :icon_lol:.

 
Кајганче!
Скокнав од авионот, ги испружив рацете и слободно паѓам. Се обидувам да ги игнорирам прашалниците проследени од "што зошто како" во главата, очите ми се затворени и вриштам. Не сакам да го пуштам падобранот сега, сакам да паѓам и да го осетам притисокот.
Можеби подоцна ќе го отворам, кога ќе ги отворам широко очите и ќе се свестам што правам. Ќе се обидам да ја дознаам грешката и махинално да ја исправам. Времето ќе тече а јас ќе заборавам на се' околу мене, единствената цел ќе ми биде сопствениот спас. Ќе застанам повторно на нозе и ќе продолжам да чекорам понатаму како ништо посебно да не се случило.
Можеби ќе си речам "батали" и ќе дозволам да треснам на земја, да се распрснам на милион парчиња. Потоа ќе се обидувам да се составам и да ги барам деловите што недостасуваат. Можеби некои нема да ги најдам, па тие ќе бидат заменети од некои други, нечии. А, ако не успеам во претходново, ќе останат мали црни дупки кои ќе ме јадат и уништуваат.
Вриштам а треба да си го чувам кислородот. Збунета сум и не знам што да правам. Дали да се спасам или да дозволам времето да ми го покаже решението? Ризик. Мразам ризици.
Држ песниче, мислам дека хит ќе ми стане за кратко време:)
 
Јас сум за петиција на фејсбук да има максимум age limit над кој нема да можеш да отвориш профил. Ова да важи на квадрат за женски пол, а на десетта за мајки. Значи нема нешто полошо од мајка на фејсбук 40+. Ајде да видиме како градуално се одвивала процедурата.

*Некаде 82ра завршила факултет и владее марксизам, Ленин сабрана дела и Владимир Дидијер.

*Непосредно после тоа се вработува на шалтер, работно место кое поради големите амбиции го задржува до ден денес.

*Најголем кариерен удар доживува некаде на почетокот на овој милениум каде што поради дигитализацијата е обврзана да научи компјутер. Поради тоа макотрпно искуство доживува благ нервен слом, предвремен климактериум и хистерија која не можејќи нели да ја изрази на работното место ја истура дома врз семејството и децата, па мажот се почесто ''почнува да заглавува на работното место" како професионален дегустатор на посебната софиситицирана сорта ракии Седумдесетденарилитро.

*Некаде на средина на претходната декада се запознава со концептот на Интремет. Главната дискусија на кафето со врсничките кое се одвива во меѓупаузата после Плачот на виолината во долината на волците кога лисјата паѓаат и Све за љубав и Брачен судија е
-Абе овој мојов (син и) има некоја нова од Кочани, ама не ми збори ништо, мене ќерката ми кажа го начекала таму кога не бил на компјутер и читала таму што пишувале, па бацки па гушки, па и некои цицки се спомнувале, страшна работа.
-Остај се Благе, пораснаа децава и опасни се со ова Интреметов ќе те продадат за 5 пари, таму запознавале од Енглеска, Швицарска, абе циркузи шо да им правиш. Ај пак донекаде и тоа е модерно, ама од дома бе да не се излегувало, ние на времето ластик, народна и серва игравме до касното, на ручек не сме сакале да идеме па ќотек сме јаделе. Сега на 16 уште и цицки, голи слики си праќаат, срамотилаци. Каде бе у наше време курви само имаа фустани над колено, ако те начека некој така за уво и дома кај татко ти да те утепа од мавање.

*Кон крајот на претходната и почетокот на оваа декада декада ѕиркајќи кон компјутерот на младата колешка примена пред 3 месеци поради ''когнитивните капацитети"" прашувајќи се зошто нејзините клиенти што чекаат веќе имаат формирано голема колона, Благе гледа нешто плаво-бело таму на компјутерот кај колешката.
-Михаела, што гледаш таму, што се смешкаш цело време?
-Ааа, Фејсбук гледам, се смеам има еден тип се вика Влатко Василиј многу е смешен.
-Па дај прочитај што пишува да се насмееме и ние
-Ете слушај (actual quotation)
Слетал орелот на врвот од една планина. Кога таму, полжав! Па зачудено го прашал:
- Како бе ти полжаву се најде олку високо?
- Аииии орел што збори! - се зачудил и полжавот.
-Хахахаха ептен мангуп бил овој.

*Вечерта дома почнува операција-Правење муда цитрони

-Лукаaaa (тука комотно може да стои и Андреј ама Лука is the real deal), мамеeee, дој малце нешто да ми покажеш!
-Шо е?
-Знам дека ти си на тој Фејсбук и колешката Михаела е таму, а јас дали сум таму?
-Не мамо, мора да отвориш акаунт.
-Е многу ти знам сега шо е тоа.
-Добро, кажи ми кој ти е имејлот.
-Шо е па тоа, немам таква работа.
-Добро мамо на работа не ли ве научија ова? Арно ајде ќе ти отворам имејл и Фејсбук.

*Синот и отвора Фејсбук со надеж дека мајка му нема веќе да го замара повеќе, незнаејќи дека things are about to get from bad to worse (наративниот глас на Роберт Стак http://en.wikipedia.org/wiki/Robert_Stack го кажува ова на англиски).
-Маме, која ми беше лозинката? Каде требаше да притиснам за она со детективите што го играв? Како да влезам кај Џесика на тетка ти Весна од Австралија да видам колку пораснала? Како да си ја ставам од Здравко Чолич Јасмина, Јасмина знам ти укус кармина а маме, на глушецот десно копче Цопу па Паста нели?

*По некое време Благе ги научува основите на Фејсбук и доживува Епифани и втор пубертет

Aladdin_-_A_Whole_New_World_(1).gif


tumblr_lyhk6igDdI1r3ovdbo1_500.gif


tumblr_ms1r6yrPg31qf8btso1_500.gif


Лука се надева дека конечно сега кога мајка му веќе се поднаучи ќе може да му помине отокот на мудата за да може на раат да си има секс со таа од Кочани која е дојдена на студии во Скопје, сместена во бараките на Стив што гледаат накај ПМФ. What he's about to find will make his life a living nightmare (повторно Роберт Стак), и притоа не мислам на фактот дека таа од Кочани се ебе за пари само што на него не му наплаќа затоа што има вклучено емоции.

*Мајка му почнува да става лајк и шер насекаде, на секого и на се, вклучувајќи и вести од црна хроника. Сакајќи да дознае која наша позната пејачка загинала во сообраќајна несреќа или на кој наш водител му ја украле домашната порно снимка профилот на Благе набргу почнува да емитува циганки кои гледаат на кафе кои се погодуваат и слични работи по едно 20тина пати на ден. На сите слики на Лука, на пријателите на Лука, на нивните девојки и на роднините на нивните девојки фрчат коментари-Леле срци сте пооооооз! Мамичка многу сте убави заедно, јадете ли нешто во Пефкохори, тука се истури од врнење, Џесика тета колку си пораснала, права лепотица си станала срце тетиноооо.
Благе предизвикува колективна хипертензија кај сите нас другари на Лука, самиот тој станува предмет на заебанции во друштвото, а тој сиротиот останува само да се фејспалмира :facepalm:.

*Се навраќаме на сцената со кафето и врсничките во меѓупаузата само неколку години подоцна.

-Благе, Леон мој ми вика дека си се ставила на Фезбук, си го додала за пријател, многу модерна си станала.
-Абе остај се, мора да се биде во тек што ќе правиш, па не сме и ние прости да не знаеме што е тоа. Ајде утре после Невестата (Малечката Невеста заб. на автор) дојдете ќе ви покажам што треба па и вие да станите модерни хахахахаха.
-Види ја ти неа, мислиш ние покусо ќе останеме.

*Наскоро преку пријателките профилот на референтната точка Благе се мултиплицира како агентот Смит во Матрикс и се што гледаш на Фејсбук се тетици од 40+ години. Секако мораш да ги прифатиш кога те аднуваат затоа што неприфаќањето на фејсбук пријателство е причина за смртно закрвување.


Ете затоа на средновечни тетици не треба да им се дава да имаат Фејсбук. Не е смешно, it's fucking annoying.
 
Купи ден помини. Легни во 3, стани во 11. Купи цигари, пиј кафе и тек поручек искочи со нормални луѓе, девојка, другари итн. Значи сигурно е до човековата природа во летниот период сето функционирање да е сведено на минимум, ај да не речам живуркање, тромавост, успорена работа, неактивност од сите страни (барем во моето поле на интерес).
И конечно годинава сфаќам дека повеќе летото не е моето омилено годишно време, иако знаев да се жалам дека зимата е ладна, мокра, ветровите, тмурна .Не. Летото дефинитивно е по мртво време, поголема неактивност кај човек немам видено кога е +50 степени.
Мило ми е што завршува, што ќе дојде есен ем да го разлади воздухот, ем да ми го активира метаболизмот и расположението.
 
Еј добро е, се јавувам на телефон викам брачка нека се спрема чоеко ко ќе се качам таму планирам да и се качам :pos::pos::pos::pos::pos::pos:, и од таму се слуша само ааааааааа, викам до тебе е па пак аааааааааа :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:. И со нејзе муабети за качување и слегување горе таа мислеше на планината јас на нејзе, и викам дури да се качам после лесно е :pos::pos::pos::pos::pos::pos:. Ми вика после брачката доста море ќе се сети не ме срами :icon_lol:. На слегување ми рече тешки гузериците ми биле и објаснив дека многу гревови на манастир горе имам правено па затоа ги носам да ме измачат малку :icon_lol:.

 
Драга ...

преку кур веќе од тазе дипломци кои се жалат дека во државава нема ништо, дека е тапа, дека не им се живее тука, а најголемо достигнување за нив е да влезат во дискотека и да имаат сепаре. Ти ебам младината.
 
Ми отиде логиката не разбирам ама баш ништо повеќе :oops:
Убо почнат ден од сабајлево макар што пак работно али досега беше супер, па како ќе заврши ќе видиме :unsure:
 
кајги како да и објаснам на мојта внукичка дека треба да спие бе :mad: заради неа и јас цел ден се мачам да не заспијам ми се спие ми се плаче а нееее....она сака да си играме,она ке е докторка јас сум пациент и она ке ми става инекција :confused: и после она сакала и да трчаме,и да играме фудбал бе алооооо ми се спие мене а она само нешто сака....кајги и ручек сум направила денес сум очајна домачица...а знаш со? денеска внукичката наместо тете ми вика пасе ( прасе ) шо и е текнало незнам ама не е убаво тава :cautious: и така одам да трчам по неа оти нека е жива и здрава ама има еден тон црвци во газо и на едно место не седи повеке од 3 минути :pipi:
 
Готово драгичка. Завршив тоа што ми беше приоритет деновиве.

Е сега уште да си најдам работа по мој терк.

Сакам некоја работа во која нема да ми биде дел од работните обврски, лижењето на газовите на претпоставените, качување на глава од некој идиот од газда/шеф што поима нема од животот уствари и главна занимација да му е лечење комплекси и истурање на фрустрации врз своите вработени.

Дали се наоѓа таква работа кај нас Кајги? Или јас пак сонувам како и обично?

Ма ќе си најдам јас, не се откажувам така лесно. Ќе видиш дека ќе си најдам.

За џабе ли живеам во Светот на Бајките.
Па таму се е можно драга моја! ;)
Се е можно...
 
Нема нешто полошо од машко со Бориело фризура :tapp:
Што ви е бе алоооооооооооооооооооооооооооооооооооооо???????????
Кога се појави Бориело со таква фризура сите се мочаа од смеење, сега пола град се ишишале така, опнале она ниските ципели ака карирани топлинки, розеви V маици и тесни бели пантолончиња над колена и уште црна педерка фали за да го долови моментот. И ТОА БИЛО МОДЕРНО ВО МОМЕНТОВ???
FUCK THIS SHIT...
 
Готово драгичка. Завршив тоа што ми беше приоритет деновиве.

Е сега уште да си најдам работа по мој терк.

Сакам некоја работа во која нема да ми биде дел од работните обврски, лижењето на газовите на претпоставените, качување на глава од некој идиот од газда/шеф што поима нема од животот уствари и главна занимација да му е лечење комплекси и истурање на фрустрации врз своите вработени.

Дали се наоѓа таква работа кај нас Кајги? Или јас пак сонувам како и обично?

Ма ќе си најдам јас, не се откажувам така лесно. Ќе видиш дека ќе си најдам.

За џабе ли живеам во Светот на Бајките.
Па таму се е можно драга моја! ;)
Се е можно...


ухм кајги незнам дали ќе ти каже но јас дефинитивно имав... ај да речам имам таква работа моментално :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom